Во зависност од временските услови и вегетациониот период на растителниот свет во Охридското Езеро, екипите на ЈП „Охридски Комуналец” редовно спроведуваат акции за чистење на крајбрежниот појас по градскиот кеј. По налог на општинскот инспекторат оваа работна седмица се реализира чистење на наносите од муљ, трска и натрупан комунален отпад во крајбрежниот појас во близина на Холандскиот Парк. „Чистењето, подигнувањето и транспортот на наносите од муљ се изведуваше со багеровање со специјална механизација (ровокопач-ИЦБ и камион ФАП), при што се подигнати околу 20 м3 муљ.“- велат од претпријатието.
повеќе...Tag: комуналец
ЈП „Охридски Комуналец“ со активности пред „Прличеви беседи 2016“
ЈП „Охридски Комуналец“ по повод одржување на манифестации и празнувања, спроведува вонредни активности за подигнување на степенот хигиена на локациите каде се реализираат манифестациите. По тој повод екипите на Јавна хигиена темелно ги расчистуваат локациите каде ќе се одбележува манифестацијата „Прличеви беседи 2016“. „Се уреди просторот кај гробното место на Григор Прличев во училишниот двор на О.У.„Климент Охридски“, темелно се расчисти просторот околу спомен-куќата на нашиот ловороносец околу споменикот, и целиот простор во близина на Центарот за култура „Григор Прличев“.“– велат од претпријатието.
повеќе...Се расчистува потегот Горна Порта – Дрвара
Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ оваа работна недела го расчистуваат шумскиот дел на охридското Кале, на потегот од Горна Порта до месноста „Дрвара“. Бидејќи временските услови се поволни, а вегетацијата во фаза на мирување, се расчистува ниската и дива вегетација, како бршлените и трњето. Во шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот се отстранети исушените дрвја од видот багрем и јасен, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени. Од овој простор се подигна…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ активно вклучен во организацијата за Водици
ЈП „Охридски Комуналец”, изминативе денови активно беше вклучен во организацијата на манифестација по повод верскиот празник „Богојавление“. „Беа преземени сите потребни активности за одржување на хигиената на највисоко ниво на просторот околу градското пристаниште, месноста Сараиште, градскиот плоштад, кејот и парковските површини.“– велат од претпријатието. Се изврши украсување на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња, како и украсување на градското пристаниште со бршлен и зеленика, додаваат оттаму. По завршувањето на манифестациите по повод празникот Водици и Денот на рибарите, кој оваа година се организираше во…
повеќе...Дел од бадникарските пакетчиња завршија на улица
Како и секоја година, така и оваа можеме да забележиме дека дел од бадникарските пакетчиња завршуваат, односно се расфрлаат по улиците и тротоарите во Охрид. WebOhrid
повеќе...Палмите заштитени од ниските температури
По препораките кои ги добивме од ЈП „Македонски шуми“, екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ ги заштитија засадените палми со обвиткување на стеблата со јутени вреќи. Со овие активности превентивно ќе се заштитат овие тропски егзотични видови од ниските зимски температури, велат од претпријатието.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ со честитка за Новогодишните празници
ЈП „Охридски Комуналец” на сите граѓани на Општина Охрид, сите свои корисници и деловни партнери им ги честита новогодишните и божиќните празници со желби за среќна, успешна и бериќетна 2016 год. „Заложбите за уреден град ќе бидат наш приоритет и во 2016 год. Нашите сервисни услуги за одржување на јавната чистота, јавното зеленило и услужната хигиена секојдневно ќе ги надградуваме. На транспарентен начин ќе соработуваме со граѓаните заедно создавајќи здрава животна средина во чии благодети сите ќе уживаме.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец“.
повеќе...Хортикултурно се уредува кружното на пресек со „Стив Наумов“
Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка„ и „Стив Наумов„ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно. Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување. Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„. На пет сегменти се формирани цветни леи, а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч. Во близина на…
повеќе...Акција за расчистување на магистралните патишта кај делниците Охрид-Подмоље и Охрид-Св. Наум
По налог на комунална инспекција екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ се спроведе акција пред Новогодишните празници за чистење на магистралниот пат Охрид-Подмоље. „Во акцијата беа ангажирани 7 работници од „Јавна хигиена” и беа собрани околу 60-тина вреќи комунален отпад. На потегот од Охрид до Св. Наум се започна етапно чистење каде се ангажирани 4 работници кое ќе продолжи во наредните дена.“– велат од претпријатието.
повеќе...Екипирани службите на ЈП „Охридски Комуналец“ за зимско одржување на патиштата
Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ беа ангажирани со одржување на јавната чистота во У.З.14 „Радојца Новичиќ“. „Опфатени беа улиците „Радојца Новичиќ“, „Кленоец“ и сите пристапни улици, патеки и тротоари. Темелно се расчистени јавните површини од наноси од земја, песок и отстранета е ниската вегетација.“– велат од претпријатието. Овие активности се одвиваат по динамика која е дефинирана во Програмата за работа за 2015 година. Согласно задолженијата кои ги има ЈП „Охридски комуналец“ по „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2015/2016 год.“ екипирани се сите дежурни…
повеќе...