Разоткриена организирана група којашто криумчарела жив добиток во соседна Албанија

Вчера (27.03.) Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР на РМ спроведе координирана акцијата со цел сузбивање на организирана меѓународна криминална група, составена од десет македонски државјани (од кои седум со двојно државјанство, македонско и албанско) и тројца албански државјани кои во континуитет во периодот од 2012 до 2014 година биле инволвирани во криминални активности поврзани со организирање криумчарење и транспорт на жив добиток од Р.Македонија во Р.Албанија, со цел стекнување на нелегален профит. Случајот, кој што е продолжение на оперативната акција “Милка“, е реализиран со координација на…

повеќе...

Во два одвоени случаи кривични пријави за три лица за недозволено држење оружје

Денес, по добиени оперативни сознанија дека 34 годишно лице од Сарај држи поголема количина оружје и муниција и обезбедена добиена Наредба од страна на Судија на претходна постапка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, изврши претрес во неговиот дом и во автомеханичарски сервис “ВЕБИ-КОЧ“ кој е исто така во негова сопственост. При претресот беа пронајдени и одземени: една пушка “Карабин“, еден Пиштол марка “Берета“, 6 рамки за автоматска пушка, 4 рамки за пиштол, еден тромблонски додаток, 6 држачи за куршуми, 574 куршуми калибар 7,62 мм за автоматска пушка,…

повеќе...

Фалсификувала банкарски документ за да добие американска виза

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и против лицата С.Т.Џ. (56) и И.Ј. (38) двете од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – “фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ. На 21 минатиот месец до СВР Скопје-ЕЕКК преку СКП доставено е известување од Амбасада на САД во Скопје, во кое било наведено дека И.Ј. (полициски службеник-вработена во МВР), при поднесување на документи за неемигрантска виза на 07.10.2013 година употребила два фалсификувани документи…

повеќе...

Притворен 20-годишен охриѓанец поради обид за силување

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“,  СВР Охрид против лицето А.Р. (20) од Охрид, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор во траење од осум дена. Пријавениот, во текот на февруари и март оваа година сторил две кривични дела „Силување“, откако по кратко следење во вечерните часови користел погоден момент и со употреба на сила нападнал две жени од Охрид. На 26-ти фебруари годинава, околу 20 часот, на улицата „Мирче Ацев“ пријавениот А.Р. следел 31 годишна охриѓанка по што пред влезот од…

повеќе...

„Оперирале“ во викендички и краделе се што ќе најдат

ККР Гази Бабa до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата Б.А. (35) и П.А. (33), двајцата од село Катланово – скопско, поради основано сомнение дека извршиле девет кривични дела од областа на имотните деликти и тоа осум тешки кражби од викенд куќи и една тешка кражба од ПМВ за што од страна на Судија во претходна постапка им е одредена мерка притвор во траење од осум дена. Пријавените, наведените кривични дела ги извршиле во временскиот период од средината на октомври минатата година до почетокот на март годинава…

повеќе...

Кај лице од Делогожда пронајдени четири пиштоли и една ловна пушка

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга  против лицето А.Ж. (37) од струшкото село Делогожда, поднесе кривична пријава. На 18-ти декември минатата година ,при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа четири пиштоли и една ловна пушка сокриени во спалната соба, во помошни простории како и во делови од облека.  Во текот на претресот, пронајдени се следниве огнени оружја: пиштол марка ТТ М 57 со калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против лицето Д.О. (58) од Струга, поднесе кривична пријава, по што него одредена му е мерка притвор до 30 дена. На 22-ри февруари оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 262,75 грама опојна дрога кокаин. Пријавениот Д.О. кокаинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата. Различни количини кокаин пронајдени во пластична кутија засолната во…

повеќе...

Шумочувари примиле поткуп

СВР Скопје –Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје со кривична пријава ќе ги предаде Н.Д.(50) и И.К.(51), двајцата од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „Примање поткуп“ предвидено и казниво по чл.357 од КЗ на РМ. Имено, на 15.03.2014 година откако двајца браќа влегле со натоварени нежигосани дрва на коњи во нивниот двор во с.Пагаруша, биле забележани од страна на пријавените Н.Д. и И.К – вработени во МАКЕДОНСКИ ШУМИ Подружница Шумско стопанство “КАРАЏИЦА“ како шумари и во својство на службени лица на МАКЕДОНСКИ…

повеќе...

Кривична пријава за стружанец кај кого бил пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ полициската станица од Струга против Д.У. (67)  поднесе кривична пријава.  На 14-ти овој месец, при претрес извршен во неговиот дом во Струга, полициските инспектори пронајдоа 53 грама опојна дрога хероин. Пријавениот Д.У. хероинот го спакувал во помали опаковки и ги сокрил на различни места во куќата.  Четири алуминиумски фолии и една дигитална вага се пронајдени во пластична кутија засолната во висечки елементи во кујна на приземјето од неговиот…

повеќе...

Кривична пријава за двајца охриѓани поради напад врз службено лице

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“, СВР Охрид против Н.Д. (23) и А.Д. (20) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавените, казненото дело го извршиле рано утрово околу 02 часот и 30 минути во холот од полициската станица Охрид откако Н.Д. неповикан влегол во станицата и физички ги нападнал полициските службеници кои работеле на претходно нарушен јавен ред и мир во кој учесник бил неговиот брат А.Д. Иако соочени со неочекуваниот физички напад, полициските службеници го совладале Н.Д.…

повеќе...