Ќе никнат 40 нови зелени катчиња на повеќе локации во градот

По барање на Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ дефинираа нови 40 локации за парковски решенија кои ќе бидат застапени во сите урбани заедници на општината. Желбата за чиста, здрава и зелена околина сега ќе им биде на дофат на сите граѓани преку оформувањето на овие катчиња во нивните дворови, населби и најблиската околина. „Во првата фаза би ги издвоиле следните локации: просторот околу Маларична, околу Т.Ц.„Гранит“ на „Булевар Туристичка“, кај поранешниот т.н. „Мини-маркет“, пресек „Булевар Туристичка“ и „Даме Груев“ кај „Тренд“, влез „Проаква“, „Никола…

повеќе...

Бетонската жардињера на „Туристичка“ се обновува со нови садници

Бетонската жардињера која се наоѓа помеѓу коловозните ленти на „Булевар Туристичка“ хортикултурно се дотерува. Сите оштетени садници на потегот од крстосницата кај гимназијата до крстосницата кај градскиот пазар се отстрануваат, земјената подлога се обработува и се засадуваат нови садници. Планирано е на овој потег да се засадат околу 60 нови садници од зимзелени и украсни видови кои на сообрќајницата ќе и дадат подобар естетски изглед, а во исто време нема да претставуваат  пречка во одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Зголемена наплатата на ЈП за комунална дејност „Дебрца“

ЈП за комунална дејност „Дебрца“ вложува напори за подобрување на финсиската состојба на претпријатието и подобрување на услугите што ги врши врз основа на дејноста и тоа снабдување со вода за пиење и собирање на отпад. „Во почетокот на 2014 година, видно е зголемувањето на наплатата на сметките за комунални услуги на ЈП за комунална дејност „Дебрца“. Во овој период наплата е зголемена за 10% за разлика од ланскиот период. Зголемената наплата од потрошувачите пред се се должи на подобрувањето на услугата, зголемената доверба од потрошувачите, набавката на нови контејнери…

повеќе...

Комуналец: На просторот од поранешниот полигон за мали спортови оставени вреќи со трева

По вчерашниот допис од група граѓани на Охрид испратен до медиумите, меѓу кои и WebOhrid: опасен отпад на просторот од поранешниот полигон за мали спортови, од Ј.П. „Охридски Комуналец“ велат дека, а воедно ги информираат граѓаните дека не се работи за никаков опасен отпад, туку најобична трева. „Според наше мислење или некој ја собрал околната трева за исхрана на животни, или пак некој несовесен поединец од околните куќи или згради го уредувал своето дворно место и зелениот отпад го фрлил на оваа локација. Нашите екипи веднаш излегоа на лице место и бидејќи…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ спроведе акција на влезот од Велгошти

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите кои имаат цел за почист и поубав Охрид. Во текот на вчерашниот ден екипите на претпријатието го чистеа, односно го уредуваа влезот од Велгошти, покрај ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“. Од претпријатието велат дека ваквите акции ќе продолжат и во иднина. А.А/WebOhrid

повеќе...

Се уредува просторот кај крстосницата „Питу Гули“ – „Марко Нестороски“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ го оплеменува просторот кој се наоѓа во Урбана заедница Горна Влашка Маала, во близина на чинарот, на аголот од крстосницата на улиците „Питу Гули“ и „Марко Нестороски“. Овој простор ќе добие комплетно нов лик. Во почетната фаза просторот со специјална механизација се расчистува, теренот се израмнува, по што ќе следи реализацијата на партерното решение, со кое е планирано поставување на бехатон подлога, фонтана, клупи и засадување на украсни садници, информираат од претпријатието.

повеќе...

Акција за чистење депонии од градежен шут во УЗ „Видобишта“

Продолжуваат акциите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за почист и поубав град. Покрај подигнување на степенот на хигиена, Јавното претпријатие сака да го имплементира и едукативниот карактер за подигнување на еколошката самосвест кај жителите во секоја урбана заедница на општина Охрид. По објавата на WebOhrid: Несовесни охриѓани во потрага по нова дива депонија, денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна акција за расчистување на дивите депонии од градежен шут во У.З. „Видобишта“, на потегот од „Стобекс“ до А.Д. „Жито Леб“ по должина на улицата „Ристо Чадо“. Со специјална механизација темелно се расчистуваат дивите…

повеќе...

Продолжува акцијата за расчистување на дивите депонии

Акцијата на Општинскиот инспекторат и ЈП „Охридски Комуналец“ за расчистување на дивите депонии продолжува. Во текот на денешниот ден беа исчистени депониите во Охрид и во околните населени места. Во наредните денови акцијата ќе се спроведува долж Булеварот Туристичка, а ќе се чистат местата кои се обраснати со трева и трње, односно местата кои го нагрдуваат ликот на градот. Имено, Општинскиот инспекторат започна да  работи во две смени и да ги санкционира граѓаните и правните лица кои ја загадуваат околината.

повеќе...

Се расчистуваше потегот од влезот во Охрид до Св.Еразмо

Ј.П. „Охридски Комуналец“, спроведе акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Скопје на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид,  до месноста Св.Еразмо. „На овој потег, како последица на несовесно однесување на поединци, континуирано се создаваат мини-депонии од градежен шут, зелен и друг вид комунален отпад. По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П. „Охридски  Комуналец“ со 4 вработени во претпријатието пристапи кон расчистување на овој потег  и собрани се 60 вреќи отпад.“ – велат од претпријатието. Од Јавното претпријатие се надеваат дека во иднина ќе се применуваат ригорозните казни за загадување на…

повеќе...

Охридски Комуналец спроведе акција во Урбана заедница „Билјанини Извори“

По налог на Општинскиот инспекторат, Ј.П. „Охридски Комуналец“  спроведе акција за расчистување на Урбана заедница „Билјанини Извори“, во комплексот згради на ул. „Никола Карев“. „Плански беше избран денешниот ден-сабота, кога повеќето жители од оваа населба се во своите домови, за да  се делува едукативно во подигнување на еколошката свест кај самите жители, затоа што населбата е нивно катче, а Ј.П.”Охридски Комуналец”  не може да исчисти, колку што самите граѓани можат да загадат.“ – велат од претпријатието. Од ЈП Комуналец велат дека чистењето на дворните површини околу колективните станбени објекти, согласно…

повеќе...