Во четврток свечено ќе биде отворен „Саемот на Науки и Култури“ во Јахја Кемал

Во организација на Приватното средно и основно училиште „Јахја Кемал“, Струга, во четврток (14-ти април), со почеток во 9:30 часот ќе биде отворен „Саем на Науки и Култури“. На саемот ќе бидат претставени научни и културни проекти изработени од учениците.  На оваа презентација ќе бидат изложени интересни научни експерименти и културолошки проекти од области на наставните предмети матеметика, физика, хемија, биологија, информатика, англиски јазик, македонски јазик, албански јазик, турски јазик, историја и географија. WebOhrid

повеќе...

Третото издание на Codefest ветува возбудлив настан овој април

Овој април Codefest ќе го реализира своето трето издание, годинава под мотото „Истрага на местото на кодирањето“. Настанот ќе се одржи на 18-19 април на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Codefest се покажува како добро формиран настан кој самиот за себе прераснува во бренд во Македонија, а за тоа говори и растечката тенденција на настанот со двојно зголемување на интересот и бројот на учесници помеѓу првата и втората година. Организатори на настанот се студенти и дипломци на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, кои по своја…

повеќе...

Се намалува бројот на Доктори на науки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица што претставува намалување за 5.9% во споредба со 2013 година. Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 41.8%; потоа на техничко – технолошките науки, 17.5%; следат медицинските науки со 15.5%, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките и биотехничките науки. Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2014 година изнесува 106 кандидати што претставува 51.5% од вкупниот број на лица кои докторирале во…

повеќе...