Со бројни активности ќе се одбележи Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8-ми мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод и под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности: – 08 мај 2015 (петок) 10:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предшколските установи во Охрид,…

повеќе...

Детското одделение при охридската општа болница доби мини детска библиотека

Во рамки на спроведувањето на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите волонтери на Црвен крст Охрид реализираа проект со кој овозможија детското одделение при Општата болница од Охрид да се збогати со мини детска библиотека. На тој начин се разубави и олесни престојот на дечињата и нивните мајки во детското одделение. Полиците за детската библиотека беа обезбедени со средства собрани во хуманитарната акција на младинците на Црвен крст Охрид за гаѓање со воздушна пушка, која се организира во соработка со Стрелачкиот клуб Охрид. Проектот го помогнаа…

повеќе...

Јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во економското училиште

Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигнување на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОСУ „Кирил и Методиј“ (Економско) во Охрид при случена несреќа според соодветно сценарио. Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на капацитетите на ОСУ „Кирил и Методиј“…

повеќе...

Холандска донација за Црвен крст- Охрид

Соработката меѓу Црвен крст од Охрид и Црвен крст од Зеволде од Холандија, денеска беше официјализирана со потпишување на Меморандум за идните заеднички активности. На свеченоста, на која присуствуваше и заменик градоначалникот Ангел Јанев, гостите од Холандија на домаќините им ги врачија клучевите од специјалното возило кое го донираа за потребите на охридскиот Црвен крст. Специјалното возило е наменето за интервенции на тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид при несреќи, како и за поддршка на делувањето на Единицата за безбедност на вода и Единицата за спасување на планина…

повеќе...

Утре ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Црвен крст Охрид и Црвен крст Зеволде, Холандија

Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија. Како резултат на таа соработка, во периодот од 29-ти април до 5-ти мај, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид ќе…

повеќе...

Апел за помош на настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Непал

Силниот катастрофален земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала кој на 25-ти април го погоди Непал предизвика големи материјални штети и човечки загуби. Според првичните известувања на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Непал загинаа над 2.500 лица, од кои над 634 лица во главниот град Катманду. Бројот на жртвите се зголемува и се очекува истиот да се зголеми значително. Повеќе од 5.000 куќи се разрушени, направени се големи оштетувања на инфраструктурата. Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот Апел објавен од страна на Меѓународната…

повеќе...

Хуманитарна забава „Подај раче за другарче“ во повеќе градски игротеки

Во рамки на својата програма Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности „ЦКА-ПХВ“, Црвен крст Охрид организира голема детска хуманитарна забава која под мотото „Подај раче за другарче“. Настанот ќе се одржи утре сабота, 18-ти април во повеќе градски игротеки. Младинците од Клубот на млади на Црвен крст Охрид ги покануваат родителите да ги донесат своите деца да учествуваат на хуманитарната забава, каде преку игра ќе помогнат да се обезбедат средства за помош на седумгодишно девојче без родители од Охрид. „Почитувани родители и Драги дечиња, изберете хуманост и во сабота,…

повеќе...

Велика Среда

На Велика Среда, Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на…

повеќе...

Велики Понеделник

Велики Понеделник е првиот ден на Страстната седмица. Во него, Црквата се потсетува на последните денови на Христос во Ерусалим, неговото влегување во Храмот и растерувањето на трговците од него, оти тоа е место за молитва, а не пазар. Христос на Своите ученици во повеќе наврати им зборува за Своето страдење кое Му претстои, како и крајот на времињата и Страшниот Суд. На Велики Понеделник Црквата говори и за Неговата беседа во Храмот, за злобните лозари, како и проколнувањето на бесплодната смоква, која го претставува јудејскиот собор, (во кој Исус…

повеќе...

Со низа свечености ќе се одбележи Јубилејот 70 години Црвен крст Охрид

Црвениот крст Охрид, во сабота (28-ми март), со повеќе свечености ќе го одбележи својот 70 годишен јубилеј. Во 12:00 часот ќе има дефиле низ улиците на Охрид , со поаѓање од пред седиштето на Црвен крст. Во 13:00 часот , на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе се одржи презентација на активностите на Црвениот крст Охрид.  Вечерта во 19:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“,  ќе се промовираат  книги – Биографии за Анри Динан и Густав Моние. Додека во 20:00 часот, исто така во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена…

повеќе...