По трите победи во првите три средби од Квалификациите за Евробаскетот 2015, Сениорската репрезентација на Македонија во тесна завршница во Шарлоа, го доживеа првиот пораз во циклусот. Нашите кошаркари и натаму остануваат на чекор до посакуваниот пласман, во пресрет на натпреварите против Данска и Белорусија во Скопје. Со цврста и агилна игра во одбраната нашите кошаркари го почнаа натпреварот со силниот противник, а првите поени ги примија по речиси четири минути игра. Иако Белгија важи за екипа која е особено квалитетна во реализацијата, Македонија постојано одржуваше благо едноцифрено водство во…
повеќе...Tag: кошарка
Македонија 76-73 Белгија
Брилијантно второ полувреме и пресврт на пожртвуваните македонски кошаркари, кои одиграа најдобро кога најмногу требаше и апсолутно заслужено стигнаа до триумф над фаворизираниот противник. Тројката на Марко Симоновски на 3 секунди до крај од продолжението, го постави конечниот резултат. Иако на моменти од првото полувреме Белгија успеваше да направи и двоцифрена разлика, нашите репрезентативци понесени од домашните навивачи успеаја со цврста одбрана во второто полувреме да направат комплетен пресврт и да стигнат до голем триумф за старт на квалификациите. Белгија погоди многу шутеви од далечина во првото полувреме, а додека…
повеќе...Македонија 85-55 Грузија
Избраниците на Александар Џикиќ со максимален учинок од три победи во исто толку натпревари го завршија првиот подготвителен турнир за Евро-квалификациите, кој се одржа во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид. По убедливите победи над Австрија и Романија, македонските репрезентативци денеска со сигурна игра во текот на сите 40 минути убедливо ја совладаа и Грузија со резултат 85-55. Со цврста и агилна одбрана уште од почетокот на натпреварот, нашите репрезентативци навестија дека првите ѕвезди во грузискиот состав, Заза Пачулија и Виктор Саникидзе, нема да добијат премногу шанси да ја постават…
повеќе...Македонија 75-56 Романија
Со нова одлична тимска партија и контрола врз случувањата на теренот и резултатот во текот на сите 40 минути од натпреварот, Македонија заслужено ја совлада Романија со високи 75-56. Избраниците на Александар Џикиќ утре го играат последниот меч од турнирот во Охрид, а противник ќе биде Грузија. Слично како и на вчерашната средба со Австрија, селекторот Александар Џикиќ уште од почетокот на натпреварот често ротираше со својот состав, давајќи еднаква шанса на сите кошаркари во составот. Бојан Трајковски и Ричард Хендрикс беа предводници на раното водство на нашиот тим од…
повеќе...Македонија 98-71 Австрија
Во спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, сениорската репрезентација на Македонија со победа од 27 поени разлика над Австрија го отвори првиот турнир од подготовките за Евро-квалификациите. Избраниците на Александар Џикиќ со одлична тимска игра во текот на сите 40 минути, заслужено славеа со 98-71. Иако Австријците подобро го почнаа натпреварот и во неколку наврати водеа и со по 8 поени разлика, нашата репрезентација предводена од Бојан Трајковски успеваше да ја одржи резултатската неизвесност до средината на првиот период. Селекторот Александар Џикиќ често менуваше со составот, испробувајќи повеќе различни варијанти…
повеќе...Започнаа подготовките на сениорската репрезентација на Македонија во кошарка
Од денес до 18 јули на подготовки во Охрид, во Спортската сала Билјанини Извори, се наоѓа сениорската репрезентација во кошарка на Македонија. За време на подготовките на 16,17 и 18 јули ке се одржи и меѓународниот кошаркарски турнир Охрид 2014, на кој покрај Македонија ќе учествуваат и соодветните репрезентации на Австрија, Грузија и Романија.
повеќе...In Memoriam – Филип Сотиров (09.04.1999 – 28.06.2014)
Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика информацијата за трагичната смрт на 15-годишниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Филип Сотиров. Филип Сотиров, еден од најталентираните и најперспективните играчи во Македонија, репрезентативец во младинските категории и член на Партизан Водно Санс, почина во саботата на свои само 15 години. Загубата е ненадоместлива. Смртта на Сотиров предизвика шок, голема тага и силна болка кај сите нас на овој црн ден за македонската кошарка. Македонската Кошаркарска Федерација сочувствува со фамилијата и најблиските на Филип Сотиров. Погребот ќе се одржи во понеделник на Градските гробишта…
повеќе...Со роденденска забава одбележан јубилејот – 10 години КК „Колибри“ Охрид
Денеска, во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти, Кошаркарскиот клуб „Колибри“ од Охрид со голема роденденска забава го одбележа јубилејот, десет години од формирањето на клубот. Исто така, заедно со новинарите од Охрид беше организиран и хуманитарен концерт за помош на болното 11 годишно момче од Охрид, на кое што му е неопходна операција во Пекинг, а чини 35 000 евра. „Во Спортскава сала „Тодор Александров“ организиравме мини турнир, кој го посветивме на сите активни членови во овој клуб и со тоа сакавме да го одбележиме нашиот роденден. Исто така овој турнир…
повеќе...Во Струга ќе се одржи вториот тренерски семинар годинава
На 24 и 25 јуни 2014 година во Струга, ЗКТ на Македонија ќе го одржи задолжителниот Семинар за кошаркарски тренери, втор годинава. Божидар Маљковиќ, Раде Георгиевски и Ленче Атанасовска Величковска ќе одржат предавања на атрактивни теми за унапредување на работата како со сениорските, така и со младинските категории во нашата земја. Теми на предавањата: Божидар Маљковиќ: – Контра напад и транзиција – Одбрана од контра напад и транзиција – Склоп на вежби со совети за унапредување на перформансите на играчите и на играта – Дискусија за актуелни случувања, со прашања,…
повеќе...Познат списокот на женската сениорска кошаркарска репрезентација
Женската Сениорска Репрезентација на Македонија во текот на јуни 2014 година ќе настапи на квалификациите за Европското Првенство што во 2015 година ќе се игра во Унгарија и Романија. Селекторот Горан Јовановиќ го одреди списокот од 24 кошаркарки на кои ќе смета за време на целиот квалификациски циклус. Првиот собир ќе се одржи во Скопје на 30 април. Подготовките почнуваат на 30 април во салата „Градски Парк“, а првиот собир е закажан за 16:30 часот. Според планот на подготовки, во Скопје ќе се работи два пати дневно, генерално на физичка…
повеќе...