Во делот на илегалната миграција во текот на минатата 2013 година евидентирано е зголемување за 46% на овој вид кривични дела, односно откриени се 52 (39) кривични дела „криумчарење мигранти“ сторени од 98 (70) сторители и пет дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“ сторени од 22 сторители. Според реализираните случаи на криумчарење мигранти Република Македонија воглавно останува транзит земја, односно мигрантите илегално ја поминуваат грчко – македонската граница, а потоа со такси превозници се упатуваат кон северната граница, додека од…
повеќе...Tag: криминал
Со „фалс“ лична карта земал рент-а-кар возила и ги препродал
СВР-Скопје, односно ОК-ККР во ПС од ОН Аеродром до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.М. (39) поради постоење основано сомнение дека извршил четири кривични дела и тоа две кривични дела – “затајување“ и две кривични дела – “употреба на исправа со невистинита содржина“, при што се стекнал со противправна имотна корист од 2.390.500 денари. Имено, пријавениот во периодот од 24 до 26 минатиот месец наведените кривични дела ги извршил на тој начин што со помош на негов пријател А.А. кој претходно му изработил лажна лична карта на име…
повеќе...Организирана група подолг период “снабдувала“ бутици низ повеќе градови во државата
Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска реализираше обемна акција за сузбивање и документирање на криминалот, односно кривичните дела кои подолг период наназад се вршени на Граничниот Премин „Ново Село“. Со примена на посебни истражни мерки, беа идентификувани членовите на криминалната група, односно злосторничкото здружение кои во континуитет криумчареле огромни количини текстилна роба со која снабдувале бутици во повеќе градови низ државата. Како членови на оваа криминална група се идентификувани и повеќемина вработени во Царинската управа, меѓу кои раководителот на Царинската испостава „Ново…
повеќе...Притворен 62-годишен жител на Дебар поради силување
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Силување“, полициската станица од Дебар против Ќ.И. (62) од Дебар поднесе поднесе кривична пријава. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е спроведен во казнено-поправна установа во Скопје. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 21-ви до 28-ми минатиот месец при што, и покрај покажаното спротивставување на обљуба присилил и извршил 14 годишно момче од Дебар. Тоа го сторил откако го забележал во близина на едно училиште во Дебар. Во расветлувањето на ова казнено…
повеќе...Со фалсификувани италијански изводи “успеале“ да стигнат до македонски пасоши
СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе четири кривични пријави против вкупно седум лица, и тоа: М.В. (25), А.А. (30), Ф.Љ. (31), Д.С. (30), Е.А. (30), М.И. (30) сите од Скопје и Џ.У. (27) од Прилеп, заради постоење на основано сомнение дека сториле четири кривични дела – “фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ. Имено, пријавените во периодот од 2010 до 2013 година, со намера да овозможат на четири НН лица – деца да им бидат извршени дополнителни уписи…
повеќе...„Вашингтон пост“ извести за акцијата на македонската полиција во Музејот на Македонија
Washington post, ABC news, Dailymail, Heraldstandard, Associated Press и многу други светски печатени и електронски медиуми известија за акцијата на македонската полиција и јавното обвинителство за расчистување на кражбата во Музејот на Македонија. Ви го пренесуваме интегрално преведен текстот што беше пренесен од „Асошиејтед прес“, а објавен на 27 февруари во еден од наjтиражните американски весници „Вашингтон пост“: Mакедонската полиција ги уапси директорот на најголемиот Музеј во земјата, поранешниот директор на Дирекцијата за заштита на културно наследство и уште шестмина други за кражба на 162 антички парчиња накит од музејските…
повеќе...После 62 кривични пријави “заработил“ уште една во обид да ја измами Т-Мобил Македонија
СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.Ш. (40) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – “фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл. 378 од КЗ на РМ. Имено, пријавениот иако невработен, а знаејќи дека еден од условите за стекнување со право да се склучи стандарден претплатнички договор со Т-Мобиле Македонија АД Скопје е да се достави како доказ – „Потврда за работен однос“ заверена од претпријатието каде подносителот на барањето е вработен, на на почетокот…
повеќе...Минатата година од вкупно расветлените 12.984 кривични дела, 1.558 биле извршени од малолетници
Последниве пет години малолетничкиот криминал бележи тренд на континуирано благо намалување, па така оваа година од вкупно расветлените 12.984(12.384) кривични дела, 1.558(1582) се извршени од малолетници, со што учеството на малолетничкиот во вкупнo расветлениот криминал е 12%(12,8%). Најмногу кривични дела извршени од малолетниците, или 45% се регистрирани на подрачје на СВР Скопје, а за разлика од лани бележиме зголемување на малолетните криминалци од 30%. Една од основните карактеристики на малолетничкиот криминал е повторништвото, а потврда за истото е дека во текот на 2013 година за извршените кривични дела се пријавени…
повеќе...Кривични пријави против 3 лица од Велешта поради тешка кражба во ОУ „Зини Хани“
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Тешка кражба“ полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.И.(20), А.Х. (20) и Д.Р. (15) сите од струшкото село Велешта. Пријавените, од основното училиште „Зини Хани“ во Велешта противправно одзеле 14 монитори и две куќишта за компјутери, а потоа ги сокриле со намера да ги продаваат. Тешката кражба ја извршиле на први овој месец околу 02 часот откако по претходен договор до школото пристигнале со возило џип. Пријавениот П.И. со употреба на физичка сила успеал да отвори еден од прозорците…
повеќе...Двајца вработени во неготинскиот катастар побарале и примиле поткуп од 400 евра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата З.Ј. (32) од Неготино, референт за прием на пријави/барања во одделение за катастар на недвижности Неготино и Д.Ѓ. (44) од Неготино, вработен како помлад соработник за геодетски работи поврзани со изготвување на податоци и запишување на промени во катастарот на недвижности во одделение за катастар на недвижности-Неготино, за сторено кривично дело “примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РМ. Пријавените, во својство на службени лица, а заради стекнување со противправна имотна корист примиле…
повеќе...