МОН доделува 30 стипендии за постдипломски студии на Филмската академија во Охрид

Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување 30 стипендии за постдипломски студии на Институтот за филм – Филмска академија Охрид, која беше отворена минатата година и работи според наставните програми на престижната филмска академија ФАМУ во Прага. МОН лани првпат додели целосни стипендии за кандидати од првата генерација запишани на Институтот за филм во Охрид. Од понудените 20, беа доделени 13 стипендии. Покрај тоа што е зголемен бројот на стипендии за претстојната 2016/2017, има и четири нови студиски програми – за режија, камера, монтажа и за монтажа и…

повеќе...

Објавени датумите за полагање на екстерните испити од државната матура

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно Концепцијата за државна матура и завршен испит, екстерните испити од државната матура во учебната 2015/2016 година во јунскиот испитен рок ќе се реализираат според следната динамика: • мајчин јазик и литература на 4 јуни 2016 година; • математика на 9 јуни 2016 година; • странски јазик на 13 јуни 2016 година; • физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика на 15 јуни 2016 година. Сите испити започнуваат во 10:00 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите…

повеќе...

ОУ „Дебрца“ учествуваше на Саемот за наука и култура во „Јахја Кемал“

Во рамките на Саемот за култура и наука кој се одржа во приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“ во Струга, учествуваше ОУ„Дебрца“ с. Белчишта. Училиштето „Дебрца“ за прв пат присуствуваше со штанд, на кој беа презентирани разни експерименти од областа на математиката, хемијата, биологијата и информатиката. „Ваκвите настани покρај едуκација, нудат можност за афирмација на пријателството κаκо неодминлив дел од животот на сеκое дете.“- велат од ОУ „Дебрца“. WebOhrid

повеќе...

Отворен Саемот на наука и култура во „Јахја Кемал“

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, денес беше отворен „Саемот на Наукa и Културa“.  На саемот, освен учениците од „Јахја Кемал“ учествуваа и ученици од основните училишта од Охрид, Струга, Дебрца, Вевчани, Битола и Кичево, кои претставија научни и културни проекти. „Денес ќе ги посетите штандовите кои нашите ученици ги имаат организирано за вас, се надевам дека убаво ќе си поминувате.“– рече во својот говор директорот на „Јахја Кемал“, Исмаил Ердил. Бројните посетители на саемот имаа можност да видат интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на…

повеќе...

Потпишан Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија

Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на потпишувањето на Договор за соработка помеѓу Институтот за културно и духовно наследство на Албанците и Академијата на науките на Албанија. „Денес е посебен ден за албанската наука, а особено за албанолошките студии. Денес се поставуваат основите на институционална соработка меѓу двете истакнати албански институции како што се Академијата на науките на Албанија со седиште во Тирана и Институтот за културно и духовно наследство на Албанците со седиште во Скопје“, рече министерот Лутфиу. Ние како Министерство за образование и наука,…

повеќе...

Aктивирање на електронската апликација за нарачка на учебници за учебната 2016/17 година

Министерството за образование и наука, информира дека електронската апликација за обезбедување на учебници за основни и средни училишта ќе биде активна од 12.04.2016 до 28.04.2016 година. „Ве замолуваме во дадениот рок да ја пополните апликацијата, и печатената верзија од истата со печат и потпис да ја доставите до Педагошката служба (ул.“Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје ).“- велат од МОН. ucebnici.gov.mon.mk

повеќе...

Во училиштата ќе се ангажираат 131 дефектолог

Во основните и средните училишта од 1 септември 2016 година ќе бидат ангажирани вкупно 131 дефектолог. Ова денес го истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски додавајќи дека на овој начин дополнително се унапредуваат стручните служби во образовниот систем, од аспект за асистенција на учениците на кои им е неопходна поддршка за правилен развој и тек на образованието. „Министерството за образование и наука во изминатите неколку недели направи директни контакти со сите училишта во Република Македонија и врз основа на податоците, односно бројот на ученици на кои им…

повеќе...

Пиштар Лутфиу ја презеде функцијата министер за образование и наука

Новоизбраниот министер за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска и официјално ја презеде функцијата од досегашниот министер Абдилаќим Адеми. „Ќе продолжиме да ја имплементираме програмата на Владата во областа на образованието и науката. Тоа што е зацртано е амбициозна програма, бара многу напори, финансиски средства и соработка. Се надевам дека како и со досегашната динамика со која работевме како Влада ќе продолжиме и понатаму”, посочи Лутфиу. Досегашниот министер Адеми му посака успешна работа на новиот министер за образование и наука. „Посакувам одлична работа, успешна реализација на голем број од проектите…

повеќе...

Јавен оглас за рецензенти на учебници

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15 и 30/16), директорот на Педагошката служба, распишува: ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници 1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје. 2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите: Англиски јазик (прв странски јазик) за II година на средното четиригодишно образование (гимназиско образование, уметничко образование, средно стручно образование и спортска академија); Француски јазик…

повеќе...

Јавни повици за професори по француски јазик за кратки педагошки престои во Франција и за учество на летен камп во Струга

Повеќе информации за јавниот повик за „Кратки педагошки престои во Франција 2016“ за професори по француски јазик или професори што предаваат други наставни предмети на француски јазик во државните училишта во Република Македонија, можат да се обезбедат на http://ifs.mk/mk/Home/EducationContent/610 Повеќе информации за јавниот повик за учество на “17то издание на летниот регионален универзитет во Струга“ во периодот од 4 до 8 јули 2016 година, кој нуди квалитетна педагошка обука за стотина професори од Република Македонија и соседните земји, а го организира Францускиот институт во Скопје, може да се обезбедат на…

повеќе...