Утре ќе се одржи традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција „За посреќно детство“

Во рамките на своите програмски определби и цели, Црвен крст Охрид и Општина Охрид заеднички ќе реализираат низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење. Традиционалната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ на која младите своите спортски вештини и способности ги презентираат преку натпреварување во бројни спортски дисциплини и културно-забавни содржини, оваа година ќе биде збогатена и со крводарителска акција под покровителство на Општина Охрид, на која се очекува драгоцената течност да ја даруваат членови на спортските клубови и вработени во градските јавни претпријатија.…

повеќе...

Воздвижение на Чесниот Крст (Крстовден)

На овој ден се празнуваат два настани поврзани со Чесниот Крст: прво, пронаоѓањето на Чесниот Крст на Голгота, и второ, враќањето на Чесниот Крст од Персија во Ерусалим. Обиколувајќи ја Светата Земја Св. царица Елена намисли да го побара Чесниот Крст на Христос. Некој старец Евреин, по име Јуда, единствен знаеше за местото каде што се наоѓаше Крстот, па принуден од царицата изјави дека Крстот е закопан под храмот на Венера, којшто на Голгота го подигна царот Адријан. Царицата нареди и го разурнаа оној идолски храм, па копајќи во длабочина…

повеќе...

Младите од Црвен крст Охрид утре ќе танцуваат на плоштадот Св.Климент Охридски

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за добробит…

повеќе...

Волонтерите на Црвениот крст во сабота ќе танцуваат на песната „Hapyy“

Заедничко танцување, познато како флеш моб, на секој плоштад и во секој град во земјава, каде има канцеларија на Црвениот крст на Македонија, ќе се случи во сабота, точно на пладне, како финале на одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности, (21 – 27 септември).За таа цел, подготвена е и кореографија на песната „Happy”, („Среќен“) од Фарел Вилијамс, од страна на професионален танчар. Волонтерите од општинските организации на територија на градот Скопје ќе танцуваат заедно на плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата, во точно 12 часот. „Целта е преку танцувањето…

повеќе...

Недела на Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ)

Во рамките на Националната програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ), која веќе 17 години се спроведува во Македонија, младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, и при тоа се поттикнати да бидат активни и да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Секоја година покрај обуката за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат и обука како да изработуваат мали проекти за…

повеќе...

Уписи за новиот есенски циклус од програмата „Час за детски приказни на англиски јазик“

Црвен крст Охрид во соработка со Мировен корпус Македонија повторно објавува уписи за новиот есенски циклус од програмата „Час за детски приказни на англиски јазик“. Уписот се врши во просториите на Црвен крст Охрид, на ул. Димитар Влахов бр. 52, од 08,30-16,00 часот, најдоцна до 19.09.2014. Информации на 046 262 706 или ohrid@redcross.org.mk.

повеќе...

Крводарителска акција во близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“

Традиционалниот, меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“, оваа година има и хуманитарен карактер. Во соработка со организаторите на турнирот, Црвен крст Охрид денес (петок) од 17:00 – 23:00 ч. организира крводарителска акција во непосредна близина на фудбалскиот терен „Климент Колески“ (ОУ „Григор Прличев“) на која покрај учесниците на турнирот-фудбалерите, крв ќе може да даруваат сите хумани охриѓани и гости. На крајот на фудбалскиот турнир, екипата која имала најповеќе крводарители, ќе биде прогласена за најхумана екипа и Црвен крст Охрид ќе и додели вредна награда. Ги охрабруваме и ги покануваме…

повеќе...

Ќе се донираат детски јорганчиња за потребите на детските градинки и одделенија на Општата болница и Св.Еразмо

Својот десетгодишен јубилеј на успешна работаи својата висока општествена одговорност компанијата КОМФИ АНГЕЛ од Прилеп го одбележува преку соработката со Црвен крст Охрид и обезбедување на донација на детски јорганчиња  за потребите на детските градинки и детските одделенија на Општата болница и болницата Св.Еразмо. Црвен крст Охрид, донацијата ќе ја предаде на претставници на наведените институции утре, 20.08.2014 г. во 11 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

повеќе...

Од утре на граѓаните, гостите и туристите во Охрид ќе им биде достапно уличното списание „Лице в лице“

Во рамките на своите активности за помош и поддршка на ранливите-маргинализирани групи на население на територијата на Охрид, Црвен крст Охрид од утре, и на граѓаните, гостите и туристите во Охрид, ќе овозможи достапност до единственото македонско улично списание „ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“. Соодветно обучени продавачи кои потекнуваат од социјално загрозените и ранливи категории на граѓани, со помош и поддршка на волонтерите на Црвен крст Охрид, ќе бидат достапни на јавни и фреквентни места во Охрид (охридската чаршија, кејот, плажите и сл.) за сите охриѓани и гости кои сакаат да прочитаат…

повеќе...

Традиционалната крводарителска акција „Плаошник“, годинава ќе се одржи во ОУ „Св. Климент Охридски“

Со оглед на новодонесените ставови и препораки од страна на Институтот за трансфузиона медицина Скопје и Црвениот крст на Република Македонија, а кои се однесуваат на организирањето на крводартелски акции на отворено (во шатори, тенди и сл.), од Црвениот крст ги информираат крводарителите дека, традиционалната крводарителска акција „Плаошник“ која Црвен крст Охрид ја организираше секој 8-ми август, на празникот Св.Климент, почнувајќи од 2005 година, оваа 2014 година нема да се одржи на Плаошник, туку во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид, на 08.08.2014 г. (петок) во периодот од 18-24 ч.

повеќе...