Македонија фаворит за Активен туризам во Лондон

Со штанд број 19 во конференцискиот центар Олимпиа во Лондон, Македонија се претстави на Конференцијата за Активен туризам и бизнис со понудата специјално подготвена за овој настан. На конференцијата на која се присутни 200 учесници – излагачи, тур-оператори и медиуми, Агенцијата за туризам дискутираше за предизвиците и трендовите на оваа брзо растечка индустрија. Активниот туризам во Македонија станува се поактрактивен и експлоатиран, особено после одржувањето на Регионалната конференција во мај 2016-та година во Охрид, каде 300 делегати имаа можност да се запознаат со убавините на Македонија. Агенцијата за туризам на…

повеќе...

Заменик министерот за одбрана Максути на Мировниот министерски состанок на ОН во Лондон

Заменик-министерот за одбрана на Република Македонија, д-р Беким Максути беше во посета во Обединетото Кралство каде што учествува на Министерскиот мировен состанок на ОН кој се одржа од 8-9 септември во “Ланкастер хаус,” Лондон. Овој министерски состанок е продолжување на мировниот самит на светските лидери кој се одржа во септември 2015 година, каде што повеќе од 54 земји се заложија за одржувањето на мирот. Во неговото обраќање на овој министерски состанок, заменик-министерот Максути истакна дека Република Македонија високо ги цени напорите на ОН и земјите кои даваат придонес и дека со…

повеќе...

Македонските наставници ќе добијат обука за примена на интерактивни методи во наставата

Околу 7000 наставници од средните училишта во Р. Македонија ќе добијат обука за примена на интерактивни методи во наставата по примерот на Јуниверзити колеџот од Лондон. Предавачи од Лондон веќе спроведуваат неколкудневна обука на 80 советници од Бирото за развој на образование кои подоцна ќе треба да го пренесат своето знаење на наставниците. Македонските наставници ќе добијат обука за активно учење, креативна настава, критичко размислување и воведување на ИКТ во училниците. „Станува збор за еден од топ 20 универзитети од Шангајската листа со кој што Бирото за развој на образование…

повеќе...

АППТ на саемот за туризам во Лондон со низа активности за помош и поттик на домашниот и странскиот туристички промет

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Макeдонија (АППТ) по втор пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на најголемиот саем за туризам во Лондон, Англија (WTM). Делегација од Македонија предводена од Директорот на АППT, Лела Крстевска, за време на свечената вечера организирана од CNN оствари бројни средби со Директори на владини агенции за туризам од Нигерија, Гватемала, САД, Унгарија, Белорусија, Словачка, Сејшели и др. На овој глобален настан искористена е приликата да се покани новинарот на CNN,  Ентони Борден (автор на книги за кулинарство и светски познати…

повеќе...

Туристичка промоција на Охрид во Лондон

Претставници на познатиот тур-оператор „Балкан Холидејс“ од Лондон, предводена од Стеван Поповиќ, на денешната средба со градоначалникот Никола Бакрачески и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, изразија подготвеност да помогнат во промоцијата на Охрид во британската престолнина. Промоцијата на туристичката понуда на Охрид во Лондон би се одржала пред познати туристички агенции и новинари, како и објавување на пригодни содржини во нивната рекламна публикација. Заеднички беше констатирано дека одличен потег е воведувањето на субвенционираната авионска чартер линија од лондонскиот аеродром Лутон до Охрид и назад,…

повеќе...

Стартува директната редовна авиолинија Лондон-Охрид-Лондон

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, доцна попладнево го пречека првиот лет од Лондон, со што официјално се означи отворањето на новата редовна директна линија Лондон-Охрид-Лондон во текот на летната сезона. Авионот кој пристигна од од лондонскиот аеродром „Лутон“, во туристичкиот бисер на Македонија – Охрид, донесе 133 патници. Нововостановената авио-линија е резултат на реализирањето на јавниот повик за субвенционирање што го распиша општина Охрид, а за оператор е избрана авио-компанијата WizzAir. Градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, на охридскиот аеродром ги пречека првите…

повеќе...

Од среда нова авио линија Охрид – Лондон

На 10-ти јуни (среда) на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, по повод првиот лет Лондон – Охрид – Лондон, ТАВ Охрид во соработка со општина Охрид организираат пречек на гостите. Меѓу присутните ќе бидат Претставници од ТАВ Македонија, Претставници од Министерството за транспорт и врски, Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и Претставник од ВиззАир.

повеќе...

Ставрески во Лондон: Финансиските зони интересни за Британците

Заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески одржа повеќе средби со претставници на бизнис заедницата во Лондон. Како што соопшти Министерството за финансии, на одржаните средби вицепремиерот Ставрески ги запознал стопанствениците со условите за водење бизнис и поволноста на бизнис климата во Македонија. „На досегашните состаноци најголем интерес е покажан за секторите прехранбена и автомобилска индустрија. Особен интерес лондонската бизнис заедница покажала за македонската финансиска зона, погодностите кои ќе ги нуди за меѓународните финансиски компании и за условите за инвестирање во зоната“, информира Министерството.

повеќе...

Глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес и утре (10./11. 12.) во Лондон, Велика Британија, ќе учествува на дводневниот глобален самит за справување со сексуалната злоупотреба на децата на интернет што се одржува под покровителство на англискиот премиер Дејвид Камерон. На самитот на кој покрај министри и преставници на ресорни министерства, учествуваат и претставници на бројни меѓународни асоцијации и институции, ќе се разговара за заканата и предизвици во борбата против сексуалната злоупотреба на децата на интернет, феномен што во последнава декада поприми сериозни глобални размери. Во неколкуте дебатни сесии…

повеќе...

Дејан Недев по втор пат одржа карате семинар во Лондон-Англија

Македонскиот каратист Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London. На семинарот учествуваа близу 60 каратисти од неколку карате клубови од Лондон. Семинарот траеше три дена, а последниот ден беше организирана свеченост на која присуствуваше и проф. Венцислав Недев на кој му беше дадено признание за придонес и развој на карате Академијата во Лондон. Исто така признание и плакета доби и м-р. Дејан Недев како инструктор на семинарот. Недеви беа наградени од страна на основачот и Претседател на Карате Академијата,…

повеќе...