Во сабота акција за подигнување кабаст отпад од У.З 11 Видобишта

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 15.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) У.З.11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ повторно ја расчистува дивата депонија во нас.„ Христо Узунов“

После неполна недела откако ЈП „Охридски Комуналец” ја расчисти дивата депонија кај прес контењерот во населбата „Христо Узунов”, денес повторно истата глетка, информираат од претпријатието. „И денес беа машински подигнати големи количини на отпад од истото место.Иако според календарот на претпријатието беше организирано подигнување на кабаст отпад во тој дел на 01.10.2016 (сабота), граѓаните продолжуваат со несовесното депонирање на истиот, како и градежен шут, зелен отпад, пластика и друг комунален отпад.“– додаваат од препријатието.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ дел од проектот „Македонија без отпад“

Денес ЈП „Охридски Комуналец” се вклучи во проектот „Македонија без отпад” по договор со невладината организација „Ајде Македонија”. Претпријатието изврши расчистување на магистралниот пат Охрид – Подмоље, на двете магистрали (стариот и новиот пат). Оттаму информираат дека ангажирани биле 12 работници од 06:00 часот до 11:30 часот и биле собрани околу 60 вреќи на отпад. Од другите учесници во оваа акција на потегот од „Билјанини извори” према Св. Стефан собрани се 40тина вреќи отпад и истите се подигнати со возило на ЈП „Охридски Комуналец”.

повеќе...

Се чисти коритото на реката Сушица

Деновиве екипите на РЕ „Механизација” при ЈП „Охридски Комуналец” работеше на машинско расчистување на речното корито на реката Сушица на потегот од с. Велгошти до пресекот со ул. „15ти корпус”. „Беа подигнати големи количини на зелен отпад, гранки, наноси од земја, пластичен отпад и чакал, па со нивно расчистување се ослободи коритото за непречен проток на водата и минимизирање на можноста за поплавување на околното земјиште.Покрај овие активности, во раните утрински часови беше подигната дива депонија кај прес контењерот во населбата „Христо Узунов” која беше направена поради несовесно депонирање на…

повеќе...

Во сабота ќе се подигнува кабаст отпад од Горна Влашка Маала

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 01.10.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев„ и У.З.10 „Горна Влашка Маала„(комплекс згради „Христо Узунов“ , „ Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.„Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП…

повеќе...

Во сабота акција за кабаст отпад во УЗ 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“)

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 24.09.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З. 12 „Гоце Делчев“ (нас.„Бараки“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во текот на вчерашниот ден, како и денес, екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” работеа на расчистување на просторот позади охридската Гимназија „Св. Климент Охридски”. „Ангажирани беа 3ца работници на косење, кастрење и собирање на зараснатите трња и трева, каде што беа собрани околу 15 м/3 зелен отпад.“- велат од претпријатието. Покрај овие активности, како дел од редовната работа на екипите на „Јавна Хигиена” при JP „Охридски Комуналец” беше косење на улиците во стариот дел на градот и метење на ул. “Железничка”. Исто така во изминативе 2…

повеќе...

Во четврток ќе се подигнува кабаст отпад во У.З.14 „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 22.09.2016 год.(четврток) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел. 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Да не се фрла отпад во чистите речни корита и канали

Во тек е акцијата на Локалната самоуправа за чистење на речните корита и канали на територијата на Општина Охрид. Денес се работи на чистење на коритото на река Сушица по што ќе следи чистењето и проширувањето на река Коселска и нејзините дотеци. Надлежните служби апелираат до охриѓани да не фрлаат отпад и отпаден материјал во исчистените и проширени речни корита и канали затоа што во спротивно ќе следат соодветни законски санкции. Во чистењето се вклучени екипи и механизација на ЈП „Охридски комуналец“. За чистење на речните корита и канали согласно…

повеќе...

Поставени нови корпи за отпад во стариот дел на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ги заменаа старите и поставија 12 нови корпи за отпад во стариот дел на градот. Корпите се поставени на потегот од црквата Св. Никола Геракомија, на паркингот кај Балкански фестивал, по ул. „Илинденска“ и кај Самуиловата тврдина. Во текот на вчерашниот ден екипите на „Јавна хигиена” го расчистуваа патот за с.Велестово, на потегот од бензинската на „Макпетрол” кај „Бијланини извори”, до с.Велестово, иако истиот тој потег не е во надлежност на претпријатието. Денес, поради одржувањето на охридскиот пливачки маратон е предвидено чистење на патот од…

повеќе...