Ќерка го пријавила татка си за исчезнат

Вчера во 11:00 часот во ПС Струга, Д.З.(56) од с.Ливада, струшко, пријавила дека на 15ти јули годинава од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот татко М.У.(81) од с.Биџево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

повеќе...

Две лица од Србија фатени со дрога во Охрид

Вчера во 14:30 часот од страна на ОНТДО-Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, приведени се лицата Ф.А. (24) и М.В. (28), двајцата од Ниш-Р.Србија. Во 22:10 часот лицата се ослободени и во текот денот истите ќе треба да се јават на закажано судско рочиште во Основен Суд Охрид.

повеќе...

Успешна заедничка истрага спроведена од албанските власти со поддршка и вклученост на СЕЛЕК

Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога БАЛКАН, започната во 2015 година. Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги (хероин, кокаин и марихуана). Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во Република Македонија, Грција и Република…

повеќе...

Донација за МВР од Меѓународната организација за миграции-ИОМ

Новите 24 возила што Граничната полиција ги доби денеска како донација од Меѓународната организација за миграции-ИОМ се од исклучително значење и ќе помогнат во зајакнување на капацитетите во справување со мигрантската криза, истакна м-р Митко Чавков, министер за внатрешни работи на Република Македонија на предавањето на донацијата што се одржа денеска во Минстерството за внатрешни работи. Како што потенцираше министерот Чавков, тука нема да застанат активностите, туку и понатаму ќе продолжи зајакнување на персоналните и материјално-техничките капацитети, како и соработката со меѓународните организации и невладиниот сектор. Вкупната донација на ИОМ…

повеќе...

Сертификат за акредитација на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења

Со добивањето на сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал. Воедно се зголемува и довербата во лабораториските резултати кои стануваат меѓународно признаени, истакна министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков на церемониијата на доделување сертификат за акредитација на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи. Според министерот Чавков акредитацијата ќе овозможи континуитет во членството на Форензичките лаборатории во најреномираната европска…

повеќе...

Пуштена во промет фалсификувана банкнота од 500 денари

Во февруари годинава, во „Еуро Стандард Банка“ во Охрид, непознат сторител пуштил во промет фалсификувана банкнота од 500 денари, информираат од МВР. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...

Во Охрид се одржа показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на концерт“

„Полицијата уште еднаш покажа дека успешно и безрезервно ја остварува својата уставна и законска обврска-гарантирање на безбедноста и сигурноста на граѓаните на Република Македонија. Особено во последната деценија, со зголемување на бројот на полициските службеници, Министерството за внатрешни работи демонстрираше подготвеност одлучно да се спротивстави на сите видови криминал, да го одржи јавниот ред и мир и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот на патиштата“, истакна министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков денеска во Охрид, каде што присуствуваше на показна вежба „Спречување на нарушен јавен ред и мир на…

повеќе...

На ГП Табановце презентиран Мобилниот систем за снимање со камери

На Граничниот премин Табановце се одржа презентација на Мобилниот систем за снимање со камери, кој има за цел подобрување на квалитетот на полициското работење. Според министерот за внатрешни работи, м-р Митко Чавков, кој присуствуваше на презентацијата, интенцијата на операционализацијата на овој проект е подигнување на интегритетот на полициското постапување, односно обезбедување на законитост во преземањето на секое службено дејствие. Како што рече министерот Чавков тоа е практично на иста линија како и многуте политики кои што во рамките на МВР, досега се донесени, утврдени и операционалиозирани преку различни стандардни оперативни…

повеќе...

Пронајдено безживотно тело на патот Гостивар-Кичево

Вчера околу 20:15 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај м.в.„Сеферов Бунар“, полициски службеници забележале паркирано ПМВ „Шкода Фелиција“ со охридски регистарски ознаки, а до возилото бил пронајден починат М.З. (63) од с.Трапчин Дол, кичевско, со прострелна рана во пределот на главата нанаесена од огнено оружје. Покрај истиот бил пронајден и пиштол. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.

повеќе...

Почина 24-годишен давеник што вчера беше извлечен од Охридското Езеро

Вчера околу 15:30 часот од водите на Охридско Езеро на м.в.„Трски“, помеѓу машка и женска плажа, изваден е давеник И.С. (24) од с.Камењане, тетовско, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Струга е пренесен во Клинички центар Скопје на КАРИЛ, каде во 20:15 часот починал. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

повеќе...