Се реконструира „Паркот на пријателството“

„Паркот на пријателството“ лоциран покрај пешачката патека канал „Билјанини Извори“ – Горица 1, деновиве се реконструира од страна на екипите на „Паркови и зеленило“. Во паркот се поставува систем за наводнување со што трајно ќе се реши понатамошното одржување на ова парковско решение. Заради изведување на градежните работи привремено ќе бидат отстранети мермерните плочи кои го симболизираат збратимувањето и пријателството на Охрид со многу други градови од светот. Со овој зафат ќе се стави во функција тековното одржување на „Паркот на пријателството“ до реализација на неговиот конечен изглед.

повеќе...

Се чисти крајбрежниот појас кај „Холандскиот Парк“

Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ денес спроведуваат акција за расчистување на натрупаниот муљ, трска и друг вид неразградлив отпад од езерските води во близина на „Холандскиот Парк“. Акцијата се изведува со багерување, со ангажирање на специјална машина ИЦБ, а се очекува да се подигнат околу 40 м³ муљ и друг вид отпад. Оваа активност се спроведува по добиен налог од комуналната инспекција, а ваквите акции на годишно ниво се изведуваат 4-5 пати, во зависност од потребите.

повеќе...

Акција за расчистување покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум

Иако туристичката сезона полека одминува, во интерес на граѓаните и ширење позитивна еколошка свест и подигнување на степенот на заштита на животната средина, од денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ започна нова акција за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Акцијата, заради широкиот потег, ќе се одвива етапно, каде ангажирани се 10 комунални работници кои рачно го собираат расфрланиот отпад (хартија, пластика и др.) покрај магистралниот пат. Од наредната недела со оваа акција ќе биде опфатен и магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца.

повеќе...

Акција за кабаст отпад „Стар град“ во сабота

Ј.П. „Охридски Комуналец“ од  оваа сабота започнува со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Секоја сабота од месеците септември и октомври е резервирана за подигнување кабаст отпад, а во месец ноември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари. Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден…

повеќе...

„Комуналец“ работно ја честиташе новата учебна година

Екипите на „Јавна Хигиена“ утрово беа на терен од 5:00 часот и ги метеа пристапните патеки, школските дворови и просторот околу градинките, основните и средните училишта во градот. Изминатите две недели, по налог на Општина Охрид, генерално се чистеа и хортикултурно се уредуваа повеќето дворови од образовните институции со чистење, косење, кроење на крошните од дрвјата, засадување на украсни садници и цвеќа. На овој начин Ј.П. „Охридски Комуналец“ на нашата најмлада популација им посакува успешен старт во новата учебна година.

повеќе...

„Комуналец“ ги средува дворовите од градинките

По барање на Ј.О.У.Д.Г. „Јасна Ристеска“, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги средуваат дворовите од градинките, како и просторот околу истите. Се работи на сите пет објекти од детската градинка при што се врши генерално чистење и хортикултурно средување: косење, метење, кроење на крошните од дрвјата, шишање на живата ограда и украсните садници. Помагањето на образовните институции од нашиот град и поттикнувањето на еко-свеста кај нашата најмлада популација е важен сегмент во годишните планови кои и во иднина ќе се реализираат.

повеќе...

Се уредува ОУ „Климент Охридски“ во населба Даљан

Пред почетокот на новата школска година, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ го средуваат дворот на  О.У. „Климент Охридски“ во населба Даљан, просторот околу школото, пристапниот пат и крајбрежниот дел на Охридското Езеро во овој реон. Овој простор темелно се расчистува од натрупаниот отпад, теренот се израмнува со специјална механизација (ИЦБ), а ангажирани се 10 општи комунални работници.  Исто така се врши и хортикултурно уредување на просторот со косење на тревата, отстранување на џбуновите и трњето и се врши поткастрување на крошните од дрвјата. Според првичните проценки се очекува да се…

повеќе...

Спроведена голема акција за чистење на Националниот парк Галичица

Во голема еколошка акција во која беа вклучени претставници од Општина Охрид, НП Галичица, извидници од извидничкиот одред „Пионер“, членови на велосипедскиот клуб „Екодром“, волонтери во Црвен крст и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“, изминатиов викенд беа исчистени околината на Велестово и повеќе излетнички места во Националниот парк Галичица. Акцијата за чистење насловена како „Македонија без отпад“ беше организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, асоцијацијата „Ајде Македонијо“ и компанијата ПАКОМАК. Учесниците во акцијата собраа поголема количина цврст отпад кој беше подигнат од службите на ЈП…

повеќе...

Затекнатата ситуација во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка

Со промената на раководството од претходната власт во Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, утврдена е состојба на долгови како неподмирени обврски спрема добавувачите од околу 1 696 254 денари, а вкупните обврски по сите основи (обврски за даноци, придонеси, примени аванси од купувачи) изнесуваат 2 736 060 денари.  „Затекнатата ситуацијата во ЈПК „Дебрца“ е загрижувачка, почнувајќи од немањето на основни средства за работа на вработените во комуналниот сектор, каде што на пример има само една метла, мал број на канти и контејнери за отпад, па да не зборуваме за…

повеќе...

Центарот на Охрид разубавен со нови украсни цвеќиња

Деновиве екипите на „Паркови и зеленило“ ги разубавуваат канделабрите во центарот на градот поставувајќи сто нови саксии со украсно цвеќе од видот сурфинија. Со ова цветно уредување се опфатени локациите кај градскиот плоштад околу споменикот Св. Климент Охридски, градскиот кеј на потегот од градското пристаниште до х.Палас и градската чаршија на потегот од плоштадот до трговскиот центар АМАМ. Овие висечки цветни декорации се вистински украс, го разубавуваат центарот на градот и даваат убава слика за граѓаните и многубројните туристи.

повеќе...