Вечерва започнуваат празнувањата за Богојавление – Водици

Со концерт на културно уметничките друштва „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“, вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква „Богојавление“. Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на пунктовите од Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени парични средства кои ќе биде наменет за добротворни цели. Во…

повеќе...

Новогодишен концерт на Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ – Вевчани

Културно Уметничкото Друштво „Дримкол“ од Вевчани, Новата 2015 година ја започнува со свечен Новогодишен концерт на Фолклорниот ансамбал кој ќе се одржи утре, 11- ти јануари (недела) во Домот на културата во Вевчани. Концертот ќе започне во 20.00 часот, но поради големиот интерес ќе се одржи уште еден концерт и тоа 2 часа порано, односно во 18.00 часот. Концертот е насловен „Едно видување, еден век“ а неговата порака е за почит, љубов, разбирање и искрен муабет на човек со човека. „Ах бре пријателе, шуќур што се видовме та да ти…

повеќе...

Јубилеен концерт на Македонската филхармонија

„Го славиме јубилејот“ е насловен симфонискиот концерт на Македонската филхармонија, кој се одржа синоќа во Македонската опера и балет … Концертот е централниот настан со кој беше заокружено одбележувањето на 70- годинишнината од основањето на најстарата национална музичка институција во земјава. Оркестарот на Македонската филхармонија настапи под палката на рускиот диригент Дмитри Лис, кој се смета за еден од најдобрите диригенти во Европа од неговата генерација, а како солист настапи виртуозот на пијано, Русинот Борис Березовски, кој критиката го вбројува меѓу најмоќните пијанисти на денешницата. Публиката имаше можност да слушне…

повеќе...

Каролина Гочева за Водици ќе пее во Охрид

Годинава празничната програма посветена на празникот Богојавление – Водици ќе биде распоредена во четири дена. Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите , ќе бидат организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне организаторот на манифестацијата Здружението Богојавление – Водици. „Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт во рамки на централната прослава посветена на празникот Богојавление – Водици во Охрид. Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум „ “Македонско девојче…

повеќе...

Јубилеен концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“, по повод 65 години од своето постоење, синоќа во Македонската опера и балет одржа јубилеен концерт … На концертот, покрај многубројната публика, присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Низ својата културна мисија низ децениите, Танец кој го носи епитетот најстар и единствен државен ансамбл од ваков вид, прерасна во достоен репрезент на најубавото, непроценливото македонско фолклорно богатство и творештво кое го потврдува идентитетот на македонскиот народ. Изведувајќи ги “Тешкото”, „Невестинското”, „Комитското” и другите македонски фолклорни игри на бројните настапи во…

повеќе...

Со свечена академија и концерт на Даутовски утре завршуваат свеченостите во чест на Св.Климент

Со низа активности, утре завршуваат свеченостите по повод Св. Климент охридски- Патронот на Охрид. Утре наутро со почеток во 9.30 часот, предвидено е Поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски во Светиклиментовата црква на Плаошник. Час подоцна ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Св. Климент Охридски во дворниот простор на истоименото основно училиште. Во 11.15 часот во изложбен салон при Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе биде отворена изложбата на отпечатоци на уметнички дела од австралиски уметници. Изложбата е насловена како „Богатството на духот“а организатор на истата е…

повеќе...

Одржан хуманитарен концерт за прибирање средства за СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

Во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” вечерва се одржа хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид. „Поранешни наши ученици и сегашни ученици добија идеја да организираат училишна забава да ги поканат учениците од другите училишта, едноставно да се знае дека нашето училиште постои, вие знаете дека тоа се формира како правен посебен субјект од први септември оваа школска година. Симобличната цена од 50 денари е со цел, децата да се дружат, а тие сакаа нешто да направат за…

повеќе...

Ученици од ОМУ „Методи Патче“ учествуваа на концерти во Блед и Љубљана

Во годината на големиот јубилеј 50 години од постоењето Основното музичко училиште „Методи Патче“ со уште еден успех. Минатата недела учениците од ова училиште – виолинистите: Даниел Мојсоски и Александар Грунчески од класата на професор Елица Џуклеска и виолинстот Бајрам Рамаданоски од класата на професор Мухамед Бајрам учествуваа на два концерти во Блед и Љубљана, во рамките на проектот „Концерт на 100 млади“. „Задоволни сме од она што го видовме и најмногу од придонесот на тројцата наши млади виолинисти“, – вели директорката на училиштето м-р Нина Момировска. Таа потенцира дека…

повеќе...

Ќе се одржи хуманитарен концерт со цел прибирање средства за СОСУ „Св.Кирил и Методиј“

На ден 17-ти Ноември (понеделник), со почеток во 20.00 часот во Националната Установа, Центар за култура „Григор Прличев” ќе се одржи хуманитарен концерт, со цел прибирање средства за Средното општинско стручно училиште Св. „Кирил и Методиј” од Охрид. На настанот ќе земат учество хорот при ОСУ „Св.Климент Охридски “–Охрид, ФА „ОТЕКС” од Охрид, Ансамбл „Зарина”, музички точки со ученички од СОСУ  „Св.Кирил и Методиј” и ОСУ  „Св.Климент Охридски” и специјални гости „The Backdoor Band”. Цената на влезот е 50,00 ден. Средствата ќе бидат наменети за исплата на градежите активности кои…

повеќе...

Етно-групата „Монистра“ ќе одржи концерт во Охрид

На 22-ри Ноември (сабота), во Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид со почеток во 20.00 часот ќе се одржи концерт на етно групата „МОНИСТРА“.  Етно бенд „Монистра” е основан во 2002 година. Сите членови на групата Монистра се дипломирани музичари од Факултетот за музичка академија Св. „Кирил и Методиј”- Скопје. Бендот свири македонската етно музика со користење на традиционални инструменти. Музиката е збогатена со современи аранжмани. Во минатото имаат одржано концерти и настапи во Македонија како и на меѓународни фестивали. Етно групата Монистра е успешен презентер на македонската…

повеќе...