Фестивалот на францускиот филм кој по шести пат се одржува два дена во Скопје и од 28 до 30 јуни во Охрид годинава на љубителите на филмот ќе им понуди богата програма од француски филмски остварувања од повеќе жанрови. Филмската програма на Францускиот Филмски Фестивал кој во Охрид започнува од утре, 28 јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 20 часот ќе ја отвори градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески кој во повеќе наврати ја истакна подготвеноста на Локалната самоуправа да се вклучи во афирмација на културните содржини кои…
повеќе...Tag: кино
Шесто по ред издание на Фестивалот на француски филм
Канческа-Милевска нагласи дека во изминатите 6 години Фестивалот на францускиот филм стана миленик на македонската публика, етаблирана синеастичка манифестација во која со нескриена возбуда уживаат и најпробирливите познавачи на филмската уметност. „Со големо задоволство ќе забележам дека многу млади луѓе, наши идни филмски работници се образуваат и се здобиваат со непроценливи искуства токму од француската кинематографија, од најзначајните имиња на францускиот филм кои веќе ја посетија Република Македонија но, и од секојдневните дискусии и средби во рамките на фестивалот кој редовно го посетуваат многу синеасти од Балканот и пошироко“, рече…
повеќе...По пауза од една година, УФО повторно напаѓа
Во периодот од 14-ти до 16-ти Јуни , во Охрид, во организација на Центарот за Културен Проток “АРТерија”, по втор пат ќе се одржи Уметнички Фестивал Охрид “УФО 2”. Благодарение на соработката со Центарот за Култура “Григор Прличев”, оваа година “УФО 2” има чест да ја отвори летната кино бавча. Во текот на 3 дена ќе се одвиваат повеќе видови на уметнчко културни настани. По теркот на претходниот фестивал, програмата опфаќа: цртање на графити, проекција на филмови, инсталации, перформанси, изложби, рецитали, музика, работилници. Ќе учествуваат млади уметници од државава од…
повеќе...Во среда и четврток пред охриѓани „Малограѓанска Свадба “
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во среда и во четврток, со почеток во 20:00 часот ќе се прикажува претставата „Малограѓанска Свадба“ – Бертолд Брехт, во режија на Дејан Пројковски. Во претставата ќе играат Петар Мирчевски – таткото на невестата, Горан Стојановски – Јакоб, младоженецот, Јасмина Билаловиќ – Марија, Невестата, Јулијана Стефанова – Мајката на младоженецот, Адријана Билаловиќ – Ина, сестра на невестата, Ивица Цонев – Пријател на младоженецот, Билјана Билаловиќ -Еми, жената, Стрезо Стаматовски – Нејзиниот маж, Никола Тодороски – Ханс Милднер, младичот. Претставата се игра…
повеќе...„Трето полувреме“ повторно пред охриѓани
Поради зголемениот интерес на публиката во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, повторно ќе се прикажува филмот „Трето Полувреме“. Кино проекции на филмот ќе има на 3-ти, 4-ти, 7-ми, 10-ти, 11-ти и 12-ти јуни. Почетокот е во 20:00 часот, а цената на една карта изнесува 100 денари.
повеќе...„Ај да си речиме уште една“ во петок пред стружани
Во петок, 31-ви мај, во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга ќе гостува Народниот театар од Охрид со претставата „АЈ ДА СИ РЕЧИМЕ УШТЕ ЕДНА“ во режија на Андреј Цветановски. Претставата ќе започне со почеток во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари.
повеќе...Филмот „ЛУРДС“ вечерва и утре во Центарот за култура
Во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид денес и утре ќе се прикажува филмот „ЛУРДС“ – филм за надежта, верата и љубовта. Почеток на филмот е во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари. Историјата на филската уметност е полна со дела кои обработуваат теми сврзани со чуда и феномени. Од делото на Виторио де Сика “Чудото во Милано”, па до Престон Страџис и неговото “Чудото на Морган Крик”. Фасцинацијата за овие теми е предизвик за многу автори, без разлика дали она што го обработуваат е реално,…
повеќе...„Емигранти“ утре повторно пред охриѓани
Утре (недела) на репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Народен Театар Охрид, е претставата „ЕМИГРАНТИ“ од Славомир Мрожек, во режија на Ирена Стеријовска, со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Биљана Билаловиќ, Адријана Билаловиќ. Продуцент Горан Стојаноски, Музика Стрезо Стаматовски, Музичка изведба Ѓоко Алоски, Сценографија Владимир Ѓорески – Рафик, Костимограф Кристина Мукоска Затуроска, Инспициент Филип Ангеличин – Жура, Дизајн Номче Џулески, Сценска изведба Борис Велјаноски, Светло Зоран Левески. Влезот чини 100 денари.
повеќе...Изложба „Полукружење“ во Центарот за Култура
Во организација на Центарот за културен проток „Артерија“ во Сабота на 18-ти мај 2013 г. во Центарот за Култура „Григор Прличев“ – Охрид, ќе биде отворена изложбата „Полукружење“ на МОМИ од Скопје, со почеток во 20:30 часот. Критички осврт на изложбата: Прекинато кружење, прекинат тек, прекин на еден апсолут како начин на доаѓање до артистичко решение… Создавање на сопствена интимна визуелна претстава, која лебди меѓу нашите сопствени мисли и мислите на другите, но сепак успева да се конектира со различни дискурси… Колку животот се протега надвор од своите субјективни граници…
повеќе...Продолжува ревијата на руски филмови
Во организација на Филмскиот Фонд, во соработка со Руската амбасада, Рускиот културен центар-Софија, Министерството за култура, Кинотека на Р. Македонија, НУ Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, започнаа со реализација на заедничкиот проект со наслов ВОЈНА И МИР ВО РУСКИОТ ФИЛМ. Ревијата на руски филмови започнa со прикажување на филмови на 9-ти мај, и продолжува се до 17 мај 2013 година. На 15 мај, среда со почеток во 20 част во Центарот за култура ќе се прикажува рускиот филм Ѕвезда во режија на Николај Лебедев,сценарио на Евгениј Григорјев, Николај…
повеќе...