Утре акција за кабаст отпад во У.З. „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“)

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 31-ви мај (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З. „Гоце Делчев“ (населба „Бараки“).  Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Акции за чистење во приградски населби-денес во Горно Лакочереј

Согласно Програмата за работа за 2014 год. и активностите за одржување на јавната чистота и јавното зеленило во градските и приградските населби во општина Охрид, екипите на „Јавна хигиена„ и „Јавно зеленило„ спроведоа акција за чистење на с.Горно Лакочереј и патот кој води до црквата „Св.Спас„. Се изврши метење и миење на јавните површини и косење на зелените површини. Вчера детално се расчистуваше с.Трпејца, а за утре со ваква акција ќе се опфати с.Лескоец.

повеќе...

Завршена обновата на дрворедот по „Партизанска“ – следи поставување на штитници

Замената на дрворедот од липи по ул. „Партизанска“, на потегот од поштата до „Комерцијална банка“, „Охридски Комуналец“ го заврши по предвидениот план. „Отстранети беа 50 липи, а засадени се нови стебла од видот лигустрм, вкупно 64 садници.“– информираат од претпријатието. Активностите околу формирањето на новиот дрворед продолжуваат со поставување на заштита на новите стебла. „Се поставуваат метални декоративни штитници од сопствено производство со кои лигуструмите ќе се заштитат од механички повреди и ќе се спречи искривувањето на стеблата.“- додаваат оттаму.

повеќе...

Се коси тревата кај Долни Сарај и Горна Порта

Повисоките температури и врнежите во изминатиов период претставуваа идеални предуслови за бујната вегетација на тревата во охридскиот крај. Службите на „Охридски Комуналец“ максимално се ангажирани со косење на тревата, машински и рачно, насекаде во градот.   Денеска рачно се коси тревата и се расчистува просторот околу скалите кои водат од Долни Сарај кон Канео. Исто така се коси тревата околу коловозот на ул. „Кирил и Методиј” до Горна Порта, како и едносмерната улица која води од Горна Порта до комплексот згради на ул. „Крум Точко”.

повеќе...

Се уредуваат неколку локации низ Охрид

Охридските јавни претпријатија „Охридски Комуналец“ и „Градски гробишта“ денес започнаа акција на партерно и хортикултурно уредување на  неколку локации низ градов: „Холандскиот парк“, „Горна Порта“ и внатрешноста на Самуиловата тврдина. Посебна грижа ќе се води и за неодамна засадениот дрворед на улицата „Партизанска“. По тој повод, утрово на терен, раководителот на Секторот за поддршка на градоначалникот, Зоран Рафтоски им даваше инструкции на директорите на овие две јавни претпријатија во однос на работните активности кои се очекува да завршат за околу една недела. Во акцијата ќе се чисти и средува холандскиот…

повеќе...

Се средува просторот на влезот од Охрид

Со средувањето на просторот кај клучката на влезот од градов, денеска започна разубавувањето на Охрид пред почетокот на летната туристичка сезона. Просторот хортикултурно и партерно се уредува, се бојадисуваат веќе поставенит елементи, а се чистат и браниците поставени непосредно до коловозната лента. Инаку по долги децении  влезот на Охрид доби нов лик. Осветлениот грб на општината, изработен од бехатон плочки, обоен во соодветни бои и патоказна стрелка која насочува кон Охрид, изведена од декоративни растенија, од пред неколку месеци  ги пречекува гостите. Проектот за поубав градски влез е на Општина…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности на повеќе локации во градот

ЈП „Охридски Комуналец“ со бројни активности во изминатава недела беше присутен на многу локации во Охрид. Хортикултурно се средуваше сообраќајната клучка на влезот во Охрид од магистралниот пат Скопје-Охрид. Темелно се расчистуваше од ниска вегетација осветлениот грб на општината со стрелката која насочува кон Охрид, како и околниот простор каде се искоси тревата и расчисти просторот. Исто така хортикултурно се уреди кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај нас. Даљан. Согласно Програмата за вонредни активности за 2014 година се изврши расчистување на сливните шахти вдолж „Булевар Туристичка“ и генерално отстранување…

повеќе...

Зошто реконструкција на дрворедот од липи по „Партизанска“?

Замената на постоечкиот дрворед од липи по ул.„Партизанска“ се докажа како неминовност, а главниот аргумент се пресечените стебла кои во изминативе два дена беа отстранети на потегот од поштата до полигонот. Стеблата се многу стари, во целост иструлени и заболени, па при посилни ветрови и обилни врнежи од дожд и снег може да дојде до кршење на гранките, а последиците би биле непроценливи, велат од ЈП „Охридски Комуналец.                                     иструлено стебло од липата…

повеќе...

Започна реконструкцијата на дрворедот по ул. „Партизанска“

ЈП „Охридски Комуналец” денес започнa со најавената реконструкција на дрворедот по ул. „Партизанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. „Искуството со дрворедот по ул. „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен.“– велат од јавното претпријатие.  Активностите на претпријатието продложуваат и во наредните 3 дена. Од ЈП „Охридски Комуналец“ со  апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул „Партизанска“ во времетраење од 06.00 час-12.00 часот…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец “ од понеделник започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партизанска“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник – 19-ти мај започнува со реконструкција на дрворедот по улицата „Партизанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрвја од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по улицата „Димитар Влахов“ покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен. Заради тоа, од ЈП „Охридски Комуналец“ до граѓаните упатуваат барање и апел да не ги паркираат своите возила на улицата „Партизанска“ во времетраење од 06:00 часот…

повеќе...