Почнува ЕП до 20 години жени, Македонија стартува против Велика Британија

Денеска со почеток од 19:30 часот по македонско време, Македонската женска репрезентација до 20 години со натпревар против Велика Британија го стартува Европското првенство (Б дивизија) кое се одржува во бугарскиот град Албена до 14 јули. Избраничките на Александар Домлевски од понеделникот се во Бугарија, каде веќе ги одработија тренизните и последните подготовки пред Првенството. Настапуваат вкупно девет репрезентации, а се игра по лигашки систем, според кој најдобро пласираните три селекции на табелата ќе обезбедат пласман во А-дивизијата. Домлевски во изјавата пред заминувањето за Албена потенцираше дека е задоволен од…

повеќе...

МЗТ Скопје доби вајлд-карта за настап во Еврокупот

Откако минатата сезона успешно дебитираше во АБА лигата, МЗТ Скопје Аеродром за оваа година доби вајлд-карта за настап и во второто по ранг европско клупско натпреварување – Еврокупот. По пауза од 13 години, аеродромци повторно се враќаат на европска сцена. Низ соопштение за јавноста, управата на КК МЗТ Скопје Аеродром денеска информираше дека барањето за настап во Еврокуп натпреварувањето преку вајлд-карта било прифатено и актуелниот македонски шампион ќе биде дел од 48-те екипи за претстојната 2013/14 сезона. Со задржувањето на главните кошаркари во тимот и неодамнешниот потпис со Влада Вукоичиќ…

повеќе...

Пораз од Тунис – Македонија четврта на Медитеранските игри

По почетните две победи во Мерсин, кошаркарската репрезентација на Македонија го забележа и третиот пораз по ред, со што остана без медал на Медитеранските игри. Во изедначениот натпревар против Тунис, избраниците на Марјан Србиновски загубија со 63-58 и го завршија дебитантскиот настап на ова натпреварување на четвртото место во конкуренција на седум селекции. Александар Костоски со четири поени во низа добро го отвори натпреварот, но следуваше подолг период со слаба игра во напад која селекцијата на Тунис знаеше да ја искористи за прво поопипливо водство. Сепак, во втората половина од…

повеќе...

Убедлив пораз од Србија, за бронза ќе играме против Тунис

Нашата кошаркарска репрезентација доживеа убедлив пораз во полуфиналето на Медитеранските игри од силната Србија со 94-49. Избраниците на Марјан Србиновски сепак остануваат во борба за медал, а во вторник за бронзата ќе се сретнат со Тунис кој во второто полуфинале беше поразен од Турција. Уште од почетокот на натпреварот во Мерсин, Србија го наметна своето темпо на игра и додека нашите кошаркари тешко успеваа да го најдат падот до противничкиот кош, противникот константно го зголемуваше водството. Со само 19 постигнати поени во првите 20 минути, македонските кошаркари веќе имаа 28…

повеќе...

Пораз за Македонија 57-77 од домаќинот Турција за полуфинале со Србија

Кошаркарската репрезентација на Македонија беше поразена од домаќинот и фаворит на турнирот Турција со 57-77, со што се пласираше на второто место во Групата. Утре од 16:15 избраниците на Марјан Србиновски ќе играат полуфинале со Србија. Турција водеше во текот на целиот натпревар и во рутиснка завршница дојде до висока победа на крајот од 77-57. Селекторот Марјан Србиновски често ротираше и испробуваше различни тактички варијанти, давајќи им посериозна шанса и на резервните кошаркари во тимот, кои ќе бидат од голема помош на следните два натпревари во борбата за медал на…

повеќе...

Победа над Алжир од 89-81 за место во полуфиналето на Медитеранските игри

Со одлична игра во текот на сите 40 минути и постојана контрола врз настаните на теренот и резултатот, избраниците на Марјан Србиновски ја заслужија победата против Алжир, која им го осигура пласманот во полуфиналето на Медитеранските игри. Утре е слободен ден, а во петок нашите кошаркари ќе играат со домаќинот Турција за првото место во групата. Рано во натпреварот, со неколку погодени шутеви на Костоски и Трајковски, нашата репрезентација поведе со 11-3. Тимот на Марјан Србиновски делуваше многу поагилно и играше многу послободно во однос на вчерашниот натпревар со Египет,…

повеќе...

Македонија го совлада Египет по продолжение со 74-67

Репрезентацијата на Македонија со триумф дебитираше на Медитеранските игри во Мерсин, откако во исклучително неизвесен натпревар успеа да се врати од двоцифрена негатива и да го совлада Египет со 74-67. Вториот натпревар од Групата А, избраниците на Марјан Србиновски го играат утре против Алжир. Особено тежок старт на натпреварот имаше нашата репрезентација, а во делови од третата четвртина се најде и во неочекувано висока негатива од 11 поени. Сепак, со далеку подобра игра во напад во четвртиот период и пред се во продолжението, Македонија на крајот дојде до заслужена победа…

повеќе...

Заврши „Тренерската Клиника“ – Охрид 2013

Дводневната Тренерска Клиника која се одржа во салата „Билјанини Извори“ во Охрид доби највисоки оцени, а содржајните предавања и презентации на Димитриос Итудис, Жељко Обрадовиќ и Антон Крумп беа повеќе од добредојдени за тренерите кои ги поздравија со аплауз. Вкупно 90-те присутни тренери на дводневната Клиника добија одлична можност да ги унапредат своите познавања за кошарката низ предавањата и презентациите на некои од најеминентните тренери во Европа и светот. Предавањата, во кои беа вклучени и показни вежби на терен, вкупно низ двата дена траеја повеќе од 12 часа, а опфатени…

повеќе...

„Тренерска Кошаркарска Клиника“ викендов во Охрид

Во сабота и недела (15 и 16 јуни) во СРЦ Билјанини Извори со почеток во 10:00 часот ќе се одржи „Тренерска Kошаркарска Kлиника“. Кошаркарската Клиника е во организација на ФИБА и ИОК, а предавања ќе одржат едни од најеминентните имиња во светската кошарка, Жељко Обрадовиќ, Димитриос Итудис и Антон Крумп. Предавањата во текот на двата дена ќе се одржуваат во период од 10:00 до 15:30 часот. Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги поканува сите љубители на спортот да го посетат овој настан.

повеќе...

Нашата репрезентација со пораз од Германија ги заврши квалификациите

Женската сениорска репрезентација на Македонија одигра уште еден одличен меч на квалификациите за Евробаскетот 2015 година, но на крајот сепак загуби од големиот фаворит Германија со 87-83, откако по четирите четвртини резултатот беше изедначен 75-75. Нашиот состав ги заврши квалификациите со пласман на третото место во групата, но и само со позитивни впечатоци од турнирот во Израел. За разлика од претходните два натпревари, против Португалија и Израел, третиот дуел против силната Германија се играше со многу поени. Предводена од расположените Гаврилоска и Гивенс на почетокот, а потоа и прецизните шутеви…

повеќе...