Арнаудов: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од реалните потреби на граѓаните

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција, на која беше презентирана програмата на ВМРО-ДПМНЕ – Реално за период 2017-2020 година. Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Др. Љубен Арнаудов истакна дека оваа програма го носи токму тој наслов од неколку причини. Прво дека програмата произлегува од реалните потреби на граѓаните на Република Македонија, опфаќајќи ги различните сегменти во општественото живеење. Вели, дека најзначајно е да се разгледаат реалните побарувања, да се согледа потребата од нивно сублимирање, се со цел да…

повеќе...

Заев: Најавувам генерален реизбор во судството, уште 30 дена до правда за сите!

Претседателот на СДСМ,  Зоран Заев денес одржа прес конференција, на која истакна: „Почитувани граѓани, Најавувам ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР НА СИТЕ СУДИИ ВО ДРЖАВАТА. Тоа ќе се случи веднаш по 11 декември! Доста страдаа граѓаните и чесните луѓе, додека криминалци и насилници од власта и нивни соработници се на слобода. Уште само 30 дена и ЌЕ ИМА ПРАВДА! Ќе ја раскинеме целосно спрегата на несовесното судство со криминалната, корупциска и неодговорна власт на Никола Груевски. Ниеден судија повеќе нема да си дозволи да осудува невини луѓе. Ниеден судија нема да смее да…

повеќе...

Локалната самоуправа во инфраструктурни проекти инвестира околу 180 милиони денари

На денешната тематска прес- конференција, градоначалникот Никола Бакрачески направи рекапитулација на реализираните, тековните и идните инфраструктурни проекти и капиталните инвестиции. Тој посочи дека Охрид, во изминативе три години и седум месеци континуирано се уредува и разубавува и дека не постои точка на територијата на општина Охрид, каде во изминативе години не се инвестирало, реконструирало или градело. „До сега успеавме да инвестираме 179 милиони 166 илјади и 332 денари во разни инфраструктурни проекти кои опфаќаат реконструкција, санација и одржување на улици со вкупна површина од 130 860 метри квадратни и дополнително…

повеќе...

Одржана научна конференција „Филмот и Духовноста”

Институтот за филм – Филмска академија Охрид (ФИОФА) минатата недела (18. – 20. октомври) беше организатор и домаќин на научна конференција на тема „Филмот и Духовноста”.  На оваа конференција четиринаесетте учесници меѓу кои д-ри на науки, професори и истражувачи од ФАМУ, ФИОФА, Словачката Академија за наука (Братислава), Универзитетот на Константин Филозоф (Нитра), Универзитетот Масарикс (Брно), Универзитетот Паласки (Оломоуц), Универзитетот Комениус (Братислава), Академијата за сценски уметности (Братислава), Карловиот универзитет (Прага) и Универзитетот на Томаш Бата (Злин) учествуваа со свои научни трудови и дискутираа на горенаведената тема од различни аспекти. Нивните трудови…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи меѓународна судска конференција „Независно судство“

На 28ми октомври (петок) во Охрид, ќе се одржи Прва меѓународна судска конференција на тема „Независно судство“. Конференцијата е организирана од страна на Врховниот суд на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија, во соработка со CEELI Institute Prague и со поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија. На конференцијата поздравно обраќање ќе имаат Лидија Неделкова, претседател на Врховниот суд на Република Македонија, Дејвид Стивенсон, шеф на политички и економски оддел на Амбасадата на САД во Република Македонија, Кристофер Лехман, извршен директор на Институтот CEELI, Прага и…

повеќе...

Меѓународна конференција по повод 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов,  во Конгресниот центар во Охрид, се обрати на свеченото отворање на Меѓународната конференција по повод 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски. Меѓународната конференција насловена како „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата” е во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски” – Скопје. „Годинава кога одбележуваме 11 века од неговото физичко упокојување, ние се потсетуваме на неговите пораки, кои треба да ни помогнат да им останеме верни на трајните и вечни морални и етички принципи…

повеќе...

Меѓународна конференција за мирно решавање на работни спорови

Новиот механизмот за мирно решавање на работни спорови што неодамна беше воспоставен во нашата земја, овозможува побрзо, поефикасно и бесплатно вонсудско решавање на колективните и индивидуалните работни спорови. Од неговото функционирање полза имаат како работнaиците и работодавачите, така и земјата во целина, бидејќи се овозможува социјален мир на работното место, а со тоа и економски раст. Ова е една од клучните констатации на учесниците на дводневната меѓународна конференција „Мирно решавање на работни спорови“, организирана во Охрид на 18. и 19. октомври 2016, од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ).…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Мирното решавање на работните спорови пред предизвик

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа Антонио Грациози се обратија на Регионалната конференција посветена на ефективните механизми за мирно решавање на работните спорови. Конференцијата која се одржува во Охрид се организира во рамки на проектот „Унапредување на социјалниот дијалог”, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Министерката Ташевска-Ременски во своето обраќање подвлече дека релативно новиот механизам за мирно решавање на работните спорови, во Република Македонија е воспоставен како резултат на…

повеќе...

Охрид домаќин на Меѓународна конференција за мирно (вонсудско) решавање на работни спорови

Денеска и утре во Охрид, се одржува меѓународна конференција посветена на механизмите за мирно (вонсудско) решавање на работни спорови. На конференцијата, организирана од Меѓународната организација на трудот (МОТ), учествуваат експерти и претставници на релевантни институции од земјава, регионот и Европската Унија. Во рамки на дводневниот настан меѓу другото ќе бидат презентирани и искуствата од решавањето на првите работни спорови во земјава според воспоставениот нов систем за мирно решавање на работни спорови со помош на помирувачи и арбитри.

повеќе...

Танасоски: Неправилности и несериозност во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“

Четири години по ред укажуваме за неправилностите и несериозноста во раководењето со Детската Градинка „Јасна Ристеска“. Најстрашно е што самоволието во управувањето и раководењето на оваа јавна установа е на штета на родителите, воспитнообразовниот процес, а најмногу на децата.“– рече на денешната прес -конференција Ѓоко Танасоски, член на Извршниот Одбор на СДСМ и додаде: „Реконструкцијата на централниот објект од градинката, за којашто неколку пати досега алармиравме и баравме извештај, а којашто пред неколку месеци требаше да биде готова, се уште не е завршена.Со месеци децата од оваа градинка се преместувани во други…

повеќе...