Елшанци – најранобудни верници

Елшанци сануваат од 5:00 осветуваат вода во црквата „Свети Илија“ и подоцна, точно во 6:00 се фрла крстот во водите на елшанските извори каде присуствуваат над 90% од жителите на Елшани, а потоа сите на оро и со песна македонска! Оваа година светиот крст го фати Ристе Матлиоски. По неколку саати од сите елшански домаќинства пред 12:00 по двајца од куќа – елшанци заминуваат на светијонски ручек кај Кумот! Има 5 крстови, односно 5 колови каде најмалиот има помалку од десет куќи, а најбројниот повеќе од 50. По ручекот околу…

повеќе...

Христијан Јанкулоски го фати светиот крст во Велестово

17-годишниот Христијан Јанкулоски е најсреќниот фаќач на светиот крст во Велестово, меѓу 35-мината скокачи. На среќниот фаќач, од црквата „Голема Богородица“ од Велестово му подарија златно крсте и икона, а крст подарок доби и од резбарот Пере Блажески. Наградите ги делеше капитенот на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години, Симона Крстаноска од Велестово. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. WebOhrid

повеќе...

Христијан Китаноски го фати светиот крст во село Рамне

Празникот Богојавление-Водици се одбележа и во селото Рамне. Најсреќен меѓу неколкуте скокачи, беше младиот Христијан Китаноски. Велат дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. А.Андриоски/WebOhrid

повеќе...

Марјан Сотироски од Љубаништа го фати крстот во водите на Охридското езеро кај Св.Наум

Во 40-мина скокачи-капачи, Марјан Сотироски од Љубаништа е најсреќниот фаќач на светиот крст во  водите  на  Охридското Езеро кај Свети Наум. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба  во текот на целата година. WebOhrid

повеќе...

Шапкароски Игор е среќниот фаќач на светиот крст во Велгошти

Денеска во Велгошти на празникот Водици се собраа голем број на верници. За разлика од лани оваа година, чесниот крст беше фрлен во базенот покасно околу 08:30 часот. Базенот е изграден за Водици пред повеќе години. По чесниот крст во базенот скокнаа голем број на млади Велгоштани. Најсрекен од сите беше младиот Шапкароски Игор -Цапе. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот цела година ќе го следи среќа, здравје и благосостојба. Извор: Velgosti.com

повеќе...

Светиот крст во рацете на Петар Рупески од охридски Варош

Петар Рупески од охридски Варош, по вторпат во животот успеа да излезе од ладните езерски води со Светиот крст во рацете на прославата на празникот Богојавление – Водици во Охрид. Во водите на Охридското Езеро крстот денес го фрли владиката Јосиф, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија. – Пресреќен сум Го фаќам крстот по втор пат. Првиот пат тоа беше во 2005 година и навистина тогаш ми донесе многу среќа во животот. Посакувам секој да го фати крстот и да го доживее она што не можам да го опишам со зборови, изјави…

повеќе...

Црвен крст Охрид со препораки до капачите при влегување во водите на Охридското Езеро

Неодамна извршените градежни зафати-раскопување на езерското дно во градското пристаниште, предизвикаа појава на нерамнини и поголеми длабнатини во дното, кои претставуваат потенцијална опасност за учесниците-капачи кои ќе скокаат по светиот крст.  За да не дојде до несакани ситуации и повредувања на капачите, во продолжение ги посочуваме местата кои претставуваат потенцијална опасност за капачите и повикуваме на исклучителна претпазливост и внимателност при влегување во водите на Охридското езеро во внатрешноста на Градското пристаниште со напомена да се следат и почитуваат долунаведените препораки. ПРЕПОРАКИ ДО КАПАЧИТЕ ПРИ ВЛЕГУВАЊЕ ВО ВОДИТЕ НА ОХРИДСКОТО…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески како годинашен кум за Водици донираше хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства

Во рамки на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“, годинашниот кум, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со директорот на Адора инжинеринг Ванчо Чифлиганец, поранешен кум за Водици, денеска во Црвен крст – Охрид, донираа хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства. Поранешниот кум Ванчо Чифлиганец традиционално и оваа година донира 50 хуманитарни пакети, а градоначалникот Никола Бакрачески воедно и годинашен кум за Водици донира 80 хуманитарни пакети. Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека покрај овие пакети за социјално ранливите семејства, Локалната самоуправа посветено ќе работи на помагање на социјално загрозените семејства во создавање…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески повика на масовно одбележување на Богојавление-Водици

Денес градоначалникот на Охрид ,Никола Бакрачески кој заедно со бизнисменот Сашо Симески се кумовите на Богојавление – Водици, ги повика сите граѓани од Република Македонија, да присуствуваат во недела на градското пристаниште и да го проследат свечениот чин на фрлање на  Чесниот Крст во водите на Охридското Езеро. „Ја користам оваа прилика во мое лично име и во име на господинот Сашо Симески како годинешни кумови на празникот Богојавление – Водици да ги поканам  сите граѓани на Република Македонија што помасовно да дојдат да го посетат балканскиот Ерусалим, Охрид. Оваа…

повеќе...

Црвен крст апелира за Водици да се отстранат паркираните возила околу Капетанијата

Во рамки на подготовките за одбележувањето на празникот Богојавление – Водици и поставувањето на соодветната опрема за одвивање на крводарителската акција на просторот помеѓу Капетанија и ресторан Чун, се замолуваат возачите кои ги паркирале, да ги отстранат своите моторни возила и се известуваат и се упатува апел до граѓаните да не ги паркираат моторните возила на горенаведениот простор во периодот од 10 часот на 18 јануари до 17 часот на 20 јануари. Во текот на утрешниот ден, во соработка со СВР Охрид ќе бидат преземени сите соодветни мерки за расчистување…

повеќе...