Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија. „Фудбалската федерација на Македонија повторно го помага развојот на младите категории. Помошта во вид на спортска опрема е многу важна и е од голема помош за екипите и за родителите на децата кои тренираат“, – истакна Драган Иванов од ФК Силекс. Координаторот…
повеќе...Tag: македонски спорт
Ангола 22-31 Македонија
Сениорската машка репрезентација на Македонија ја оствари и втората победа во вториот натпревар на Светското Првенство, откако во Мец ја совлада селекцијата на Ангола со 31-22. И покрај тоа што резултатот беше генерално изедначен во првите минути од натпреварот, нашите ракометари постојано ја контролираа играта, што до крајот на првото полувреме резултираше со предност од 14-9. Ангола на самиот старт на второто полувреме успеа да намали на 15-13, но веднаш потоа Македонија стигна до нова серија со која се искачи и на двоцифрена предност која ја одржуваше до крајот од…
повеќе...Нова поддршка од MOK во насока на развојот на џудото во Македонија
За потребите на Џудо федерацијата на Македонија, Македонскиот олимписки комитет, во соработка со Меѓународната џудо федерација (ИЏФ), го ангажираше ИЏФ експертот, м-р Габриел Сапта (Белгија), кој е ангажиран на период од една година, да престојува во Македонија и да работи на унапредување на Националната џудо структура во Македонија. Финансиските трошоци за ангажманот на ИЏФ експертот се во целост обврска на МОК и ИЏФ. Веќе овој викенд (14 и 15 Јануари), во Кавадарци, ИЏФ експертот, Габриел Сапта ќе ги презентира новите правила во џудото, донесени од страна на ИЏФ, а и…
повеќе...Македонија 34-30 Тунис
Македонската машка ракометна репрезентација денес со победа против Тунис од 34-30 го започна настапот на Светското ракометно првенство кое се игра во Франција. Избраниците на Лино Червар и покрај тоа што губеа на полувреме со еден гол разлика 13-14, сепак во второто полувреме, особено во последните 10 минути успеаа да прикажат далеку подобра игра од противникот за на крајот сосема заслужено со победа од 34-30 да го започнат ова Светско првенство. Во нашата група Б Словенија ја совлада Ангола со 42-25, додека пак Шпанија го совлада Исланд со резултат 27-21. Наредниот…
повеќе...Семинар за доктори и физиотерапевти за клубовите од Прва и Втора МФЛ
Комисијата за здравство и анти-допинг на 11. февруари 2017 година (сабота) во хотел Континентал, Скопје ќе го одржи годишниот лиценцен семинар за доктори и физиотерапевти од клубовите кои се натпреваруваат во Прва и Втора МФЛ. Во продолжение можете да ги пронајдете агендата за семинарот како и материјалите за истиот. Агенда (11.02.2017) Алатка за препознавање на потрес на мозокот СКАТ3 – помагало за оценка на потрес на мозокот
повеќе...Младинците се пласираа на Светското ракометно првенство
Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) со доминантна игра и убедлива победа над Турција од 39-19, направи огромен успех и со освоеното прво место во квалификациската група, обезбеди пласман на Светското младинско првенство што летово ќе се игра во Алжир. Високиот триумф на Португалија над Полска во првиот меч од последниот квалификациски ден, значеше дека Македонија за да го освои првото место во групата треба да ја совлада Турција со над 18 голови разлика. Свесни за тешката задача која ги очекува, избраниците на Иле Темелковски уште од стартот…
повеќе...Младинците доминантни против Полска за почеток на Квалификациите за СП
Младинската машка репрезентација на Македонија (до 21 година) успешно го почна квалификацискиот турнир за пласман на Светското Првенство, откако денеска пред полните трибини во СРЦ „Кале“ убедливо ја совлада Полска со 30-22. Избраниците на Иле Темелковски одиграа одличен натпревар во кој постојано го одржуваа рано стекнатото водство. Предводени од цврстата одбрана, нашите репрезентативци го отворија мечот со 3-0, а првиот гол во мечот го примија дури во осмата минута. Разликата се искачи на преку пет голови уште во 10 минута и со константна игра до крајот на првото полувреме, Македонија…
повеќе...Доделени дипломи за завршена обука за напреден спортски менаџмент (Втора генерација)
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски ги додели дипломите за завршена Обука за напреден спортски менаџмент на 8 (осум) претставници на Олимписките спортски организации, високо образовните и државните институции. Меѓународниот олимписки комитет ги доби завршните трудови на нашите кандидати во однос на шестте модули (Стратешки менаџмент, Финансиски менаџмент, Спортски Маркетинг, Организација на спортски настани, Менаџмент на човечки ресурси и Организација на Олимписки спортски организации) и согласно горе наведеното, со највисок успех, обуката ја завршија: Билјана Велковска Смилановска – Фудбалска федерација на Македонија; Дарио Милески – Федерација за коњички…
повеќе...Лино Червар го скрати списокот на 21 ракометар
Селекторот на Машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција. По завршувањето на првата фаза од подготовките во Маврово, Червар ги избра ракометарите на кои ќе смета за втората фаза од подготовките во Скопје и пријателските натпревари против селекцијата на Босна и Херцеговина. Поради настапот на Младинците Филип Талевски, Мартин Велковски и Марко Нелоски на Квалификациите за СП во истиот период во кој сениорите ќе ги играат и пријателските средби против Босна…
повеќе...МОК обезбеди 40 илјади долари за ракометната репрезентација
Македонскиот олимписки комитет за претстојното Светско првенство во ракомет во Франција (11-29 Јануари 2017 година), за потребите на машката ракометна репрезентација обезбеди финансиска помош во износ од 40,000 американски долари, средства наменети за подготовки и учество на нашите најдобри ракометари на овој најголем ракометен настан во 2017 година. Нашите најдобри ракометари играат во групата Б, заедно со репрезентациите на Тунис, Ангола, Словенија, Шпанија и Исланд. „Како и секогаш силно веруваме во квалитетите на нашите најдобри ракометари и дека тие на ова светско првенство ќе го прикажат своето најдобро.“ – стои…
повеќе...