Потпишан Меморандум за разбирање меѓу македонското и австриското МВР

На маргините од министерската Конференција што денес се одржа во Виена посветена на зедничката борба против џихадизмот, министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска имаше билатерална средба со австриската федерална министерка за внатрешни работи Џоана Микл-Лајтнер на којашто, меѓу другото беше потпишан и Меморандумот за разбирање меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји за соработка во делот на превенцијата и борбата против корупцијата. Документ со чијашто помош преку ефективна и ефикасна размена на информации и искуства ќе се овозможи полесно справување со овој вид криминал. Согласно Меморандумот двете институции…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка со Microsoft во областа на образованието

Министерството за информатичко општество и администрација и Канцеларијата на Microsoft во Скопје, денеска го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на образованието, кој овозможува употреба на новите информатички технологии во образовните процеси во земјата. Министерот Ивановски и генералниот директор на Microsoft за Централна и Источна Европа, Адриана Боерсма, истакнаа дека документот е од исклучителна важност за младите генерации, бидејќи преку него се поттикнува креативноста, нови идеи и знаења кои се неопходни за едукативната сфера. „Меморандумот нуди една сеопфатна заедничка јавно-приватно програма за образовна надоградба, чии стратешки цели се: развој на…

повеќе...

Потпишување на Меморандум за соработка со Microsoft

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Microsoft – Скопје, Стефан Плавјански, на 9 март 2015 година, понеделник, во 12.00 часот, ќе го потпишат Меморандумот за соработка во областа на образованието. Настанот ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација.

повеќе...

Општина Вевчани дел од „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“

Подружницата на Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) од Скопје и општина Вевчани денес потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“ во која општина Вевчани e партнер од Македонија и член на управниот одбор на „Платформата за младинско учество и дијалог“. Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог е координирана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА со седиште во Стразбург во партнерство со седум Агенции за локална демократија, АЛДА Скопје и осум општини од земјите од Западен…

повеќе...

Се интензивира соработката помеѓу Охрид и Далиан

Со потпишување меморандум за соработка помеѓу претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од општина Охрид и од Бирото за туризам од Далиан, се интензивира соработката помеѓу Охрид и збратимениот кинески град Далиан. Градоначалникот Никола Бакрачески по денешната работната средба со високата делегација од Далиан предводена од заменик градоначалникот Кју Ксиаофеи, истакна дека потпишаниот меморандум е резултат на разговорите за соработка при неговиот неодамнешен работен престој во овој кинески град . „Потпишаниот меморандум е основа врз која ќе се етаблира соработката со овој наш збратимен град во делот…

повеќе...

Министерот Адеми поштиша меморандум за реализација на проектот „Деца со пречки во видот“

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, потпишаа Меморандум за соработка. Со потпишувањето на Меморандумот се обврзаа на реализација на проектот на УСАИД „Деца со пречки во видот“ кој ќе се спроведе во едно основно и едно средно училиште во Тетово, Охрид, Битола, Штип и во Државното училиште за ученици со оштетен вид „Димитар Влахов “ во Скопје. Адеми истакна дека целта на соработката е да се подобри и зголеми степенот на писменост кај овие деца со употреба…

повеќе...

Меморандум за разбирање меѓу МОН и УСАИД за проектот „Со читање до лидерство“

Министерството за образование и наука, УСАИД и Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Со читање до лидерство“, за основни вештини по мајчин јазик и математика кај учениците од почетните одделенија во Македонија. „Проектот ќе се реализира во сите региони во Македонија и има за цел да ги идентификува слабостите, а понатаму да гради индикатори за читање по мајчин јазик и разбирање на темите, а исто така и на вештините по математика“, изјави министерот Адеми по потпишување на Меморандумот.…

повеќе...

Меморандум за соработка меѓу Министерството за труд и Мировниот корпус Македонија

Министерството за труд и социјална политика денеска по повод Меѓународниот ден на волонтерството потпиша меморандум за соработка со Мировниот корпус Македонија. Со Меморандумот се интензивира соработката со Мировниот корпус во делот на ангажирање волонтери со соодветно образование и искуство во работата со деца со попреченост во дневните центри, како и во организирањето на обуки за вработените и едукативни активности во градинките. Договорот го потпишаа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорката на Мировниот корпус во Македонија, Кејтлин Кори. „Со потпишувањето на овој меморандум и едните и другите…

повеќе...

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Советите на млади од Охрид и Штип

Локалниот совет на млади при општина Охрид, викендов во Охруд“, потпиша меморандум за соработка со Советот на млади при општина Штип. Претседателите на двата совети се обврзаа во иднина да организираат заеднички активности за едукација на младите, како што се семинари, конференции, работилници и некои други проекти кои би биле во функција на двете институции.

повеќе...

Потпишани протоколи за соработка меѓу македонското и унгарското МВР

Вчера (11.11.) во Брдо кај Крањ, Република Словенија, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили учествуваше на 12-от состанок на Комитетот на министри на КПС ЈИЕ (Конвенција за полициска соработка во Југоисточна Европа). На состанокот беше разговарано за натамошната имплементација на Конвенцијата како и за активностите во пресрет на десетгодишнината од донесувањето на Конвенцијата за полициска соработка. На билатерална основа, настанот беше искористен за склучување на Протоколот помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Унгарија…

повеќе...