„Одбележувањето на овој значаен настан за двете држави, јасно ја истакнува добро воспоставената и институционализирана билатерална соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.“ Ова меѓу другото денес на ГП “Блаце“ го истакна заменик министерот на МВР д-р Агим Нухиу по повод стапувањето на сила на Спогодбата меѓу владите на Република Македонија и на Република Косово за условите за патување на државјаните на двете земји со лични карти, настан на кој присуствуваше и заменик министерот за внатрешни работи на косовската полиција Валдет Хоџа. Како што нагласи заменик министерот Нухиу – “поаѓајќи…
повеќе...Tag: мвр
Поднесени 11 кривични пријави против 11 лица
Постапувајќи по ОА ГОРА, во март Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе 11 кривични пријави против 11 лица за сторени 11 кривични дела од кои осум дела – “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ (чл.284-а), две дела – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353 в.в. чл.45) и едно дело – “пустошење на шума“ (чл. 226). Притоа по однос на кривичното дело “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ кривично пријавени се лицата Ф.Ш. (32), А.М. (30), М.Д. (58), С.Ш. (37), М.Н. (27), И.М. (50), Н.С.…
повеќе...Известување за полагање стручен испит
Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Комисијата за полагање на стручен испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на прописите за оружје на кандидатите кои практично се оспособиле во правното лице „Спорт шкорпион” Лабуништа Струга, на 18ти април, со почеток во 15:00 часот, во просториите на Испитниот центар „АССЕКО“ на ул.„Христо Смирненски“ бр.30, Скопје, ќе го одржи спроведување на теоретскиот дел од стручниот испит за располагање со техничко знаење за правилна употреба, чување и одржување на оружјето и познавање на…
повеќе...Средба на Министерот Спасовски со Амбасадорот на Унгарија
Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски оствари работна средба со Амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Др. Јожеф Бенце. На средбата двајцата соговорници разговараа за претстојните избори за Претседател на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК (SELEC – Southeast European Law Enforcement Center). Амбасадорот Бенце побара информации и за тековната политичка криза, којашто според Министерот Спасовски, наместо да се решава, дополнително се продлабочила со неодамнешната одлука на Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов за општо помилување на сите политичари, одлука која…
повеќе...Откриени 20 кг. марихуана во возило на ГП Табановце
Вчера околу 23,20 часот на излез од Р.Македонија на ГП „Табановце“ за царинска и полициска контрола се пријавило ПМВ марка КИА тип Карнивал со бугарска регистерска ознака бр.Е4203КС, управувано од В.М.Ч (52 години), државјанин на Р.Бугарија. Наведеното ПМВ било селектирно од страна на полициски службеник од ПС за ГП „Табановце“ за детална контрола и личен претрес. При контролата на возилото во делот за резервната гума, во самата резервна гума, во задниот дел од задните седишта, во предните калници, во вратата за багажниот простор и во страничните пластики на задните седишта…
повеќе...Спасовски: Апелирам протестите да бидат мирни
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го посети СВР Скопје. Во изјавата за медиумите, министерот Спасовски апелираше да нема насилство на протестите што секојдневно се организираат. „Секој има право да го изрази својот револт и незадоволство, но тоа мора да биде ненасилно, мирно. Апелирам да нема насилство на протестите. Да не се уништува имотот, без разлика дали е државен или приватен. Да не се напаѓа полицијата затоа што таа е тука да ја зачува безбедноста и стабилноста. Апелирам до граѓаните да ја третираат македонската полиција како партнер, како чувар…
повеќе...Превентивен проект „Безбедни матурски прослави“
Одделението за превенција во СВР Скопје, во периодот од 14-16. овој месец, во рамките на Саемот за образование и кариера (во соработка со АД Скопски саем и приватниот колеџ Јахја Кемал) ќе започне со реализација на активности во рамките на проектот “Безбедни матурски прослави“, кој е наменет за учениците од средните училишта во Скопје кои го завршуваат своето образование. Активностите ќе започнат на 14.04. во 11.30 часот на Скопски саем (хала III), кога и ќе биде промовирана наведената проектна активност односно од страна на група ученици од “Јахја Кемал“ колеџот…
повеќе...Реализиран проектот ,,Заштита од зависност на дроги, алкохол и цигари“
Преставници на Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, Оддел за гранични работи и миграции во соработка со Регионалните центри за Гранични работи и Одделенијата за превенција во Секторите за внатрешни работи и Министерството за образование и наука (Директори од Основни и Средни училишта) организираа заедничка активност од областа на превенцијата на тема: „Заштита од зависност на дроги ,алкохол и цигари “. Проектот има превентивен и едукативен карактер, се со цел младата популација (учениците од основните и средните училишта) да бидат запознаени со најчестите причини и опасности од користење и…
повеќе...Кривична пријава за двајца стружани поради бесправно градење
ПС- Струга поднесе кривична пријава против Н.Г. (47) и С.Г. (55), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Првопријавениот како инвеститор на локација во Струга, на м.в. „Висока Топола“, без одобрение за градење, започнал градба на деловен објект. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на објектот. Второпријавениот како инвеститор на локација во Струга, м.в. „Висока Топола“ започнал со реконструкција на деловен објект без одобрение. Од страна на градежен инспектор донесено е решение за отстранување на градбата – реконструкција на…
повеќе...Обука за гранични полицајци во соработка со Француската амбасада
Во рамките на билатералната техничка соработка, предвидена за 2016 година, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во организација на Службата за внатрешна безбедност при Француската амбасада во Скопје, од денес до 16 април ќе организираат обука на тема ,,Зафати и професионални техники на интервенција“. Обуката ќе биде реализирана во Центарот за обука во Идризово и ќе биде наменета за 20 полицајци од секторот за граничната полиција и полициски службеници од полициските станици од сите Сектори за внатрешни работи. Оваа обука е дел од повеќегодишната серија на обуки наменета за…
повеќе...