Се уредува локалниот пат од „15ти Корпус“ према Велгошти

Денес екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, по барање на комуналната инспекција и на граѓаните, беа ангажирани на уредување на локалниот пат на потегот од ул. „15ти Корпус” до Велгошти, при што беше искосена тревата покрај патот и беа исечени гранките и трњето кои ја попречуваа прегледноста на возачите, информираат од претпријатието.

повеќе...

Вработени во охридските јавни претпријатија на помош за настраданите во Скопје

Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…

повеќе...

Дополнително ангажирани екипите на ЈП „Охридски Комуналец“

Изминативе денови екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа дополнително ангажирани со уредување и чистење на улиците и парковите во тек на раните утрински часови, како и преку целиот ден после забавите и концертите, како последица на големиот број на гости во градот. „Беа собрани големи количини на пластични шишиња, хартија и друг вид на отпад, како во центарот на градот така и на плажата парк. Беше исчистен и градскиот стадион по договор со јавното претпријатие „Билјанини Извори”.“ – информираат од претпријатието.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“: Граѓаните да не создаваат депонии, туку да го депонираат отпадот на локациите одредени за тоа

Екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец” беа вонредно ангажирани за подигање на дива депонија создадена од несовесни граѓани во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски” во населбата „Далјан”. „Беа подигнати големи количини на кабаст отпад, пластичен отпад и депонирани електрични апарати.“– информираат од претпријатието. ЈП „Охридски Комуналец” повторно со апел до граѓаните да не создаваат депонии, туку да го депонираат отпадот на локациите одредени за тоа, а доколку имаат кабаст отпад да се информираат за деновите кога екипите на претпријатието поминуваат за собирање на истиот.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Изминативе неколку дена екипите на ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани со косење на трева и чистење на улиците и тротоарите од зараснатите трње на неколку локации, информираат од претпијатието. „Беше исчистен патот према плажите каде што беа исечени гранките кои висеа над тротоарите и беше искосена тревата. Се средуваше игралиштето во Велгошти пред почетокот на турнирот за мал фудбал, и се косеше во с. Долно Лакочереј. Се уреди и на улиците „Ванчо Питошески” и на пресекот на ул. „Крум Точков” со ул. „Гоце Делчев”.“ – додаваат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Редовното одржување на парковите и зеленилото со цел разубавување на градот како тековна работа се дел од приоритетите на ЈП „Охридски Комуналец” како во зимскиот период, така и во текот на сезоната. Екипите се секојдневно ангажирани со наводнување, косење на тревата и садење на нови садници во парковите низ центарот на градот, на кружните текови и низ целото крајбрежје. Покрај овие активности, ЈП „Охридски Комуналец” хортикултурно се погрижи и за изгледот на античкиот “амфитеатар”, каде ке се одржуваат настапи од фестивалот “Охридско лето”.

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“ во Пештани

Денес екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа повторно ангажирани во Пештани со косење и чистење на зараснатите тревни површини кои ја намалуваа прегледноста на главната улица и пристапноста до плажите.

повеќе...

Се чистеше патот кон селото Завој

Во изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото Завој, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата. „Ангажирани беа 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Хортикултурно се уредува влезот на градот

Денес екипите на ЈП „Охридски Комуналец” хортикултурно го уредуваа просторот на влезот на градот, кај бензинската „Лукоил”, каде што беа посадени зимзелени и декоративни садници.

повеќе...

Уредување на зелените површини кај Антички театар

Во текот на вчерашниот ден и денес екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец” покрај тековните активности на уредување и наводнување на парковите и кружните текови, по барање на жителите на стариот дел на градот и комуналната инспекција, како и поради почетокот на фестивалот „Охридско лето” беа ангажирани со средување на просторот покрај Античкиот театар, каде што беше опфатено расчистување на трње и отпад, и косење на зараснатата трева.

повеќе...