Давид Бабунски и официјално стана член на Црвена Звезда. Тој во Звезда дојде како слободен играч и потпиша две и пол годишен договор. Претходно 21-годишниот Бабунски играше за младинските категории на Барселона. WebOhrid
повеќе...Tag: македонски спорт
Стружанецот Костески ново засилување во редовите на Макс Струмица
Стружанецот Крсте Костески е новото засилување на ракометниот клуб Макс Струмица. Тој во претходните две и пол години бранеше за РК Охрид 2013, а претходно настапуваше и за РК Струга. Костески играше и за младинската репрезентација на Македонија. Имено, екипата на Макс Струмица учествува во СЕХА лигата, каде моментално лидер е Вардар. Костески ќе има можност да дебитира за „Рисовите“ на 3 февруари кога неговиот тим гостува во Белорусија против тимот на Мешков Брест. Во ексклузивна изјава за WebOhrid, Костески искажа задоволство што се наоѓа во тим со поголема амбиција,…
повеќе...Македонија 29-30 Белорусија
Македонската ракометна репрезентација претрпе пораз од Белорусија со резултат 29-30 на Европското првенство во Полска. Првото полувреме и припадна на Белорусија која речиси водеше во текот на целото полувреме, со исклучок кога во два наврати водеше нашата репрезентација. На полувреме Македонија губеше со резултат 13-14. Второто полувреме започна со серија од 4 голови за Белорусија, па следуваше и разлика од дури +6 голови и резултат од 14-20. Македонија не само што ја намали таа предност туку успеа и да изедначи на 27-27. Но, во финишот од натпреварот Македонија не ги искористи…
повеќе...Управниот одбор на ФФМ ја констатираше оставката на Скендеровски
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница ја констатираше оставката на селекторот на А футсал репрезентацијата на Македонија. „Причините за повлекувањето на досегашниот предводник Васко Скендеровски се од лична природа и поради презафатеност со повеќе професионални ангажмани.“ – информираат од ФФМ. Исто така, Управниот одбор на ФФМ го закажа редовното Генерално собрание на 5 март 2016 година во Скопје. WebOhrid
повеќе...Македонија 31-31 Норвешка
Македонија и Норвешка одиграа мошне интересен натпревар во рамките од Европското првенство кое се игра во Полска. Натпреварот започна со погодок за Норвешка, но изедначивме и цело време бевме во предност се до средината на првото полувреме, кога Норвешка дојде повторно во водство, но само за кратко. Македонија повторно се врати во водство кое достигна и до +4 голови разлика и резултат од 17-13 на полувреме. Второто полувреме започна со два погодоци за Норвешка и намалување на предноста, но само за момент. Македонија повторно се врати на +4, а за брзо…
повеќе...Гол на Трајковски за убедлива победа за Палермо
Александар Трајковски постигна гол за Палермо со што го постави конечниот резултат 4:1 за победа на Палермо против Удинезе. Трајковски влезе во игра во 86 минута, а веќе во следната акција во 87 минута успеа да постигне погодок. Ова е вкупно трет гол на Трајковски за Палермо, од кои 2 во Лигата и 1 во Купот на Италија. WebOhrid / фото: palermocalcio.it
повеќе...Триумф на МЗТ против Крка
Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром синоќа во СЦ „Јане Сандански“ во неизвесен и израмнет меч го совладаа словенечкиот прволигаш Крка со 69:67. Клучна за победата на МЗТ беша последната четвртина која ја решија во своја полза со 15:8. За тимот од Аеродром ова беше деветта победа оваа сезона наспроти 12 порази во регионалната балканска АБА лига по што се зацврсти во средината на табелата. Најефикасни во победничкиот состав беа Ѓорѓе Дреновац со 23 и Марко Луковиќ со 13 поени.
повеќе...Тричковски позајмен во АЕК Ларнака
Иван Тричковски повторно се врати на Кипар, но овој пат во тимот на АЕК Ларнака. Тој е член на полскиот клуб Легија Варшава, а во АЕК ќе настапува како позајмен играч до крајот на оваа сезона. Пред само два дена, АЕК Ларнака потпиша договор со уште еден наш интернационалец, дефанзивецот Даниел Мојсов. АЕК Ларнака се наоѓа на врвот на табелата од Првата дивизија во Кипар со 45 бодови пред Анортозис со 42 и АПОЕЛ со 41 бод. WebOhrid
повеќе...Македонија ќе игра против Унгарија, В.Британија и Луксембург во квалификациите за Евробаскетот 2017
Најдобрата кошаркарска репрезетација на Македонија попладнево на ждрепката во седиштетот на ФИБА Европа во Минхен ги доби противниците во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2017 година. Македонија која беше ждребувана од првиот шешир во групата на носители ќе игра во Групата Г против репрезентациите на Унгарија, Велика Британија и Луксембург. Црвено жолтите дефинитивно имаа среќна ждрепка бидејќи во квалификациите се избегнати силните и квалитетни селекции посебно од вториот квалитативен шешир како, Црна Гора, Босна и Херцеговина , Украина и Естонија. Составите на другите шест групи се: А – Група:…
повеќе...Македонија 24-34 Хрватска
Македонија играше против Хрватска во натпреварот од втората фаза од Европското првенство во ракомет кое се игра во Полска. Лош почеток на натпреварот за Македонија. По целосната доминација на Хрватска и резултат 1-5 следуваше тајм-аут за Македонија, но и понатаму не можевме да ја пробиеме противничката одбрана, а на спротивната страна нападот на Хрватска беше немилосрден, кој постигна уште два голови за предност од 1-7, пред колку-толку да се адаптираме на играта и да почнеме да возвраќаме. До крајот од првото полувреме нашите ракометари успеаа да го намалат резултатот на 13-17.…
повеќе...