Конференција за млади лидери – „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 29 ноември, сабота, ќе се обрати на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес”, што ќе се одржи на 29 и 30 ноември во Охрид. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обратат поранешниот Претседател на Република Бугарија, г. Георги Прванов и поранешниот Претседател на Република Албанија, г. Бамир Топи. Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за балканското лидерство денес” се претставници на петте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива…

повеќе...

Претседателот Иванов до младите лидери: Бидете позитивен пример што ќе го следат другите

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги додели сертификатите на учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по негова иницијатива се одржа од 19 до 28 август во Охрид. Честитајќи им го завршувањето на интензивната обука од сферата на лидерството и менаџментот, претседателот Иванов на учесниците на петтата Школата за млади лидери им посака успех на професионален план. „Севкупниот наш успех, на државата, на институциите, на градовите, на селата, зависи од успешните поединци и каде и да сте секој пат имајте на ум дека треба да бидете…

повеќе...

Заврши петтата по ред Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со предавањето на надвојводата Карл Фон Хабсбург, член на династијата Хабсург и поранешен австриски европратеник вчера заврши петтата по ред Школа за млади лидери, што од 19 до 28 август се одржа во Охрид, по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. На годинешната Школа учествуваа вкупно 38 учесници, како и 21 предавач од Македонија, Европa, САД, Канада и Кина. Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и…

повеќе...

Претседателот Иванов оствари средба со учесниците на Школата за млади лидери

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, синоќа во Охрид ги прими учесниците на петтата по ред Школата за млади лидери, што по негова иницијатива, се одржува од 19 до 28 август во Охрид. Посакувајќи им добредојде во Вилата Билјана, претседателот Иванов пред младите лидери ја истакна потребата нашето општество да образува лидери во секоја област, што ќе нудат решанија за предизвиците на новото време. „Потребни ни се лидери во сите области, не само во политиката. Новото време носи нови предизвици. Во овој свет што брзо се менува, потребни ни се…

повеќе...

Учесниците на Школата за млади лидери во посета на општините Охрид, Вевчани и Ресен

Учесниците на петтата по ред Школа за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, се одржува во Охрид, денеска, поделени во три групи, ги посетија општините Охрид, Вевчани и Ресен. Пред младите лидери беше претставена работата на општините, предизвиците со коишто овие три локални самоуправи се соочуваат во својата работа, предностите и недостатоците, но и потенцијалот со којшто располагаат. По одржаните презентации, младите лидери, со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми, а предлог-проектите ќе им бидат доставени до градоначалниците на овие…

повеќе...

Потребни ни се лидери за предизвиците на новото време – отворена петтата Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Живееме во свет, кој е многу повеќе поврзан и зависен од кога било во историјата на човештвото и чуствува глобални предизвици. За животот во таков век потребни се и лидери, кои ќе знаат да излезат во пресрет на сите предизвици што ги носи новото време, рече Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов на отворањето на петтата Школа за млади лидери, што од денеска до 28 август се одржува во Охрид. Целта на Школата, како што подвлече претседателот Иванов, е да создаде луѓе кои ќе растат во височина, кои ќе…

повеќе...

Школа за млади лидери на претседателот Иванов во Охрид

Вкупно 40 учесници и 20 предавачи од Македонија,Европa, САД, Канада и Кина ќе бидат дел од Школата за млади лидери, што по иницијатива на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, годинава по петти пат ќе се одржи од 19 до 28 август во Охрид. Идејата на Школата е да им се овозможи на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и лидерски способности. Програмата опфаќа предавања и обуки од сферите на лидерството и менаџментот од страна на…

повеќе...