Одложено авионското запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје- Охрид ги известуваат граѓаните дека планираното авионско прскање кое беше најавено за утре од страна на Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство се одложува поради неповолните временски услови. Запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период, за што граѓаните ќе бидат повторно информирани.

повеќе...

Утре земјено запрашување против комарци на територијата на општина Дебрца

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на општина Дебрца за спроведување на превентивната систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека утре (петок), екипата на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 20.30 до 06:00 часот,со апарат за УЛВ ладно…

повеќе...

Во сабота авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство, во сабота на 11-ти ти јули ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци се известуваат…

повеќе...

Земјено запрашување против комарци и ноќни пеперутки на територијата на Општина Охрид

Локалната самоуправа во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје утре, петок, сабота и недела (9, 10, 11 и 12 јули) ќе врши терестичко запрашување против комарци, ноќни пеперутки и други инсекти. Запрашувањето ќе се одвива на следните локации: крајбрежие на потег од с. Подмоље до Горица, територија на град Охрид, приградските населби, потегот на река Грашница,Коселска Река, с. Велгошти, крајбрежие пред нас.Св.Стефан и крајбрежие од Автокамп Љубаништа до комплекс Св.Наум во периодот од 21 – 06 часот. Поради запрашување против комарци, Локалната самоуправа ги известува пчеларите на 9, 10,11…

повеќе...

Извршено авионско прскање против комарци

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство рано утрово го изврши првото авионско запрашување против комарци за оваа година, односно авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција). Запрашувањето започна во 05 часот и траеше до 8:30 часот. Истото се одвиваше на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од Подмоље до населба Св.Наум и на територијата на град Охрид. WebOhrid

повеќе...

Утре ќе се изврши авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство утре, сабота на 16-ти мај ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција ). Запрашувањето ќе започне во 05 часот и ќе трае до 8.30 часот. Истото ќе се одвива на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци…

повеќе...

Во петок дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 15.08.2014 (петок) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во, период од 21 до…

повеќе...

Извршено второто авионско прскање против комарци

Утрово околу 06 часот се изврши второто авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. WebOhrid

повеќе...

Утре ќе се изврши авионско запрашување против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид  ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во понеделник,  на 14 јули  ќе  врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  до 8.30 часот  ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  на 14 јули (понеделник) 2014 година,  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно…

повеќе...

Ќе се прска против комарци

На 11 и 14 јули ќе се изврши втората  авиодезинсекција прскање против возрасни комарци со широкопојасен инсектицид. Прскањето против комарци ќе се спроведе на 4 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Дезинсекцијата ќе биде извршена на вкупна површина од 4.400 хектари по воздушен пат. Имено, на 11.07.2014 ќе се спроведе прскање во општина Дојран на вкупна површина од 1000 хектари и во општина Чешиново-Облешево на површина од 900 хектари,  а на 14.07.2014 година ќе се изврши прскање во општина…

повеќе...