Македонската фудбалска репрезентација до 21 година мина низ големо искушение, но успеа да освои огромни 3 бода со победа против Шкотска и е се поблиску до историско остварување и настап на големо натпреварување. Во Единбург на квалификацискиот натпревар против Шкотска клучен беше голот на Кире Маркоски за триумф од 1-0. Го задржавме победничкиот тренд во третата квалификациска група за играчи до 21 година и на четвртиот меч во низа на гостински терен останавме без пораз. Ја посакувавме победата и ја заслуживме со храбра игра. Во првиот дел го издржавме почетниот притисок…
повеќе...Tag: македонски спорт
Македонија го победи Луксембург на стартот од квалификациите за Евробаскетот 2017
Успешна премиера на новиот национален тим на Македонија во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат во 2017 година. Нашата најдобра селекција во 1 коло од Групата Г славеше лесна победа над Луксембург од 89:75 (30-13, 18-15, 21-26, 20-21). Фантастичното прва делница и маестралниот капитен Војдан Стојановски уште по првите десет минути на дуелот во салата Јасмин во Кавадарци кој ги добивме со 30-13 ни обезбедија мирен и убедлив триумф над Луксембург. Само во воведните минути од мечот кошаркарите на Луксембург беа рамноправен противник на црвено жолтите. По израмнувањето на 9-9…
повеќе...Шаховската репрезентација ќе учествува на Шаховската олимпијада во Азербејџан
Шаховската репрезентација на Македонија ќе учествува на Шаховската Олимпијада (1-14 септември) во Баку, Азербејџан. Репрезентативците и членовите на стручниот штаб на шаховската репрезентација на Македонија го најавија својот настап во куќата на спортот. Rаководството на Шаховската федерација, изјави дека Македонската машка репрезентација ќе настапи со подмладен состав на репрезентативци, кои треба полека да го градат своето меѓународно искуство имајќи ги покрај себе најдобрите македонски шахисти како велемајсторот Трајко Недев, додека пак женската репрезентација ќе ја предводат нашите најдобри млади шахистки (на возраст од 15 до 23 години), за кои овој настап е…
повеќе...Трансфер на Адис Јаховиќ во Гозтепе
Адис Јаховиќ е нов член на Гозтепе. Како што беше најавувано веќе подолго време, нашиот интернационалец направи трансфер во Гозтепе кој беше најзаинтересиран за нашиот напаѓач. Тој потпиша две-годишен договор со овој клуб. Тимот на Гозтепе се натпреварува со втората турска лига, а со ангажирањето на Јаховиќ, овој тим го засили нападот, со што е сериозен кандидат за промоција во Турската Суперлига. Минатите две сезони Јаховиќ настапуваше во Русија, за тимот на Крилја Советов. WebOhrid
повеќе...Агенцијата за млади и спорт им посака успех на параолимпијците
Оливера Наковска-Бикова и Ванчо Каранфилов се Македонските претставници на претстојните параолимписки игри во Рио. Тие, заедно со тренерот Бранислав Јовановски и другите сопатници за Рио го најавија учеството на Параолимписките игри, надевајќи се на повторување на успехот од изминатите континентални натпревари. „На мое големо задоволство, во просториите на АМС беше параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја на Летните Параолимписки игри во РИО, но и тим кој во изминатиов период бележи одлични резултати на меѓународните натпреварувања и во вистинска смисла на зборот покажува како треба да се…
повеќе...Објавен оглас за физиотерапевти во спортската академија
За ангажирање на ФИЗИОТЕРАПЕВТИ за работа со фудбалери во паралелките за фудбал во Спортската академија во паралелките во Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип и Велес. Конкурсот се објавува согласно член 15 од Законот за спортска академија и одредбите од Правилникот за посебни критериуми за ФИЗИОТЕРАПЕВТИ во спортска академија. – Во Тетово се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Гостивар се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Охрид се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Битола се бара 1 (еден) физиотерапевт; – Во Прилеп се бара 1 (еден) физиотерапевт;…
повеќе...Заврши одисејата на Шкендија во Лигата Европа
Шкендија претрпе пораз 0:4 од Гент на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје и со вкупен резултат од 1:6 е елиминирана од натпреварувањата во Лигата Европа. Целта на Шкендија беше да се постигне гол, но да не се прими. Сето тоа добро се одвиваше во текот на првото полувреме од овој натпревар во кое немаше голови, на полувреме се замина со резултат 0:0. Но, што се случи на полувремето!? Во второто полувреме Гент полека, но сигурно грабеше кон целта. Најпрво со голот на Кулибали во 60 минута Гент постигна гол…
повеќе...Селекторот Ангеловски го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Албанија
Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за воведниот дуел од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 против Албанија во Скадар. За натпреварот кој ќе се одигра на 5. септември, селекторот Игор Ангеловски ги повика следните фудбалери: Селекторот, по објавувањето на списокот даде свое видување за формата на екипата и очекувањата од новиот квалификациски циклус. „На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И…
повеќе...Македонската кошаркарска репрезентација на четвртото место на „Трофејот на Македонија“
Македонската кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на силниот меѓународен „Трофеј на Македонија“ кој во изминатите три дена се играше во СЦ Јане Сандански. Нашиот национален тим во последниот меч на турнирот загуби од селекцијата на Босна и Херцеговина со 75-69, (26-20,14-13,17-27,18-9).Црвено жолтите со скор од една победа и два порази Трофејот на Македонија го завршија на четвртата позиција зад победникот Белгија(2-1), Црна Гора(2-1) и БиХ(1-2). Во првите две четвртини нашите најдобри кошаркари беа далеку од игрите и изданијата од претходните две кола. Но по паузата избраниците на Раца…
повеќе...Македонија повторно дел од европската недела на спортот
Во 2015 година за прв пат во Република Македонија се одржа Европска недела на спортот во периодот од 5-12 септември, со цел промоција на спортот и телесните активности. Проектот се реализира преку Министерството за образование и наука на Република Македонија и Еразмус + програма, која вклучува организација на Европска недела на спортот. Тоа е иницијатива на Европската комисија за промовирање на спортот и физичката култура низ Европа. Еразмус + е нова програма на ЕУ која има за цел да ги подобри вештините и можностите за вработување, преку едукација, обука на…
повеќе...