Искршени рефлектори и дрвореди низ градот

Уништувањето на јавните добра, урбаната опрема и јавното зеленило стана сè позачестена појава која со децении се провлекува и претставува проблем во тековното работење на Ј.П. „Охридски Комуналец“. „Од новиот дрворед со лигуструми на улицата „Партизанска“, кој оваа година се реконструира во месец јуни, насилно е искршено едно стебло, кое иако обезбедено со железна заштитна ограда, станало мета на вандали. Се прашуваме на кого му смета новиот дрворед и која е ползата од искршеното стебло!?“ – истакнуваат од ЈП „Охридски Комуналец“. Мета на девијантно однесување се и искршените рефлектори во…

повеќе...

Во сабота акција за кабаст отпад од „Стар Град“

Од оваа сабота ЈП „Охридски Комуналец“ започнува со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Секоја сабота од месеците септември, октомври и првата половина од месец ноември е резервирана за подигнување кабаст отпад, а втората половина од месец ноември и деекември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари. Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид…

повеќе...

Акција за чистење на чаршијата од страна на ЈП „Охридски Комуналец“

Почнувајќи од денеска, па во наредните три дена, екипите на „Јавна хигиена“ спроведуваат акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот. „Самиот процес на чистење се врши во раните утрински часови, кога по чаршијата нема многу посетители, а отстранувањето на гумите за џвакање го вршат 5 комунални работници со специјални шпакли. Спроведената акција ќе вроди поголем успех доколку се разбуди свеста, посебно кај младата популација, за повисоко ниво на јавна хигиена. Мастиките за…

повеќе...

Се средуваат школските дворови и јавните површини во Лескоец, Пештани и Скребатно

Поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација и создавањето на еколошки чиста животна средина во која нашите деца ќе учат, нашето претпријатие континуирано ја имплементира со средување на школските дворови пред почетокот на школската година како и реализација на многу заеднички акции со учениците и наставниот кадар во текот на целата учебна година, велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Екипите на „Паркови и зеленило„ хортикултурно го уредија дворот на О.У.„Братство Единство„ каде е засадена жива ограда, уредени се жардињерите на влезот во училиштето и засадени се 50 нови разновидни садници. Во…

повеќе...

Бројни активности на ЈП „Охридски Комуналец“

По барање на организаторите на пливачкиот маратон кој ќе се одржи викендов во Охрид се расчистуваше крајбрежниот појас на градскиот кеј (потег градско пристаниште-Холандски парк). „Со ангажирање на специјална механизација од езерските води беше подигнат разновиден отпад: градежен шут, пластични отпадоци и др.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. ЈП „Охридски Комуналец“ реализира акција за расчистување на расфрланиот комунален отпад во близина на туристичкиот локалитет „Горица 3“. Се расчистуваше потегот од кружниот тек под х.„Инекс“ до паркинг просторот кај „Горица 3 “, како и опфатот околу сообраќајницата која води од вилата…

повеќе...

Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан

Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“ во манастирскиот комплекс Св.Стефан, екипите на „Јавна хигиена“ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3“ до х.„Гранит“. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.). Од ЈП „Охридски Комуналец“ напоменуваат дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат, чие одржување не е во надлежност на претпријатието, додека пак во туристичката населба „Свети Стефан“ Комуналец има ангажирано извршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.

повеќе...

Бројни активности на „Паркови и зеленило“

Во текот на изминатава недела, екипите на „Паркови и зеленило“  извршуваа повеќе активности. Надлежните ги уредуваа градските зелени површини и создаваа нови цветни катчиња. Во рамките на новото детско игралиште кое локалната самоуправа го уреди на ул. „Пере Тошев“ (нас.Лескајца), екипите го уредија цветното катче во близина на ова игралиште. Формирани се две цветни леи со цвеќиња од видот „винка“ и декоративни грмушки. Кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид од патниот правец Скопје-Охрид извршена е хортикултурна реконструкција на тревнит дел каде е обработен површинскиoт слој и засаден е нов тревен…

повеќе...

Нови корпи за ситен отпад во Пештани

Во Пештани екипите на „Охридски Комуналец“ поставија нови корпи за ситен отпад по новото шеталиште, а постоечките корпи со најлон-кеси кои се наоѓаа во близина на детското игралиште и централниот дел од селото се заменија со нови метални корпи. Во Пештани, во текот на туристичката сезона Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ има поставено дежурни комунални работници кои ја одржуваат хигиента на јавно-прометните површини и на плажата.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

ЈП „Охридски Комуналец“ го заврши хортикултурното уредување на бетонската жардињера на ул. „Железничка„, по целата нејзина должина , на потегот од кружниот тек на ул. „15-ти Корпус„ до сообраќајната клучка на влезот во Охрид. Поради големата должина на сообраќајниоцата, активностите се изведуваа етапно и синхронизирано во соработка со другите јавни претпријатија во општина Охрид. Во првата фаза бетонската жардињера беше исполнета со земја и беше поставен систем за наводнување. Реализацијата на втората фаза започна со дополнување на жардињерата со површински слој од плодна хумусна земја, а потоа се засадија 3,000…

повеќе...

Туристичките населби интензивно се одржуваат

Во екот на туристичката сезона екипите на „Јавна хигиена“ и „Паркови и зеленило“ со зголемен интензитет ја одржуваат јавната хигиена и јавното зеленило во туристичките населби и села на охридското крајбрежје. Изминатата недела искосен е просторот околу коловозите, како и сите пристапни патеки во селата: Рача, Коњско, Трпејца и Љубаништа. Денеска се косеше просторот околу плажата во Грашница и плажата во туристичката населба Лагадин на потегот до авто-камп Елешец и се подигна расфрланиот ситен отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа и лименки).

повеќе...