Ристовски: Досега набавени 100 интерактивни табли за училиштата

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека се набавени уште 20 интерактивни табли кои во текот на месец јуни ќе бидат распределени во дваесет училишта. Од почеток на проектот за опремување на училиштата со информатичко-комуникациска технологија кој што Владата и Министерството за образование и наука го почнаа пред две години, вкупно се набавени 100 смарт-табли и истите придонесуваат за модернизација на условите за настава и за дополнителен развој на ИКТ-вештините на учениците. „Министерството за образование и наука со одлука на Владата се обврза секоја година да набавува…

повеќе...

МОН: Објавен Ценовник за оштетени учебници за учебна 2015/16 година

Од Министерството за образование и наука информираат дека е објавен Ценовник за оштетени учебници за учебна 2015/16 година. „Ве молиме при давање насоки за уплата на средства за изгубен или оштетен учебник да внимавате на година на набавување на истиот. При евиндетирање на наплата на оштетените и изгубените учебници постапувајте согласно Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 98/2008, 99/2009, 83/2010, 36/2011, 135/2011, 46/2012, 24/2013, 120/2013, 29/2014, 146/15, 217/15 и 30/16 ), и Правилник за начинот на прием, складирање, доделување и враќање на комплетите…

повеќе...

Наградените студенти пристигнаа во Барселона

Дваесет и пет најдобри студенти од трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа кои што добија наградно патување од Министерството за образование и наука пристигнаа во Барселона. Оваа стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5 предвидува бесплатен авионски превоз, тридневен хотелски престој и исхрана. На јавниот повик вкупно аплицираа 132 студента, од кои 25 ги исполнуваа условите наведени во конкурсот. Како дестинација за патувањето покрај Барселона беа понудени…

повеќе...

Конкурс за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата

Централноевропска програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објавува: КОНКУРС за стипендии за студиски престој во земјите членки на CEEPUS Програмата Република Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија и Република Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUSIII- Central European Exchange Program…

повеќе...

Стипендии за студирање на најдобрите 100 светски универзитети

Шеста година по ред Министерството за образование и наука доделува стипендии за сите студенти коишто ќе се запишат на прв, втор или трет циклус на студии на еден од најдобрите 100 универзитети во светот според рангирањето на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет, во областа на техничките науки, архитектура, градежништвото, математиката, економијата и финансиите, физиката, биологијата, хемијата, генетиката, правните науки и меѓународното право. На денешната прес конференција заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски информираше дека конкурсот за годинава е веќе во тек и…

повеќе...

Министерот Лутфиу присуствуваше на меѓународна Конференција за општествени и хуманистички науки „Предизвици: од диверзитет до синергија”

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на Меѓународната Конференција за општествени и хуманистички науки „Предизвици: од диверзитет до синергија”, организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет. „Оваа конференција е добар пример за тоа колку е важно научното истражување, која е тесно поврзано со академскиот живот и со квалитетот во високото образование. Благодарение на Вашата работа и на се она што сакате да го понудите во врска со општествените и хуманистичките науки, на оваа меѓународна конференција, фокусирајќи се на теми на политички науки, меѓународна соработка, економија, бизнис, психологија, историја,…

повеќе...

Ристовски: Продолжува доделувањето на научни субвенции

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес информираше дека и оваа година Министерството за образование и наука продолжува со доделувањето на еднократни парични надоместоци во висина од 30.000 денари, како субвенција за сите научници и истражувачи од високообразовните и научните установи во Македонија, кои ќе аплицираат со труд објавен во меѓународно списание со фактор на влијание. „Огласот трае до 31 август. Апелирам сите заинтересирани професори и лица што се занимаваат со научно истражувачка дејност и кои имаат вакви трудови да аплицираат до министерството“, рече Ристовски, посочувајќи дека годинава…

повеќе...

Стипендии за краткотраен престој во Обединетото Кралство

Британскиот фонд за стипендии (British Scholarship Trust) е непрофитна организација која доделува стипендии на истакнати студенти на последипломски студии од земјите на поранешна Југославија за краткотрајни студиски престои во Обединетото Кралство. Овој фонд за првпат е воспоставен по Првата светска војна и до денеска, средствата се користат за поддршка на младите луѓе од поранешна Југославија за стекнување на специјализирано образование во Обединетото Кралство. Стипендиите се доделуваат во форма на грантови за престои од 1 до 3 месеци и тоа за студенти кои ќе предложат соодветни истражувачки проекти во Обединетото Кралство.…

повеќе...

Најдобри 25 студенти овој месец на наградно патување во Барселона

Дваесет и пет најдобри студенти во завршна година од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 20-ти до 23 мај ќе престојуваат во Барселона на трошок на Министерството за образование и наука. Тие ќе ја искористат новата стимулативна мерка и се избрани на првиот конкурс на МОН за наградно патување за студентите со просек од најмалку 9.5 од првите три пласирани универзити на националното рангирање. Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека на јавниот…

повеќе...

Обука за примена на интерактивни методи во наставата во средните училишта

Повеќе од 7000 наставници од јавните средни училишта во земјата се опфатени со обука за подобрување на квалитетот на интерактивната настава, која започна вчера и ќе се реализира до крајот на јуни. Обуката е дел од проектот „Современи методи и техники на настава“ и има теоретски дел и поддршка во самата настава со практични примери, за да се поттикне креативноста на наставниците и учениците, да се развие критичкото мислење кај учениците и да се создадат предуслови за поголемо користење на дигиталните содржини. На првиот ден од обуката, заменик-министерот за образование и…

повеќе...