Кривична пријава за охриѓанка поради фалсификување исправа

ПС Гостивар поднесе кривична пријава против С.М.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 17.08.2016 година во Охрид откако предходно на фотокопир изготвила лажно известување, истото му го дала на лицето А.М. од Гостивар за да го употреби како вистинито во банка во Гостивар за да отвори жиро сметка за прилив на 135.000 евра врз основа на судска одлука. Од страна на извршената контрола во банката на известувањето е констатирано дека се работи за фалсификуван документ. Од преземени мерки и извршени разговори со С.М.…

повеќе...

Спасовски: Смените во МВР се согласно законот и договорот на четирите партии

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР. „Го искористив моето право за промена на дел од раководните позиции. Тоа го направив за МВР до изборите да функционира нормално и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“- рече министерот Спасовски на денешната прес конференција.

повеќе...

Смена на дел од раководните позиции во МВР

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР. Во продолжение од МВР ги објавија сите разрешувања и именувања: „Небојша Стајковиќ се разрешува од работно место помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и се именува за дополнителен заменик на помошникот на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии. Горан Трајановски се именува за помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии. Зоран Глигоров се…

повеќе...

Билатерални средби на Димитриев во Виена – политичката криза да заврши со избори

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев, на маргините на вчерашниот Самит „Миграцијата на балканската рута“ што се одржа во Виена одржа и голем број билатерални средби со дел од присутните европски лидери. Димитриев се сретна со австрискиот канцелар Кристијан Керн, кој беше домаќин на Самитот, како и со претседателите на Владите на Унгарија, Виктор Орбан, на Словенија, Миро Церар и на Хрватска, Тихомир Орешковиќ. Според информациите од овие средби, покрај главната тема миграцијата, која беше и целта на вчерашниот Самит во Виена, а за што соговорниците на македонскиот…

повеќе...

Министерот Спасовски го прогласи за отворен турнирот „Македонски херои“

„Чест ми е како министер за внатрешни работи да ве поздравам и преку овој меморијален турнир во мал фудбал уште еднаш да им оддадеме почит на нашите херои, кои во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава. Споменот на нашите сограѓани, херои, секогаш ќе го чуваме и денешниот турнир е само еден од настаните преку кои се потсетуваме на нивното големо дело. Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме…

повеќе...

Кај лице од с. Лојане пронајдени 35 мигранти

Во текот на 23/24.09.2016 година по претходно издадена наредба од Основен суд Куманово од страна на полициски службеници од СВР Куманово во кординација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Оддел за гранични работи и миграции извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ќ.А.(46) од с. Лојане, при што во помошна просторија-штала биле пронајдени 35 мигранти. За време на претресот сопственикот не бил присутен, а додека во домот бил затекнат неговиот син Р.А.(18). Освен мигрантите пронајдени во помошната просторија во с.Лојане…

повеќе...

Средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, Јакимовски

Денес во Кабинетот на Директорот на Бирото за јавна безбедност беше реализирана официјална средба помеѓу Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков и Генералниот Директор на СЕЛЕК Центарот, м-р Тони Јакимовски. На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал, со посебен акцент на трговијата со дрога, оружје и компјутерскиот криминал. Во таа насока, од двајцата претставници беа изразени заложби за зголемена соработка помеѓу двете институции, преку зголемена размена на информации и иницирање на заеднички акции за сузбивање на криминалот во…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со евроамбасадорот Жбогар

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со шефот на делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар, на која беше разговарано за состојбите во Министерството за внатрешни работи, претстојните избори и проблемот со мигрантите. Министерот Спасовски изрази благодарност за соработката со Европската унија и ја потенцира определбата МВР да стане сервис на граѓаните односно да се департизира, декриминализира и професионализира. Шефот на делегацијата на ЕУ Жбогар рече дека се согласува оти овие три процеси се многу важни и дека Европската унија е заинтересирана да помогне во…

повеќе...

Министерот Спасовски на Конференција за промоција на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на Конференцијата за промоција на проектот „Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување“, што се реализира во рамки на Хоризонталната програма за Западен Балкан и Турција. Овој проект претставува продолжение на претходно релизираните активности во рамки на проектот „Поддршка за воспоставување на надворешен независен механизам за надзор на работата на полицијата”, имплементиран од страна на Советот на Европа со финансиска поддршка од Кралството Холандија, кој во април оваа година заврши со донесување на заклучоци за избор на двостепен модел „Обвинителство…

повеќе...

Кривична пријава за недозволена трговија со дрога

СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против Д.Т.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана. За стореното кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Имено на 14.09.2016 година околу 20,45 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов„ поточно на паркинг од страна…

повеќе...