Викендов ќе се одиграат натпреварите од четвртфиналните групи од ракометниот Куп на Македонија

Викендов ќе се одиграат четирите четвртфинални групи во машкиот ракометен Куп на Македонија 2016. Три од четирите турнири ќе се играат во Скопје, во салите „Јане Сандански“, „Автокоманда“ и СРЦ „Кале“, а четвртиот турнир ќе се игра во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Според пропозициите за Куп-натпреварувањето, четирите победници на групите ќе обезбедат пласман во полуфиналето. Полуфиналните двојки дополнително ќе бидат одредени по пат на извлекување. I Група – Скопје ПЕЛИСТЕР – МЛАДОСТ 09 Скопје, 24.04.2016 год.(недела) – 11:00 часот – Сала: СРЦ Кале ВАРДАР ЈУНИОР – МАКС СТРУМИЦА Скопје,…

повеќе...

Објавен планот за селектирање на фудбалски паралелки за Спортска Академија 2016/17

Фудбалската федерација на Македонија го објави планот за селектирање на фудбалски паралелки за Спортската Академија 2016/17. Гостивар (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево) Датум: 26.04.2016 (вторник) Место: Терен на Општина Гостивар со вештачка трева Почеток: 15:00 часот Собир и евидентирање: 14:00 часот – пријавување најдоцна до 20.04.2016 г. кај регионалниот координатор Арѓент Беќири 078/225-555 Тетово (други градови кои ги опфаќа ова селектирање: нема) Датум: 26.04.2016 (вторник) Место: Терен на Општина Тетово со вештачка трева Почеток: 10:00 часот Собир и евидентирање: 9:00 часот – пријавување најдоцна до 20.04.2016 г.…

повеќе...

Борко Ристовски член на Барселона во наредните две сезони

Македонскиот ракометен репрезентативен голман Борко Ристовски наредните две сезони ќе брани за гигантот Барселона. Тој потпиша две-годишен договор, а ќе се пресели во Шпанија по завршувањето на оваа сезона со неговиот досегашен клуб, Рајн Некар Ловен. „Драги пријатели и фанови. Сакам да споделам најпрво со вас дека во следните две сезони ќе бидам член на Барселона. Договорот го потпишав во текот на вчерашниот ден после завршувањето на медицинските прегледи. Морам да кажам дека е огромна чест и признание за мене како спортист, но и како Македонец повикот од Барселона. Сите…

повеќе...

Одиграно 26 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 26 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Металург 2:0 Младост Царев Двор Работнички 2:0 Турново Шкендија 3:1 Ренова Шкупи 2:2 Брегалница Силекс 3:2 Вардар Вардар и покрај поразот сеуште останува на првото место со 64 бодови, пред Шкендија со 62 бодови. Следниот викенд ќе се одигра дербито помеѓу овие два тимови. WebOhrid

повеќе...

АВ Охрид и официјално нов прволигаш

Синоќа во Спортската сала „Билјанини извори“, екипата на АВ Охрид го совлада Радовиш со резултат 85-76.  По завршувањето на натпреварите од Втората македонска кошаркарска лига, АВ Охрид го освои првото место. Наредната сезона АВ Охрид ќе настапува во Првата македонска кошаркарска лига. Честитки! WebOhrid

повеќе...

Македонската ракометна репрезентација остана без пласман на ОИ

Македонската машка ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од Тунис со 32-26, по кој ги загуби шансите за пласман на Олимписките игри во Рио 2016. Рано во натпреварот во Гдањск, Тунис го превзема водството кое во 15-та минута изнесуваше 7 голови (10-3). Иако на моменти Македонија успеваше да намали, завршницата на првото полувреме повторно му припадна на Тунис и на пауза се замина со 17-10. И покрај обидите на нашите репрезентативци во второто полувреме да фатат резултатски приклучок и во неколку наврати успеваа да намалат на 4 гола негатива, Тунис…

повеќе...

Нова победа за младинците на РК Охрид

Младинците на РК Охрид 2013 забележаа нова победа во Машката ракометна младинска лига. Овој пат, во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид тие славеа со 41:34 против младинците на РК Прилеп. „По оваа победа, но и гледано на натпреварите од пролетниот дел, како играчи и како тим покажавме дека не сме за потсмев. Се надеваме дека на наредните натпревари ќе играме уште подобро и дека сите играчи ќе го дадат својот максимум.“ – изјави највозрасниот играч на младинците на РК Охрид, Дарко Левески. WebOhrid

повеќе...

Македонија поразена од Полска на стартот од квалификациите за Олимписките игри

Македонската сениорска машка репрезентација доживеа пораз од домаќинот Полска за во првиот натпревар од Квалификациите за Олимписките игри 2016. Утре со почеток од 18:00 часот во Гдањск, го играме клучниот меч за пласман во Рио против Тунис. Иако Полска во најголемиот дел од првото полувреме се наоѓаше во водство, нашите ракометари успеваа да одржат тесен резултат. Избраниците на Ивица Обрван имаа и повеќе можности да ја анулираат негативата, сепак добрите одбрани на полскиот голман Шмал и неколкуте промашувања од чисти ситуации не дозволија пресврт до полувремето, кое заврши со резултат…

повеќе...

Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија

Големиот талент и фудбалер во првиот тим на швајцарски Грасхоперс, Никола Ѓорѓев ќе игра за репрезентацијата на Македонија. Младиот офанзивен фудбалер Никола Ѓорѓев е роден на 22. август 1997 година во Баден, Швајцарија и досега настапуваше за младинските селекции на земјата во која е роден. По разговорите кои претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и стручниот штаб во А репрезентацијата ги водеа со Ѓорѓев и неговите родители, младиот фудбалер реши да го промени спортскиот пасош и да настапува за Македонија. „Среќен сум што ќе имам можност да бидам…

повеќе...

Македонија на рекордно најниско 141 место на ФИФА рејтинг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата. По поразите во пријателските натпревари, Македонија падна -3 места и се најде на 141 место – рекордно најниско досега.  Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата, каде се искачи Аргентина, Белгија падна на второто место, а на трето место се искачи репрезентацијата на Чиле. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гвинеја-Бисао, со скок од +45 места се најде на 102 место, додека пак најголем пад од -24 места има репрезентацијата на Аруба која се најде на 137 место.…

повеќе...