Започна поставувањето на цевки на главниот пат за Лакочереј

ЈП „Нискоградба“, Охрид, ги известува жителите на село Горно и Долно Лакочереј дека од денес (понеделник) 09.06.2014 год. ќе започне со градежни активности, изведба на прекопи  и поставување цевки за пренос на флуиди на главниот пат од Училиштето по патот за црквата св. Спас. Се молат жителите за разбирање и да користат обиколни патеки на местата каде што ќе се работи.

повеќе...

ОО ГРОМ – Охрид на дружба во манастирот Св.Спас во Лакочереј

Секојдневието на работниците, нивните грижи и радости, е она што најмногу ги интересира членовите на Општинската организација на Граѓанската опција за Македонија од Охрид. Токму затоа, денеска, еден ден пред големиот христијански празник Прочка, претседателот на О.О.ГРОМ – Охрид, Љупчо Настоски и  дел од членовите на ГРОМ – Охрид организираа заеднички ручек со мајсторите, градежниците и останатите работници кои се вклучени во изградбата на манастирот Св.Спас во Горно Лакочереј. При посетата на манастирот, членството на ГРОМ имаше прилика да види како се одвиваат работите на манастирот, а воедно и да…

повеќе...

Василичарска забава во Долно Лакочереј со македонската фолк ѕвезда Јордан Митев

Синоќа традиционално на празникот Св. Василиј Велики – Василица во Културниот Центар „Македонија“ во Долно Лакочереј се одржа Василичарска забава. Весело, лудо и незаборавно беше на забавата која траеше се до раните утрински часови. Присутните ги забавуваше македонската фолк ѕвезда Јордан Митев. WebOhrid

повеќе...

Ставена во употреба новата канализациона линија Долно Лакочереј

Ј.П. „Нискоградба“ Охрид ги информира граѓаните на Општина Охрид дека е ставена во употреба новата канализациона линија Долно Лакочереј (од влез на селото до мостот) со вкупна должина од 1300 метри главен цевковод и премини со должина од 220 метри. Цевкоководот е изграден од профили со дијаметар Ф 200 мм и поставени се 60 канализациони шахти. Проектот за изградба на канализационата линија Долно Лакочереј започна во месец октомври 2013, а истиот е ставен во употреба во месец декември 2013 година. „Ги информираме граѓаните кои гравитираат на тоа подрачје дека Јавното…

повеќе...

Се интензивираат работите на изградбата на фекалната канализација меѓу Долно и Горно Лакочереј

Деновиве се интензивираат градежните работи за изградба на фекалната канализација меѓу Долно и Горно Лакочереј. Досега се изградени 400, а со забрзана динамика се очекува во кус временски рок да се заврши преостанатиот дел од 1000 метри. „Мораме да ја  забрзаме  динамиката  на изградбата на фекалната канализациона мрежа  за да можеме да ги искористиме средствата од Агенцијата за патишта со кои ќе го асфалтираме патот меѓу Долно и Горно Лакочереј“, – рече денеска при посетата на оваа локација, градоначалникот Никола Бакрачески, објаснувајќи дека овој проект е реализирање на дел од…

повеќе...

Започна изградбата на приклучокот на канализационата мрежа во Долно Лакочереј

Екипите на ЈП „Нискоградба“, денес ги започнаа градежните работи за приклучување на канализационата мрежа во Долно Лакочереј. Ќе се постават 1. 300 метри цевки со профил од 200 м.м, а градежните работи се очекува да завршат за еден месец, по што патот ќе се санира и асфалтира. Овој зафат, е дел од планираната програма за комунален развој на општина Охрид, преку која му се помага и на Јавното претпријатие „Нискоградба“ да има доволно работа, со што ќе ја консолидира својата материјално-финансиска состојба.

повеќе...