Македонската репрезентација до 21 година го заврши настапот на Европското првенство во Полска со пораз од Португалија. Во третиот круг од Б групата Македонија загуби со 2:4 од Португалија. Македонија и Србија освоија по еден бод во групата, во која Шпанија оствари максимални три победи, Португалија е на второто место со шест бода. Енис Барди во 40. минута упати вистинска бомба од 25 метри во спротивниот агол на противничкиот голман, а португалецот Варела беше немоќен за првиот гол на Македонија на вечерашниот натпреавар. Кире Маркоски во второто полувреме го постигна…
повеќе...Tag: македонија
Св. апостоли Вартоломеј и Варнава
Во народното верување посебно важен празник се смета Вртолум, денот кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека тоа е тежок празник кога не се работи. Првиот е еден од 12-те врховни апостоли, а вториот од останатите седумдесет. Вартоломеј проповедаше заедно со апостол Филип во Азија, а потоа и во Индија и Ерменија, каде пострада маченички. Неговите мошти се зачувани, а подоцна пренесени најпрво во Беневет, па во Рим. Свети Вар¬нава, пак, се роди на островот Кипар. Беше Евреин од Левиевиот свештенички род. Прво се викаше Јосиф, но апостолите…
повеќе...Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски
Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, Свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.
повеќе...Светите маченици Александар и Антонина
Денес е празник посветен на Светите маченици Александар и Антонина. Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја загрна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го…
повеќе...ПОПГМ: „Аргументите ја осветлуваат вистината“ за криминалите на Драги Аргировски, почестен со прием кај претседателот Иванов
Партијата на обединети пензионери и граѓани на Република Македонија (ПОПГМ) испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, вчера примил делегација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводена од претседателот Драги Аргировски. Иванов им изразил поддршка за активностите на пензионерите додека, пак, претседателот на Сојузот, Драги Аргировски, му доделил Плакета на Иванов, во знак на благодарност за поддршката во активностите и афирмирањето на статусот на пензионерите како и Монографија подготвена по повод 70 години од основањето на Сојузот…
повеќе...Во Охрид ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017“
Во Охрид во периодот од 23 – 27 јуни, ќе се одржи фестивалот „Словенија во Охрид 2017“. Свеченото отворање на Фестивалот „Словенија во Охрид 2017 година“ ќе биде на 24.06.2017 година во 20 часот на летната сцена на Долни Сарај – Охрид. На отварањето ќе присуствува и свое обраќање ќе има Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија Милан Јанзбец. Во 22 часот на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржат Зоран Предин со најпознатата словенечка група Лачни Франs. Покрај тоа што ќе се изведуваат изведби на летната сцена на Долни…
повеќе...Свети Кирил, архиепископ Александриски
По потекло благородник и близок роднина на Теофил, патријархот Александриски, по чијашто смрт самиот беше посветен за патријарх. За време на својот живот водеше три лути борби: со еретиците новацијани, со еретикот Несториј и со Евреите во Александрија. Новацијаните настанаа во Рим, а така се наречени по презвитерот Новацијан, нивниот ересоначалник. Се гордееја со својата добродетел, одеа облечени во бела облека, им забрануваа на другите брак и сметаа дека никој не треба да се моли за оние што извршиле смртен грев ниту да се прими назад во Црквата оној којшто…
повеќе...Пренос на моштите на Светиот великомаченик Теодор Стратилат
Се празнува на 8 февруари и под тој датум е опишано житието на овој светител. Но на 8 јуни се празнува преносот на неговите мошти од Ираклија во Евхаита, зашто Свети Теодор му заветуваше на својот слуга Вар кога страдаше: „Телото мое положи го во Евхаита, на имотот на моите предци“. Свети Атанасиј Синајски запиша едно чудо од иконата на Свети Теодор. Во местото Карсата близу Дамаск имаше една црква посветена на Свети Теодор Стратилат. Кога Сарацените го покорија Дамаск, една група Сарацени со жени и деца се населија во…
повеќе...У21 ЕУРО 2017: Македонија одигра 2:2 против Србија
Македонската репрезентација до 21 година одигра 2:2 на дуелот против Србија од второто коло од Б групата на Европското првенство во Полска. Енис Барди во 63. минута го постигна првиот гол за Македонија на Европското првенство. Никола Ѓорѓев во 83. минута го постигна вториот погодокот за Македонија. Србија се спаси од пораз во 89. минута. Во првото полувреме нашата репрезентација единствено преку Енис Барди се обиде да го загрози голот на Милинковиќ – Савиќ. Нашиот фудбалер од средниот ред во осмата и во 43. минута шутираше од далечина, но голманот…
повеќе...Заев на ЦО на СДСМ: Ги комплетиравме новите партиски органи, уште попосветено да работиме за граѓанските и државните интереси
Централниот одбор на СДСМ, вечерва ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес. Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ. Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ. За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на…
повеќе...