Средба на министерката за култура со менаџери и уметнички директори на најзначајните институции од областа на културата во Кина

Делегација на менаџери и уметнички директори на најзначајните институции од областа на културата во Кина денеска имаа средба со министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по повод гостувањето на „Драгон кунг фу современа танцова компанија“ од Пекинг на 28 април во Велешкиот театар за затворањето на 11-тото издание на „Танц-фест“. Канческа-Милевска и кинескиот амбасадор во Македонија Вен Џеншун на прес-конференција искажаа задоволство од досегашната соработка во културата која ќе се унапредува со идни гостувања и размена на проекти. „Македонија и Кина негуваат одлични релации во областа на културата. Програмата за културна…

повеќе...

Се интензивира соработката помеѓу Охрид и Далиан

Со потпишување меморандум за соработка помеѓу претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од општина Охрид и од Бирото за туризам од Далиан, се интензивира соработката помеѓу Охрид и збратимениот кинески град Далиан. Градоначалникот Никола Бакрачески по денешната работната средба со високата делегација од Далиан предводена од заменик градоначалникот Кју Ксиаофеи, истакна дека потпишаниот меморандум е резултат на разговорите за соработка при неговиот неодамнешен работен престој во овој кинески град . „Потпишаниот меморандум е основа врз која ќе се етаблира соработката со овој наш збратимен град во делот…

повеќе...

Македонија, Србија, Унгарија и Кина потпишаа договор за царинска соработка

Македонија, Србија, Унгарија и НР Кина потпишаа договор за заемна царинска соработка. Договорот го потпишаа денеска во рамки на Третиот состанок на шефовите на влади на Кина и на земјите од Централна и Источна Европа. Договорот предвидува царините на сите четири земји да соработуваат во делот на размена на информации и документи, како и да се признава царинењето и постапката од другите царини и да ја продлабочи соработката. Целта на документот е да се поддржи регионалната и меѓународната трговија и да се создаде позитивна клима за стопанствата и граѓаните за…

повеќе...

Кинески медиуми ќе ги презентираат можностите за инвестирање и туристичката понуда на Охрид

Новинари од најпознатите печатени и електронски медиуми како и претставник од Секторот за меѓународна соработка од провинцијата Чунгчин од Народна Република Кина денеска беа во работна посета на општина Охрид. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески кинеските гости ги примија, Претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов. Според домаќините средбата беше добра можност за претставување на туристичката понуда на Охрид и можностите за инвестирање во градов пред кинеските медиуми, но и практично истата е првиот резултат по неодамнешниот работен…

повеќе...

Репортажа за Охрид ќе снима една од најпознатите телевизии во Кина

Наредниов период Охрид туристички поагресивно ќе се промовира на кинескиот пазар со цел привлекување поголем број кинески туристи кај нас. По неодамнешната работна посета во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески очекува кинеските тур – оператори и туристички агенции да го вклучат Охрид во туристичките европски тури. При работната псета во збратимениот град на Охрид , Далјан , договорено е националната телевизија која покрива популација на гледачи од околу 7 милиони жители а во соработка со други државни телевизии гледаноста е 100 милиони жители, да сними промотивна репортажа за Охрид.…

повеќе...

Гигантот „Хуавеј“ со интерес за Охрид

Во рамки на работниот престој во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески, вчера ја посети најголемата кинеска и светска компанија за телекомуникациска опрема и ИТ технологии “Хуавеј“ каде оствари средба со менаџментот на истата предводен од заменикот претседател на компанијата Ватер Су. Оваа мултинационална и телекомуникациска компанија по обртот на производство ја престигна и компанијата Ериксон во 2012година. “Хуавеј“ на почетокот од основање се фокусираше на изработка на опрема за телефони а потоа компанијата го прошири својот бизнис градејќи своја телекомуникациска мрежа , обезбедување оперативни и консалтинг услуги и опрема…

повеќе...

Промоција на Охрид во Република Кина

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески во рамки на неколку дневната посета во Шенжен –Република Кина, вчера оствари работна средба со висока делегација на регионалните власти предводена од заменикот градоначалникот на Шенжен Ву Јихуан, која воедно е и шеф на Секторот за образование, култура, спорт и здравствена политика во локалниот Конгрес на провинцијата. На средбата се разговараше за можностите за етаблирање на идна долгорочна соработка во делот на образованието преку размена на студенти и професорски кадар. Се разгледуваа и можностите за продолжување на воспоставената соработка меѓу Охрид и Шенжен, на полето…

повеќе...

Кинеска делегација во посета на Охрид

Делегација од градот Далиан денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. Гостите од Далиан предводени од заменик – директорот на канцеларијата за надворешни работи Хан Кијанг на градоначалникот му предлагаа полиња на кои може во иднина да се развие значајна соработка, а пројавија интерес и за најавената посета на делегација на Охрид на Кина, притоа предлагајќи градоначалникот Бакрачески да ја посети болницата во овој град која е една од позначајните во Кина, со исклучително развиена меѓународна соработка и надалеку познат оддел за лекување на канцерогени болести. Гостите од…

повеќе...

Раководството на СДСМ се сретна со делегација од НР Кина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев и генералниот секретар, Оливер Спасовски, денеска остварија средба со делегација на Комунистичката партија од Народна Република Кина предводена од заменик министерот на одделот за меѓународна соработка на Централниот Комитет на Комунистичката партија, Џоу Ли. На средбата беше разговарано за добрата соработка помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија како и за можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете земји. Кинескиот дипломат Ли ја нагласи важноста и улогата на СДСМ во социјалниот развој на Македонија со цел подобрување на животот на сите граѓани.…

повеќе...

Средба на вицепремиерот Пешевски со новиот кинески амбасадор Вен

Проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен. На средбата, информираат од Кабиентот на вицепремиерот, станало збор и за потенцијалните инвестиции во енергетските проекти. „Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена. Вицепремиерот му посака добредојде на новиот…

повеќе...