Контејнерите од „Бул​евар Туристичка“ дис​лоцирани по споредни​те улици​

Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги известува граѓаните на општина Охрид дека по барање на Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште, контејнерите од „Булевар Туристичка“ не се повлечени, туку истите се дислоцирани. Заради непречено движење на велосипедистите по велосипедската патека во целата должина на „Булевар Туристичка“, контејнерите од оваа сообраќајница се дислоцирани во најблиските комплекси и споредни улици околу „Булевар Туристичка“. Дежурниот телефон во Р.Е. „Механизација“ 046/265-353 им стои 24 часа на располагање на граѓаните, каде може да се информираат детално за новата локација на контејнерите.

повеќе...

Во сабота акција за зелен отпад од „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 02 ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од населбите „Христо Узунов“, „Карабегомала“ и „Горна Влашка Маала“.  Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“…

повеќе...

Се интензивираат активностите на „Охридски Комуналец“

Јавното Претпријатие, „Охридски Комуналец“, периодов ги спроведува тековните активности. „Паркови и зеленило“, денес работат на отстранување на две дрвја во непосредна близина на Основното Училиште „Св.Климент“ во населба „Даљан“, кои се опасност за учениците и минувачите. Екипите на овој сектор ја продолжуваат веќе започнатата акцијата за порамнување на земјишниот дел меѓу двете коловозни ленти на Булеварот „Туристичка“. „Јавна хигиена“, периодов ја интензивира активноста на собирање листови од јавните површини, а продолжува и започнатата акција на чистење на речните корита. Од оваа среда надлежните од претпријатието ќе ги полнат жардинјерите со…

повеќе...

„Охридски Комуналец“ на терен во населбата „Радојца Новичиќ“

Од утринава, механизацијата на ЈП „Охридски комуналец“ презема акција за чистење и уредување на населбата „Радојца Новичиќ“. Акцијата е дел од дополнителните ангажирања на ова јавно претпријатие за подигање на зелен и кабаст отпад од населбите во општината. Одличните временски состојби и сончевото време, дополнително придонесоа за зголемување на ефектите од акцијата, а денес истата ќе трае додека не се подигне целиот регистриран отпад во населбата. И во текот на месец ноември, секоја сабота ќе биде посветена на подигнување на кабаст отпад во останатите градски населби и тоа по следниот…

повеќе...

Расчистени речните корита и канали

Во месец октомври „Охридски Комуналец“ спроведе акција за расчистување на повеќе речни корита и канали на територијата на општина Охрид. Расчистени се каналите во реонот на „Студенчишко Блато“, речното корито на река Грашница на потегот од „Булевар Туристичка“ до нејзиното влевање во Охридско Езеро и река Сушица од с.Велгошти до населба Црногорци. Активностите се спроведуваа континуирано подолг временски период, а заради непристапноста на теренот покрај машинското чистење, голем број вработени од „Јавна Хигиена“ беа ангажирани за рачно расчистување. Речните корита и каналите беа претрупани со пластичен отпад, чакал, наноси од…

повеќе...

Акција за кабаст ​и зелен отпад населб​а „Црногорци“ во сабота

 Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 26-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Црногорци“. Заради поволните временски услови и уредување на дворните површини и градини, со оваа акција ќе биде опфатено и подигнувањето зелен отпад од оваа населба.  Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на…

повеќе...

Комуналец го расчисти полигонот за мали спортови

Веќе подолг период се провлекуваше проблемот околу одржувањето на хигиената на полигонот за мали спортови кој се наоѓа во централното градско подрчје, а кој е во сопственост на правен субјект. Со денешната акција Комуналец го расчисти овој простор. По претходно издаден налог од страна на комуналната инспекција, на правниот субјект му беше наложено во временски ограничен рок да го расчисти просторот од полигонот за мали спортови од натрупаниот комунален, зелен и друг вид отпад. Постигната е согланост помеѓу П.П. „Бринекс“ и „Охридски Комуналец“ и за соодветен надомест денес е извршено расчистување на овој простор…

повеќе...

Во сабота акција за кабаст отпад во населба „Видобишта“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 19-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.

повеќе...

Никој не може толку да исчисти колку што несовесните граѓани можат да загадат!

„Овде ѓубре, онде смет-колку грд е овој свет!“. Вака некако би ја препеале познатата песна од Змај, откако ќе излеземе малку над Охрид на патот за селото Рамне од каде би посакале убава глетка на градот и околината. И со право: прекрасен поглед кон Езерото и кон тврдината, а тука близу на патот – сосема друга, несакана глетка: расфрлано ѓубре, смет, градежен шут, пластични шишиња, картони, стари железа… и којзнае што уште не!!!? Кој тоа таму загадува?! Кој тоа го грди угледот на убавиот Охрид?! Кој тоа таму му создава…

повеќе...

Се чисти крајбрежниот појас

Ј.П. „Охридски Комуналец“ Охрид денеска во 5 часот започна акција за багеровање и отстранување на наносите на муљ на потегот пред хотел „Милениум“. Овој муљ се јавува како резултат на нискиот водостој на Охридското Езеро и поради периодот на скапување на езерските алги. Паралелно со ова рачно се чистеше езерото и пред хотел „Палас“ од наноси на окрек и реса, на кое место редовно преку цела година се собира трска, реса, окрек. Во акцијата на расчистување по предходен налог од Комуналната инспекција учествуваа Р.Е. „Механизација“ и Р.Е. „Јавна Хигиена“ при…

повеќе...