Ѓорѓи Николов Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново…
повеќе...Tag: македонија
Светиот маченик Теодор и другите со него
За верата Христова пострада во Перга Памфилиска во времето на царот Антонин. Теодор беше млад и со убаво лице. Кога намесникот на таа област го избра заедно со други момчиња, за да ги испрати на служба во царскиот дворец, Теодор се спротивстави и изјави дека тој е христијанин. За ова беше мачен со разни маки, а потоа фрлен во оган. Но од земјата изби вода и го угаси огнот. Намесникот ова им го припишуваше на некои Теодорови магии. А маченикот му рече: „Ова не е дело на мојата сила, туку…
повеќе...Одиграно 31 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 31 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Брегалница 3:3 Вардар Македонија ЃП 0:1 Силекс Победа 1:0 Шкендија Работнички 1:1 Пелистер Ренова 2:1 Шкупи 1. Вардар 31 22 6 3 62:20 72 2. Шкендија 31 17 8 6 56:30 59 3. Работнички 31 13 10 8 41:28 49 4. Пелистер 31 12 9 10 34:26 45 5. Ренова 31 11 12 8 34:28 45 6. Силекс 31 10 12 9 37:37 42 7. Шкупи 31 7…
повеќе...Кривична пријава за лица од Радолишта поради оштетување туѓи предмети
ПС Струга поднесе кривична пријава против Џ.Д. (69) и Л.М. (40), двајцата од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“. На 12.12.2016 година во с.Радолишта пријавените вршеле ископ со механизација поради тампонирање на постојниот локален пат од село Радолишта до магистралниот пат Струга-Ќафасан. Притоа, со ископот неовластено било опфатено и местото северно од „Ранохристијанска базилика“, односно неистражен дел, кој претставува споменик на културата и за кого надлежен бил Завод и музеј Охрид.
повеќе...Каратистите ќе учествуваат на Европско во Турција
Агенцијата за млади и спорт е повторно местото од каде Македонската карате репрезентација заминува на Европскиот шампионат во Коџа Ели, Турција, кое од 04-09 Мај ќе пречека преку 400 натпреварувачи од 44 земји. На пресот организиран во просториите на АМС свое излагање имаа директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, селекторите Петар Белисројановски и Стојан Андриевски како и нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Моника Стефановска. „Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава финансиска поддршка за системот на натпревари, припремни периоди, како и меѓународни настапи на нашите…
повеќе...Тања Стојановска избрана за спортист на неделата и МВП на финалниот турнир од Првата Универзитетска лига во САД
Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, за кој на првата позиција игра Тања Стојановска, победи на финалниот турнир на МАК конференцијата (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекна со право да оди на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД на 12 и 13 Мај. Тимот инаку имаше серија од 8 последователни победи во конференциската лига и на завршниот плеј-оф турнир. Тања Стојановска беше избрана за МВП на завршниот турнир на МАК конференцијата, како и за спортист на неделата на нејзиниот Универзитет, бидејќи…
повеќе...Поевтинуваат нафтените деривати
Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,89%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.04.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е…
повеќе...Светите маченици Христофор, Теона и Антонин и Свети Трифун патријарх Цариградски
Светите маченици Христофор, Теона и Антонин Тројцата беа млади офицери кај царот Диоклецијан. Кога беше мачен Светиот великомаченик Георгиј, тие ги гледаа неговите маки и чудата што се извршија при тој настан. Кога го видоа сето тоа, излегоа пред царот и храбро го исповедаа името на Господ Исус. За ова беа подложени на големи маки и најпосле фрлени во оган, каде им изгореа телата, а душите им заминаа во вечната радост на Господ. Пострадаа чесно во Никомидија во 303 година. Свети Трифун патријарх Цариградски Царот Роман, а тој владееше со…
повеќе...Први мај – ден на трудот
Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1-ви мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1-ви мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1-ви до 4-ти мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден,беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени. Во знак…
повеќе...Преподобен Јован
Ученик на Св. Григориј Декаполит. Во времето на иконоборната ерес царот Лав Ерменин го подложи Св. Јован на маки заедно со неговиот учител Григориј и со Св. Јосиф Песнописец. Кога Св. Григориј го заврши својот земен живот, Јован стана игумен на Декаполитовиот манастир во Цариград. Штом стана игумен, заради Царството Божјо тој го удвои својот подвиг. Се упокои мирно околу 820 година. По смртта Св. Јосиф го погреба близу до гробот на неговиот учител Св. Григориј.
повеќе...