Започна годинешното издание на Вевчанскиот карневал

Со промоција на книгата „Масони од Македонија до 1990 година“ од Миле Д. Миќуновиќ и отворање на изложбата на слики од Петре Шутиноски започна годинешното издание на Вевчанскиот карневал со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, односно Православната нова година. Карневалот лани траеше пет дена, а годинава ќе трае шест дена. Се очекува за време на карневалските денови Вевчани да го посетат преку 20.000 гости. За денес е предвидена промоција на книгата „Токму кај што треба“ од Крсте Шутиноски и изведба на монодрама за Методија Андонов Ченто,…

повеќе...

Викендов започнува традиционалниот Вевчански карневал

Со промоција на книгата „Масони од Македонија до 1990 година“ од Миле Д. Миќуновиќ и отворање на изложбата на слики од Петре Шутиноски в петок почнува годинашното издание на Вевчанскиот карневал со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар, односно Православната нова година. „Вевчани живее за карневалот и амбициите ни се секоја година да биде подобар од претходната. Лани траеше пет дена, а годинава ќе трае шест. Се очекува за време на карневалските денови Вевчани да го посетат преку 20.000 гости, а најавена е и екипа од…

повеќе...

„Традиционална жетва во Куратица“ го освои третото место на Карневалот во Прилеп

Здружението на граѓани „Св.Василиј“ од Куратица и оваа година учествуваше на меѓународниот Карневал „Прочка 2014“ во Прилеп, и ја докажа својата успешност. Групната маска од 40 учесници „Традиционална Жетва во Куратица“, имаше цел пред многубројната публика да  претстави традиционално жнеење на житото со срп, како рачно се пренесувало до гумењето, даревањето на стежерот, вршење на житото, како стигнува крајниот производ пченицата, со рачна машина. „Веднаш после изведбата веќе ги добивме првите честитки за прекрасен настап, што и наговестуваше за можна награда. Од приближно 2000 маски учесници  од земјава и странство,…

повеќе...

„Функционер“ го лапна бурето со 40 литри „Вевчанска керф“ од Стоби

Импресиите во јавноста и низ социјалните мрежи од овогодишниот Вевчански карневал и по една недела не стивнуваат. Се уште се зборува за рекордната посетеност, музичките гости, детското катче, за гостопримливоста на Вевчанци и, секако, пред се, за василичарската поворка со маски, која беше вистински театар на улица. Субрата Рој, пензионери на скии, функционер, Глупи Август, Есма, младоженец и невеста… беа само дел од маските со кои Долна и Горна Маала на сатиричен начин ја поздравија и ја насмеаја толпата дојдена да го доживее Вевчанскиот карневал. Претставниците на седмата сила беа…

повеќе...

Древниот Египет и Прилепски свадбари победници на овогодинешниот Курајчки Карневал

Заврши шеснаесетото издание на Курајчкиот Карневал на кое зедоа учество голем број на маски. Од детските маски третото место им припадна на маската со тема „Панкерот не е мртов“, второто за „Раѓањето на Исус“, а првото место за „Древниот Египет“. Додека кај возрасните маски трето место им припадна на „Василичарите од Бардовци“, второто место за „Ноќниот клуб Куратица“, а првото место им припадна на гостите од Прилеп со „Прилепски Свадбари“. Временските услови дополнително придонесоа за максимална посетеност и оваа година. Како покровител на манифестацијата оваа година е Општина Охрид. извор:…

повеќе...

Не остана ниту капка „Вевчанска керф“ на Вевчански карневал 2014!

Со спектакуларен огномет, како што впрочем и доликува, вчеравечер Вевчанци го дочекаа големиот празник Василица (Стара Нова Година) и со весело расположение какво што може само таму да се забележи и доживее ја дочекаа Новата Година по стариот календар. Музичките настапи на македонските ѕвезди Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски и Сузана Спасовска  го заокружија Вевчанскиот Карневал 2014 кој што оваа година според Вевчанци ги надмина сите рекорди на посетеност.  Вистински театар на улица вчера се случуваше во Вевчани кога традиционално Василичарите преку своите маски сатирично направија осврт на случувањата во политичкиот…

повеќе...

Вевчанскиот карневал – дел од македонската богата традиција

Вевчанскиот карневал е дел од нашата богата македонска изворна традиција која сите ние љубоморно и грижливо ја чуваме и ја пренесуваме на секоја нова генерација, порача министерката за култура отворајќи го главниот карневалски ден во Вевчани. „Секоја година василичарите-учесници на карневалската прослава под маски, со својата иронија, од чудниот спој на паганското и современото создаваат празник за очите и душата и низ својот уникатен карневалски ритуал ни нудат своја слика за времето во кое живееме“, истакна Канческа-Милевска. Вевчанци, додаде таа, освен сопствените валута, република и пасоши, создадоа и свое годишно…

повеќе...

По 16-ти пат Василичарски карневал во Куратица

Курајчкиот карневал традиционално по 16-ти пат се одржува оваа година. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена. „Традицијата што ја наследивме ја продолжуваме. Шеснаесеттото издание на Курајчкиот карневал во Куратица, веќе е подготвено. Оваа година манифестацијата ќе трае 3 дена. Почетокот беше синоќа со настап на „DJ Nasty Deluxe“ кој траеше до 2 часот после полноќ. Традиционалниот дел на карневалот започнува вечерва во 18:00 часот со збирање на групата околу василичарскиот оган. Таа секогаш брои околу 200 – 300 луѓе кои во 19:00 часот тргнуваат во посета на секоја куќа…

повеќе...

Утревечер започнува Вевчанскиот Карневал 2014 „Биди и ти вистински василичар!“

Со трибина на тема: Во одбрана на македонското име и македонскиот идентитет, утревечер ќе започне традиционалниот Вевчански карневал, кој што оваа година со проширени содржини ќе се одржи од 10-ти до 14-ти Јануари. Под мотото „Биди и ти вистински василичар“ организаторите на фестивалот  најавуваат богата музичка програма и интересни активности за посетителите од сите возрасти со цел да го почувствуваат василичарскиот дух и да бидат дел од големото карневалско доживување.  На денешната прес-конференција за медиумите Градоначалникот на Вевчани го изрази своето задоволство што прв пат карневалот ќе го проследи од…

повеќе...