Приведен косовски државјанин на ГП „Свети Наум“

Вчера во 14:30 часот на ГП „Свети Наум“, за излез од Р.М. со ПМВ „Голф“ со косовски регистарски ознаки се пријавил Д.Б. од Косово. Од извршената проверка утврдено е дека сопатникот А.В. (29) од Косово, констатирано е дека не евидира, односно нема легален влез во Р.Македонија. Истиот е приведен во Полициската станица, а во 17:00 часот, со потврда за предавање на лице, е предаден на полициски службеници од РЦ-Запад за понатамошна постапка.

повеќе...

Кривична пријава за злоупотреба на лични податoци на „Фејсбук“

Секторот за Компјутерски Криминал и Дигитална Форензика при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ј.К.(35), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ по член 149 став 1 и 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Пријавениот без согласност ги прибавил корисничките податоци од профилите на две женски лица на возраст од 18 и 20 години на социјалната мрежа „Фејсбук“, и истите активно ги користел во повеќе наврати при што направил злоупотреба на нивните лични податоци на интернет. Ј.К. пристапувал на профилите на…

повеќе...

Честитка од министерот Спасовски за 7 Мај – Денот на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски со честитка по повод 7ми мај – Денот на македонската полиција. „Како министер за внатрешни работи ми претставува особена чест и задоволство на сите припадници на Министерството за внатрешни работи да Ви го честитам 7 Мај -Денот на полицијата и да Ви заблагодарам за посветеноста и пожртвуваноста што ја манифестирате во Вашето секојдневно ангажирање изразувајќи ја Вашата човечност и хуманост во справување со кризните состојби. Вашата заложба и професионалност која ја покажувате е пример како полицијата треба да биде гарант за безбедноста на сите…

повеќе...

Одбележан Денот на полицијата и 35 години од формирањето на „Тигрите“

Луѓето што стојат на оваа говорница се менуваат, ама довербата на граѓаните на оваа држава во сината униформа што ја носите е нешто што се гради макотрпно со генерации и трае многу подолго од еден министерски мандат, е пораката што ја упати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешното одбележување на 7-ми Мај, Денот на македонската полиција и 35 годишниот јубилеј од формирањето на Единицата за специјални задачи (ЕСЗ) „Тигри“, во скопската касарна „Илинден“. Да се биде припадник на полициските сили никогаш не е лесна задача, нагласи Спасовски, додавајќи…

повеќе...

Приведени двајца скопјани кои поседувале оружје без дозвола

На 4ти мај околу 19:30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, поточно во нас.Горица, од страна на полициски службеници од ПС-Кичево било запрено ПМВ „Волксваген Туарег“, управувано од М.Н.(33) од Скопје, а како сопатник бил затекнат Ф.А.(43) од с.Кондово-Скопје. При извршен личен преглед на лицата и возилото, во возилото помеѓу двете седишта бил пронајден пиштол „ЦЗ“ М-70 калибар 7,65мм со рамка со осум куршуми калибар 7,65мм, кои го поседувале без одобрение. Лицата се приведени и задржани во ПС-Кичево за понатамошна постапка.

повеќе...

Mинистерот Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата

По повод 7-ми мај Денот на македонската полиција, денес во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата во кругот на министерството. На настанот којшто практично е почеток на денешното одбележување на денот на македонската полиција цвеќе положија и претставници на семејствата на загинатите припадници на МВР, кои по ова беа примени од министерот Спасовски. Инаку централниот настан во рамки на празникот се одржа во касарната Илинден.

повеќе...

Ќе се одбележи 7ми Мај – Денот на македонската полиција

Во рамки на одбележувањето на 7ми Мај – Денот на македонската полиција, утре  во 12:00 часот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централната свеченост, по повод празникот на која што ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на БЈБ Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“ Славчо Петрушевски која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање. Инаку покрај централната свеченост предвидени се и низа други активности по повод Денот на македонската полиција. Така утре во 10:00 часот во Министерството за внатрешни работи…

повеќе...

Кривична пријава за 27-годишна дилерка на дрога

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против В.А. (27) од Скопје, поради основи на сомневање дека неовластено набавила психотропна супстанца амфетамин и наркотична дрога, наменети за улична продажба на уживатели од Скопје. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на В.А. и изрече мерка притвор во траење од 30 дена. Имено пријавената, која инаку во 2014 година била кривично пријавена за недозволена трговија…

повеќе...

Одбележани 15 години од загинувањето на македонските бранители кај Вејце

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од министерот Оливер Спасовски, денеска во Битола положи цвеќе на споменикот на бранителите пред СВР Битола и на споменикот „Ангел“ во паркот кај градскиот часовник и им оддаде почит на храбрите луѓе кои загинаа на денешен ден пред 15 години во Вејце. „Ова е ден на сеќавање и ден на опомена. Ден на сеќавање на бранителите кои што го дадоа животот за Република Македонија и ден на опомена за тоа што треба да направиме ние за да оставиме нешто на идните генерации. Недозволиво…

повеќе...

На граничниот премин „Богородица“ запленети околу 8,5 кг марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со РЦ за ГР Југ и во содејство со мобилната екипа од Царинска управа на РМ на 24.04.2016 година реализираше случај на недозволена трговија со марихуана, при што на граничниот премин „Богородица“ запленети се 8 кг 239 гр. марихуана. Имено, откако во 22:00 часот за излез од Република Македонија се пријавил М.С.(19) од Скопје управувајќи ПМВ „Хјундаи – Санта Фе“ со скопски регистарски ознаки кое го управувал со полномошно, од страна на полициските и царинските службеници од наведениот граничен премин…

повеќе...