Илинден одбележан во „Св.Илија“ – Велгошти

Во манастирската црква „Св.Илија“ во Велгошти денес се одбележа големиот христијански празник Илинден. Многу верници од Велгошти, но и од околните места палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. Mанастирот „Св.Илија“  се наоѓа на околу еден километар над  Велгошти. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Одбележан празникот Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Православните верници денес го одбележаа празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Голем број на верници  во манастирот Св. Наум, синоќа и денес палеа свеќи за здравје и среќа и се се поклонуваа пред моштите на Св. Наум. За многу години! А.Андриоски

повеќе...

Вечерна богослужба и света архиерејска литургија по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 14-ти јуни (недела), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 15-ти јуни (понеделник), во манастирот „Свети Еразмо Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Еразмо Охридски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски…

повеќе...

Масовно одбележан празникот „Сите Светии – Си Свети“ во Лешани

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Сите Светии, во народот познат како Сисвети. Манастирот „Сите Светии“ кој се наоѓа во Лешани, во областа Долна Дебрца, Охридско е единствениот манастир во Македонија кој е посветен на сите светии. Голем број верници го посетија манастирот, палеа свеќи и се молеа за здравје и среќа. За многу години! WebOhrid

повеќе...

Осветен новиот конак во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Манастирец

На 16-ти мај, на празникот на светите маченици Тимотеј и Мавра, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак во манастирот. Митрополитот му честита на монахот Бенедикт за неговиот труд во возобновувањето на ова наше светилиште и му посака и понатамошни успеси за афирмација на манастирот и на Македонската православна црква, а…

повеќе...

Во манастирот „Св. Јован Бигорски“ осветени конаците Горни и Источен Палат

Во манстирот „Свети Јован Бигорски“  беше осветен новоизградениот конак Источен палат и возобновениот конак Горни палат. На свечениот чин на осветување на конаците присуствуваа претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. После неполни шест годни од големиот пожар во 2009 година, Бигорското светилиште на свети Јован Крстител најпосле го дочека мигот на свеченото осветување на новоизградениот конак Источен Палат, како и на возобновениот Горни Палат. „Овие изминати пет и половина години, пожртвуваноста и големиот труд на нашиот Старец, Архимандрит Партениј…

повеќе...

Ќе биде ли изграден паркингот во Лешани ветен уште пред 2 години?!?

До нашиот медиум пристигнаа реакции од мештаните во Лешани кои очекуваат да биде изграден ветениот паркинг кај манастирот „Сите Светии“- Си Свети. Информациите говорат дека на местото означено и планирано за паркинг однесена е само песокта. „Очекуваме да се реализира ветеното, а патем и забелешка дека преполнетиот контејнер кој стои до несудениот паркинг треба барем редовно да се празни. Тоа, секако е должност и задача на Комуналното претпријатие на општината Дебарца.“ – велат во дописот загрижените граѓани од Дебрца, кои ни испратија и неколку фотографии од пред манастирот „Сите Светии“ во Лешани.

повеќе...

Во манастирот „Св.Наум Охридски“ ќе се служи архиерејска литургија за празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21 ноември 2014 година (петок), во манастирот „Свети Наум Охридски“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на Св.Архангел Михаил“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

До Бигорски по новоасфалтиран и поширок пат

Приодот кон Бигорскиот манастир од магистралниот патен правец Маврови Анови – Дебар од денеска е поширок и со нов асфалт. Со олеснувањето на приодот кон ова светилиште, направена е и санација на еден потпорорен ѕид со што е спречено лизгање на земјиштетото. За вицепремиерот Владимир Пешески, кој присуствуваше на свеченото предавање на патот, покрај изградбата на автопатиштата, од голема важност е и обновата и изградбата на локалните и регионалните патишта со што се олеснува секојдневното живеење. „Во делот на обезбедување подобри патни услуги, можам да кажам дека ова што сега…

повеќе...

Ќе се служи празнична вечерна богослужба по повод празникот „Св.Наум Охридски“

По повод манастирската слава на манастирот „Свети Наум Охридски“, Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека вечерта на 2 јули 2014 година (среда), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи празнична вечерна богослужба, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 19:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 3 јули 2012 година (четврток), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Наум Охридски Чудотворец“, со почеток во 9 часот, на која ќе чиноначалствува…

повеќе...