Годишен концерт на КУД „Дримкол“ – Вевчани

Вечерва во Домот на културата во Вевчани со почеток во 19:00 часот и во 20:30 часот, КУД „Дримкол“ ќе го одржи својот традиционален концерт пред својата најверна публика. На концертот ќе учествуваат сите фолклорни ансамбли, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ како и нејзини солисти. На програмата се застапени соборски песни и ора од различни краишта на Македонија, но, најзастапено оваа година е Северо-источното играорно подрачје. „Годишниот концерт за нас представува многу значаен настан, бидејќи имаме прилика да презентираме целовечерна програма пред нашите Вевчанци кој секогаш со восхит не следат…

повеќе...

На 25-ти март концерт на aнсамблот за народни игри и песни „Танец“ во Охрид

Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец”, во петок (25ти март) ќе одржи концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид. Концертот ќе биде со  почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 150 денари.

повеќе...

Сите да партиципираме во хуманитарни активности за спас на детски живот

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески заедно со директорите на охридските јавни претпријатија синоќа присуствуваше на хуманитарниот концерт во ЦК „Григор Прличев“ што се организира со цел да се соберат парични средства за лекување на малиот Кирил Митрески кој боледува од редок вид на рак на примарниот мозок. Непосредно пред концертот, градоначалникот Бакрачески упати апел до сите охриѓани и општествени чинители во наредниве денови активно во рамки на своите можности да се вклучат во преостанатите хуманитарни активности со цел што поскоро да се соберат потребните средства за лекување на Кирил. „Детскиот живот…

повеќе...

Владимир Василевски Четкар на голема азиска турнеја од септември

Џез-музичарот, композитор и гитарист со светска кариера Владимир Василевски Четкар од септември годинава до март 2017 ќе има голема турнеја низ Азија со поддршка на Министерството за култура. На 13 септември тој ќе настапи на џез-фестивал во Хонг Конг и потоа, во наредните шест месеци, ќе гостува на фестивали и во клубови во Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Тајланд, Малезија и Индонезија. Во неколку земји од Далечниот Исток веќе се објавени и се во продажба цедиња од охридскиот музичар со њујоршка адреса. Него денеска во својот кабинет го прими министерката за…

повеќе...

Охриѓани покажаа хуманост за помош на малиот Кирил Митрески

На денешниот уличен хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари. Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил. Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани,…

повеќе...

„Не кажувај либе добра ноќ“ за Денот на виното и љубовта во Охрид

Со музички ноти во еден несекојдневен амбиент, охриѓанецот Петар Маркоски ги кани гостите и своите сограѓани на едно заедничко прославување на празникот на виното и љубовта. Проектот насловен како „Не кажувај либе добра ноќ” кој ќе се реализира на 14ти февруари има за цел да ја долови прекрасната мелодичност и музичките текстови на песните од минатите генерации кои се иднетификуваат со свој генерациски код и своја харизма. „Сублимирајќи и трансформирајќи ја нивната моќ од минатото во сегашниот модерен начин на брзо темпо на живот , многу луѓе ќе ја откријат…

повеќе...

Божикни концерти на Филхармонијата и на хорот „Злата Мегленска“

Македонската филхармонија во Македонскиот народен театар изведе Божикен концерт, под диригентство на Саша Николовски ­Ѓумар. Оркестарот отсвири дел од најубавите композиции на руската класична музика ­ свитата „Оревокршачка“ од Чајковски, „Половецки танци“ од операта „Кнез Игор“ од Бородин, Интермецо од балетот „Рајмонда“ од Глазунов, „Валс ­ фантазија“ од Глинка и „Големата порта на Киев“ од „Слики од изложба“ од Мусоргски. Филхармонијата најави дека по концертот за Божик ќе ја продолжи концертната сезона со атрактивна програма. Божикен концерт „10 години Божик ­ слава“ синоќа традиционално одржа и Женскиот камерен хор „Св.…

повеќе...

Наградени 24 дела на конкурсот за класична музика

Од вкупно поднесени 34 апликации наградени се 24 дела во 11 категории, додека за три категории (композиции за мелодиски инструмент, композиции со духовен карактер за мешан хор и композиции за квартет) на конкурсот не пристигнала ниту една апликација. За резултатите од конкурсот на денешната прес-конференција во Скопје информираше министерката за кутура Елизабета Канческа-Милевска. Таа подвлече дека преку овој конкурс, кој, според неа, е еден од најефективните кои ги спроведува Министерството во насока на соодветно вреднување и стимулација на творештвото на македонските автори, досега фондот на музичките дела од овој жанр…

повеќе...

Денес предновогодишен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“

Денес во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи предновогодишен концерт, на кој ќе настапат Студио „Визави”, дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид, „Распеано Рибарче“ и Дедо Мраз. Концертот ќе се одржи со почеток во 12 часот, а влезот чини 50 денари.

повеќе...

Баритонот Борис Трајанов го одржа својот јубилеен концерт „На Македонија со љубов“

На концертот, на кој присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, беа изведени едни од нашите најубави традиционални љубовни и патриотски македонски народни песни. Гости на концертот беа мецосопранот од Србија Јелена Влаховиќ и нашите првенци, сопранот Весна Гиновска-Илкова и тенорот Ѓорѓи Цуцковски. Специјално за овој концерт беа подготвени нови аранжмани на песните чии автори се Тодор Трајчевски, Дарко Мариновски и Сони Петровски. Балетски солисти беа Ивана Коцевска и Дојчин Дочев од Бугарија, концерт-мајстор Верица Ламбевска, режисер Дејан Прошев, а диригент беше гостинот од Србија Ѓорѓе Павловиќ. Автор на сценариото…

повеќе...