Изложба на фотографии „Кина-луѓе-улица“

Во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, вечерва со почеток во 20.оо часот ќе биде отворена Изложба на фотографии „Кина-луѓе-улица“ од фото клуб 202 – Зајечер Србија.

повеќе...

НР Кина донира над 3.000 книги за институтот „Конфуциј“ во Скопје

Институтот „Конфуциј“, кој во септември минатата година беше отворен во НУБ „Св. Климент Охридски“, во состав на Скопскиот универзитет, го збогати библиотечниот фонд со над 3.000 книги, учебници, наставни и аудиовизуелни материјали, кои му ги донираше Централната управа на институтите „Конфуциј“ од НР Кина. Изданијата ќе им користат на околу 40 македонски студенти кои на Институтот го  изучуваат кинескиот јазик и културата на една од најстарите цивилизации во светот. Министерот за образование и наука Спиро Ристовски и  ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски вчера го посетија Институтот…

повеќе...

Потпишан договор за соработка на полициите на Македонија и на Кина

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик-министерот за јавна безбедност на Народна Република Кина Јанг Хуанинг, кој е во дводневна работна посета на Република Македонија, денеска потпишаа билатерален договор за заемна соработка. Во делот на соработката, потенцира Јанкулоска, односите се повеќе добиваат на интензитет и како резултат на тоа, поголема група вработени во МВР веќе учествувале на различни обуки во НР Кина. На средбите се разговарало за области каде што има простор за размена на информации и соработка, како што се борбата против недозволена трговија со дрога, мигранти, тероризмот,…

повеќе...

Проштална средба на кинескиот амбасадор Цуи Џивеи со министерот Димовски

Република Македонија и Народна Република Кина имаат одлични односи и плодна соработка во областа на земјоделството, истакнаа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и амбасадорот на НР Кина во нашата држава Цуи Џивеи на денешната проштална средба. Министерот Димовски на средбата му се заблагодари на амбасадорот Џивеи за неговата и за поддршката која неговата земја ја дава на Министерството за земјоделство и на Владата на Република Македонија, како и за можностите за обука и школување на вработени во Министерството за земјоделство во НР Кина. „Нашата плодна и успешна…

повеќе...

Кинескиот амбасадор на заминување на прием кај градоначалникот Бакрачески

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска прими кинеска делегација предводена од  Амбасадорот на Република Кина  во Република  Македонија, Цуј Џивеи чиј мандат истекува во месец мај годинава. Градоначалникот Бакрачески се заблагодари за  сите  заложби  и активности,  што Амбасадорот Џивеи ги направил  за доброто на  Република Македонија но и за градот Охрид ,посебно истакнувајќи ги неговите заложби за реализација на проектот што се однесува на изградба на  автопатот од Кичево до Охрид, а кој е особено значаен за туристичкиот и стопански развој на градов. „Неговото лобирање за добивање кредит од кинеската влада за…

повеќе...

Македонија и Кина да ја интензивираат економската соработка

Македонија и Кина имаат многу знaчаен потенцијал за динамизирање и интензивирање на економската соработка. Факт е и дека нашите билатерални односи не биле никогаш поинтензивни и поцврсти, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски на дебатата на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика за „Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа – можност за стратегиско партнерство со Република Македонија“. Кина во последните години постојано се наоѓа на листата со кои Македонија остварува најголем обрт на трговска размена. „Кина во 2012 година е седми…

повеќе...

Претседателот Иванов со предавање ја заврши посетата на НР Кина, прогласен за почесен професор на кинески универзитет

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, со предавање пред студентите на Универзитетот за финансии и економија во Ченгду, кој е партнер на Институтот „Конфуциј” во Република Македонија, ја заврши неколкудневната работна посета на Народна Република Кина. За време на предавањето претседателот Иванов доби високо научно признание – Почесен професор на Универзитетот, на кој студираат околу 23.000 студенти. Зборувајќи на тема „Патот на мудроста, патот на свилата и патот до економскиот успех”, македонскиот претседател истакна дека Република Македонија и Народна Република Кина ги поврзува насоченост кон економскиот успех и според…

повеќе...

Јанкулоска во посета на тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина

Денес, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска ја посети академијата и тренинг центарот на специјалните полициски сили на Кина каде оствари средба со челните луѓе на полициските вооружени сили. При посетата на министерката и беа демонстрирани капацитетите, како и начинот на работа и ингеренциите на единиците кои покриваат од физичко обезбедување, преку антитерористички активности, па се до спречување на нарушувањата на јавен ред и мир и помош при катастрофи и непогоди. При посетата од двете страни беше понудена можност за размена на искуства и знаења. Инаку утре Јанкулоска во…

повеќе...

Министерката Јанкулоска во работна посета на НР Кина – Подигнување на меѓусебната соработка на повисоко ниво

“Денешната прва посета на македонски министер за внатрешни работи на Кина е добра основа за подигнување на меѓусебната соработка на повисоко ниво“, оцени кинескиот Министер за јавна безбедност Гуо Сенгкун. Според него, посетата на министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска доаѓа во исклучително значаен момент кога се одбележуваат 20 години од дипломатските односи меѓу Р. Македонија и Н. Р. Кина. Со длабоката доверба изградена меѓу двете институции, првиот човек на кинеската полиција смета дека е создадена солидна основа за натамошно унапредување на односите, заблагодарувајќи се за помошта во неколку…

повеќе...

Претседателот Иванов во Пекинг на средби со раководства на компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во рамки на првиот ден од посетата на Пекинг имаше средби со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија. Станува збор за China State Construction Engineering, најголема градежна компанија во Кина, петта по големина во државата, а десетта во светот, Sinohydro Corporation LTD, која ќе ги гради автопатите Скопје-Штип и Кичево-Охрид и нафтената компанија Sesai Jiliajija Petro Chemical Equipment. Политичкиот дел, односно средбата со неговиот домаќин, кинескиот претседател Џинпинг Си, е закажана за утре. Раководството на државната градежна компанија,…

повеќе...