Илјадници верници се упатуваат кон Светиклиментовиот храм на Плаошник

По повод празникот посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон, синоќа во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, се служеше празнична вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Илјадници верници палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и благосостојба. Света архиерејска литургија, по повод празникот ќе се служи и денес со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Европски г. Пимен. Црквата Свети Климент и Пантелејмон се наоѓа на локалитетот Плаошник…

повеќе...

Свети Климент, архиепископ Охридски и Св. великомаченик Пантелејмон

Денес е празник посветен на Свети Климент, архиепископ Охридски и Светиот великомаченик Пантелејмон. Свети Климент, архиепископ Охридски; Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска…

повеќе...

Преподобната маченичка Параскева – Св. Петка

Денес се празнува празникот посветен на Преподобна маченичка Параскева – Св. Петка. Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно ревнуваше да ги делотвори сите Божји заповеди. Со сведоштвото на нејзиниот вистински благочестив живот и вера упатуваше на патот на спасението и други. Кога ѝ умреа родителите, го раздаде имотот на сиромасите, а самата се замонаши. Како монахиња со уште поголем жар и ревност ја проповедаше верата во Христа не криејќи ја од никого, иако во тоа време римските власти крваво ја гонеа…

повеќе...

Спомен на Петтиот Вселенски Собор и Света Ана

Спомен на Петтиот Вселенски Собор Овој Собор беше во Цариград за време на царот Јустинијан Велики, во 553 година. На Соборот беа осудени сите монофизитски ереси, како и еретичките списи на Теодор Мопсуестски, на Теодорит Кирски и на Ориген (учење што се коси со воскресението на мртвите). Света Ана Мајката на Пресвета Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември, под кој датум ѝ се напишани и службата и житието. Ана беше од коленото Левиево, ќерка на Матан свештеникот. После долг и богоугоден живот…

повеќе...

Светиот пророк Илија – Илинден

Денес е празник посветен на Светиот пророк Илија – Илинден. Боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се роди Илија, неговиот татко Савах виде ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Ова беше предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја мина во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Во тоа…

повеќе...

Светата маченичка Марина – Огнена Марија

Денес е празник посветен на Светата маченичка Марина – Огнена Марија. Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше…

повеќе...

Света архиерејска литургија за празникот „Собор на свети архангел Гаврил“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 26-ти јули недела (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Собор на свети архангел Гаврил“, со почеток во 8:30 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Света архиерејска литургија по повод празникот Духовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 31-ви мај (недела), во црквата „Света Троица“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чино-началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 1-ви јуни (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „II ден Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение…

повеќе...

Свети Атанасиј Велики (летен)

Нашиот народ два пати го празнува споменот на Св. Атанасиј Велики. На 31 јануари се празнува празникот Св. Атанасиј или Танасовден зимски, а на 15 мај Св Атанасиј Велики или Танасовден летен. Св. Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Св. Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес…

повеќе...

Свети апостол и евангелист Марко

Светиот апостол и евангелист Марко му бил сопатник и помошник на апостолот Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Кога Марко беше во Рим со Петар, верните го замолија да им ја запише спасоносната наука на Господ Исус Христос, Неговите чуда и Неговиот живот. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за епископ и го испрати на проповед во Мисир. Така тој беше првиот проповедник на…

повеќе...