Вечерва предвелигденски концерт со „Чалгија Саунд Систем“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ -Охрид, Ве поканува на ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со „ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ“, – група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската. Концертот ќе се одржи денес, сабота (12 април) во големата сала, со почеток во 20:30 часот. Влезот чини 100 денари.

повеќе...

Предвелигденски концерт со „Чалгија Саунд Систем“ во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев” -Охрид, во големата сала, на 11 април (петок) со почеток во 20 часот ќе се одржи Предвелигденски концерт со „Чалгија Саунд Систем”. „Чалгија Саунд Систем е група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската. Влезот ќе чини 100 денари. WebOhrid

повеќе...

Концертот на полскиот композитор Пендерецки – „Музички настан“ за 2013 година

Концертот на полскиот композитор Кшиштоф Пендерецки со Македонската филхармонија на минатото издание на „Охридско лето“ е „Музички настан“ за 2013 година. Во конкуренција со балетот „Александар Трети Македонски“ и концертот на Дмитри Хворостовски со хорот и оркестарот на МОБ, незаборавниот настап на најстариот жив композитор на денешницата во предворјето на Света Софија го понесе епитетот најдобар концерт за минатата година. Обоистката Гордана Јосифова-Неделковска, долгогодишен селектор на музичкиот дел на програмата на „Охридско Лето“, беше наградена во категоријата „Меѓународна афирмација“ меѓу кларинетистот Васко Дуковски и пијанистот Никола Паскалов. Фестивалот „Охридско Лето“…

повеќе...

Ќе се одржи концерт на градскиот плоштад по повод 8-ми март

По повод одбележувањето на 8- ми март- Меѓународниот ден на жената, хорот „Распеано герданче“ ќе одржи свечен концерт. Концертот ќе се одржи во сабота, на 8- ми март, на градскиот плоштад пред споменикот на „Св. Климент Охридски“ со почеток во 12 часот и 30 минути.

повеќе...

Одржан голем хуманитарен концерт „Заедно сме посилни – Со музика за подобро утре“

Вечерва во  НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид,  се одржа голем хуманитарен концерт под мотото „Заедно сме посилни- Со музика за подобро утре“. Голем број на охриѓани го проследија овој хуманитарен настан. Настанот е во организација на ОО на Црвен крст Охрид и ЦКА/ПХВ програмата. „Концертот се организира по повод промоција  проектите кои ги работат младинци од 14 до 18 години во состав на програмата Црвен Крст во акција промоција на хумани вредности. Со овој концерт сакаме да покажеме  колку е моќта во младите и колку тие можат да го…

повеќе...

Во чест на Богојавление – Водици одржан концерт на хорот Света Злата Мегленска

Во чест на големиот православен празник „ Богојавление- Водици“, синоќа во Центарот за култура  „ Григор Прличев“ концерт со духовна музика одржа хорот „ Св. Злата Мегленска“. „Општина Охрид ни направи голема чест со поканата да бидеме дел од чествувањето на  „ Богојавление- Водици„  бидејќи овде се случува најмасовниот црковно- народен собир во земјите на православието. Нашиот репертоар го прилагодивме за овој голем празник и веруваме дека нашата позитивна енергија ја споделивме со бројната охридска публика“, – рече Летка Димоска- Полизова. Хорот „ Св. Злата Мегленска“ е формиран во 1986…

повеќе...

Жељко Јоксимовиќ ја крена охридската публика на нозе

Со концерт на балканската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ во салата на спортско рекреативниот центар „Билјанини извори“, синоќа започна прославата на големиот христијански празник, Богојавление – Водици. Вечерва во ЦК „Григор Прличев“ концерт ќе одржи хорот „Св. Злата Мегленска“.  Од Општина Охрид, годинава за најмасовниот христијански празник Богојавление – Водици, празничната програма ја распределија на повеќе денови, од 17-ти, а ќе трае до 20-ти јануари.

повеќе...

Влезни билети за концертот на Жељко Јоксимовиќ во „Зизи Топ“ и „Купи карти за се“

За  сите охриѓани и гости кои сакаат да присуствуваат на утрешниот концерт на балканската музичка ѕвезда, Жељко Јоксимовиќ во салата при Спортско Рекреативниот Центар „Билјанини Извори“,  влезните билети се  се уште  во продажба во музичката продавница „ЗИЗИ ТОП“ и во продажната мрежа на „КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“. Цената е 300 односно  500 денари за ВИП билетите. На влез истите се продаваат за  350 односно 600 денари.

повеќе...

Во петок Годишен концерт на градскиот хор во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во малата сала во петок, 20 декември со почеток во 20 часот ќе се одржи годишен концерт на градскиот хор. Уметнички раководител на Хорот е Александар Димоски. Влезот ќе биде слободен.

повеќе...

Во недела голем хуманитарен концерт во организација на Црвен крст

Во рамките на своите хуманитарни активности, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на хрватската фирма „Синерга“ ви најавува, за прв пат во Охрид, голем хуманитарен концерт на Госпел поп-рок музика, со настап на кантавторот Данко Томовиќ и музичката група Адонаи од Република Хрватска. Настанот ќе се реализира на 10.11.2013 (недела) во Спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 13:00 часот. Телесниот хендикеп-оштетен вид, со кој се соочува кантавторот Данко Томовиќ, беа повод средствата собрани од овој хуманитарен концерт од продажбата на влезници (50 денари) и продажба на оригами производи…

повеќе...