Со последните врнежи од снег и дожд повторно се забележани штети и скршени дрвја на територијата на општина Охрид. Екипите на „Паркови и зеленило“ се на терен и ја санираат штетата: се отстрануваат скршените гранки во близина на маркетот „Рамстор, по градскиот кеј во близина на поранешното ПТТ одморалиште и во стариот дел од градот- по патеката која ги поврзува месноста Кошишта со Горна Порта каде паднатите гранки ја оштетиjа оградата и клупите. Во изминатите два дена покрај ангажирањето на вработените од оваа работна единица во расчистување на тротоарите по целата…
повеќе...Tag: комуналец
Екипите на „Јавна хигиена“ на терен го чистат кејот и чаршијата
Обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија охридскиот регион изминатите два дена предизвикаа големи количини отпад од околните реки да се влеат во водите од Охридско Езеро. На градскиот кеј, езерскиот бран исфрли отпад: пластична, картонска, најлонска амбалажа и друг вид отпад. Јавна хигиена е ангажирана од раните утрински часови со сите расположиви ресурси и директно од езерските води се собира отпадот, а кејот се мети. Другата оперативна група е задолжена за отстранување на остатоците од снег по градската чаршија.
повеќе...Исчистен снегот во дворот на ОУ „Христо Узунов“
Денес во заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ и техничката служба при ОУ „Христо Узунов“ се исчистија патеките и дворот на училиштето каде што се движат учениците од снежната покривка која беше наврнета во текот на вчерашниот ден. Исто така беа отстранети и гранките кои претставуваат опасност при движење на учениците во дворот. Сето ова беше во договор помеѓу директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа и директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
повеќе...Екипите на „Комуналец“ и „Водовод“ на терен го чистат снегот низ Охрид
Екипи на јавните претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Водовод“ од Охрид веднаш по паѓањето на снегот од доцна попладнево се на терен и работат на неговото расчистување. Се чистат централните и периферни градски улици, тротоарите, стариот дел од Охрид, охридската чаршија и населбата „Бејбунар“. Во акцијата се употребува механизацијата од овие две претпријатија, возила со ножеви, градежни машини и еден трактор со нож што минува низ населбите „Месокастро“ и „Варош“. Низ тесните градски улици и секаде каде што е потребно ќе се фрлат околу пет кубика ризла и сол. Екипите на…
повеќе...Активности на ЈП „Охридски Комуналец“пред претстојниот празник „Богојавление”
ЈП „Охридски Комуналец” денеска започна со уредување на центрaлното градско подрачје, поточно потегот околу градското пристаниште по повод предстојниот празник „Богојавление“- Водици. „Се изврши китење на чаршијата и пристапните патишта кои водат до пристаништето со верски знамиња како и украсување на бродовите и канделабрите со бршлен и зеленика.“– велат од претпријатието. Како и секоја година на градското пристаниште се донесени 20-тина тезги кои ќе послужат за служење со топла ракија и вино на самиот празник. Исто така во градскиот парк во близина на рибниот ресторан старите корпи за ситен отпад…
повеќе...Со несмален интензитет продолжува расчистувањето на Охрид
Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид. Екипи на ЈП „Нискоградба„ и ЈП „Водовод„ во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, „Димитар Влахов“,„Мите Богоевски“ и дел од улицата „Даме Груев“. При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација. Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите и станбените згради на овие улици. Екипи на ЈП „Градски Гробишта“ и ЈП „Градски Пазар“ активно работата на расчистување на…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ спремно го дочека првиот снег
Следејќи ја временската прогноза и најавите за снежни врнежи и ниски температури, ЈП „Охридски Комуналец” спремно го дочека првиот снег. „Сoгласно задолженијата кои ги има и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид 2014/2015 год.“, екипирани се сите дежурни служби, механизација, набавени беа абразивни средства и беа дефинирани улиците по кои ќе се делуваше според приоритет.“– велат од претпријатието. Деновиве превентивно беа посипани уличките во стариот дел од градот со абразивни средства.
повеќе...Се расчистува речното корито на река Сушица и се расчистува ул. „Железничка“
По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул. „15.ти Корпус“ до „Отпад“. „Во изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.“– велат од претпријатието. Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена“ денес и утре ќе ја расчистуваат детално улицата „Железничка“ по целата нејзина должина. „Ангажирани се 10 работници кои ги отстрануваат наносите од песок и земја…
повеќе...Утре ќе се подига зелен отпад од У.З. 14 „Радојца Новичиќ“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 13-ти декември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба…
повеќе...Активности на „Јавна хигиена“ за празникот Св.Климент Охридски
Деновиве активностите на екипите на „Јавна хигиена“ се прилагодени согласно свеченостите кои ги организира општина Охрид по повод 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид – Свети Климент Охридски. „Организирани се дежурни служби со посебен режим на работа за одржување на повисок степен на хигиена на локациите каде деновиве ќе се реализира свечената програма. Се расчистуваат пристапните патишта до Плаошник, градскиот плоштад и другите локации. Клупите околу споменикот на Свети Климент Охридски ќе светнат во нов сјај и плочникот ќе биде детално исчистен од залепените гуми за џвакање.“– велат од…
повеќе...