СВР-Скопје, ОИД – Отсек за џепни кражби, со кривична пријава до ОЈО-Скопје го предаде малолетното лице А.Ќ. (15) поради постоење основано сомнение дека во два наврати сторил кривично дело – “кражба“ предвидено и казниво согласно чл.235 од КЗ на РМ со што се стекнал со противправна имотна корист од 55 000 денари. Од страна на судија во претходна постапка, одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пријавениот двете кривични дела едното на 19 минатиот месец а другото…
повеќе...Tag: криминал
Кривична пријава за охриѓанец поради „тешки дела против општата сигурност“
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.С.(58) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени „тешки дела против општата сигурност“. Имено на 18.03.2014 година пријавениот во атарот на селата Арбиново, Лактиње и Годивје, со запалка опожарил тревна површина по што за кратко време огнот се проширил на околната шума предизвикувајќи имотна штета и опожарување на 25.000 м2 дабова и борова шума кај селото Арбиново, околу 30.000 м2 сува трева и шума кај селото Лактиње како и опожарување на околу 10.000 м2 млада шума и сува трева во атарот…
повеќе...Кривична пријава за стружанец
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Разбојништво“, и „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга против И.Л. (25) од Струга поднесе кривична пријава. Него основниот суд во Струга му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 23-ти овој месец во 09 часот и 25 минути, сега притворениот И.Л. со капа фантомка и со пиштол во раката влегол во менувачницата „К-Виса“ лоцирана во градскиот пазар во Струга и од вработената ги побарал парите од сефот. Потоа тој заканувајќи и…
повеќе...Октриени тројца македонски и еден грчки државјанин во обид да криумчарат 15 илегални мигранти
Министерството за внатрешни работи реализираше три одвоени случаи на криумчарење мигранти, при што против четири лица од кои тројца македонски и еден грчки државјанин до надлежното ОЈО поднесени се кривични пријави за сторено кривично дело – “криумчарење мигранти“ предвидено и казниво по член 418-б од КЗ на РМ. Во рамки на расчистувањето на овие случаи беа откриени пет сомалијски државјани, шестмина авганистански и четворица сириски државјани коишто се пренесени во Прифатниот центар за странци. Во првиот случај кривично пријавени се Р.Д. (41) од Шуто Оризари и М.А.(19) од Штип кој…
повеќе...Расчистена тешка кражба над 1.800.000 денари
СВР-Скопје-ОИД до надлежното ОЈО со кривична пријава го предаде лицето Р.Ш. (23) од Скопје, поради основано сомнение дека извршил едно кривично дело –“тешка кражба“ во куќа за што од страна на судија во претходна постапка на истиот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Кривичното дело пријавениот го извршил на 31 јануари годинава на подрачје на ПС ОН Ѓорче Петров во вечерните часови на тој начин што преку незаклучената порта, дошол до задниот дел од куќата, се качил на оградениот ѕид од дворот потоа се прекачил на…
повеќе...Со метална шипка оштетено патничко моторно возило Мерцедес
На 19.04.2014 година околу 10,30 часот на патот Ресен-с.Куратица, ПМВ„Мецедес“ со охридски регистерски ознаки, управувано од Л.Х.(1983) од Охрид, се движел пред автобус на „Галеб Охрид“, управуван од З.К.(1985) од с.Белчишта-Охрид, при што Л.Х. застанал кај с.Косел со цел автобусот да го помине, но З.К. по пристигнувањето на автобуската станица во Охрид влегол во сопственото ПМВ„БМВ“, и го пречекал Л.Х. кај кружниот тек во Охрид, излегол и со шипка удрил ПМВ„Мерцедес“ по задната хауба при што ја оштетил хаубата.СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот.
повеќе...За две недели расчистени 112 кривични дела на подрачјето на Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 28.03. до 09.04.2014 година документираше 112 кривични дела сторени на подрачјето на градот во различни реони, процесуирајќи 71 кривична пријава против 101 осомничено лице. Конкретно, Отсекот за тешки кражби поднесе 16 кривични пријави против 20 лица за 19 расветлени кривични дела и тоа за дела како „тешка кражба“ , “тешка кражба”во обид, “прикривање”, “кражба” и други дела во ингеренции на отсекот за разбојништва и дрски кражби, отсекот за моторни возила и отсекот за џебни кражби. Одделението за малолетници поднесе 13 кривични пријави…
повеќе...МВР откри два случаи на злоупотреба на безвизниот режим, пријави за пет лица
Министерството за внатрешни работи реализира два случаи на злоупотреба на безвизниот режим во кои се откриени и пријавени пет лица. Во првиот случај, Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против четири лица, од кои три од Кочани И.А. (41), Н.К(47) и Р.Џ.(49), како и Р.И.(35) од Скопје, осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор“ и „организирање група и поттикнување на извршување на делата од чл.418“,…
повеќе...Кривична пријава за стружанец поради кражба
Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „Тешка кражба“ и „Кражба“, полициската станица од Струга против лицето Р.М. (35) од Струга, поднесе кривична пријава. На 26-ти март оваа година, пријавениот со употреба на клешти го оштетил катанецот од две гаражи на улицата „Даница Вујивиќ“ во Струга од каде бесправно одзел еден кујнски бојлер, бакарен котел и повеќе други бакарни и месингани предмети. Истите ги продал на физичко лице од Струга за 2000,оо денари. Потоа се упатил во магацин за алати лоциран на улицата „Моша Пијаде“ во Струга од…
повеќе...Кривични пријави за двајца охриѓани поради пет казнени дела „Тешка кражба“
Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнени дела „Тешка кражба“, СВР Охрид против Р.Ф. (21) и Д.Т. (17) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавените, во периодот од 25-ти март до 4-ти април оваа година извршиле серија тешки кражби насилно отворајќи автомат-кафемати на неколку локации во Охрид. Користејќи метален мајсторски подесен алат како и физичка сила, пријавените го кинеле држачот од катинарите, ги оштетувале бравите и ги отварале автомат-кафематите од каде ги одземале парите. На тој начин, двајцата пријавени од кафематите кај Студенчишта, во централното градско подрачје, од…
повеќе...