Учество на делегација на Собранието на Македонија на 22 годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) во состав д-р Ана Павловска Данева, шеф на Делегацијата и г. Џеват Адеми, заменик-член на Делегацијата учествува на 22. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува од 28 јуни до 3 јули 2013 година во Истанбул, Република Турција. На сесијата, чија главна тема за дискусија е: „Хелсинки + 40“ учествуваат повеќе од 250 пратеници од 55 парламенти членки на ПС на ОБСЕ.  На инаугуративната седница на членовите на ПС на ОБСЕ им се…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со шефот на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со амбасадорот Герт Хајнрих Аренс, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори во Република Македонија. На средбата, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија има капацитет да спроведе фер и демократски избори и дека македонските граѓани поседуваат голема политичка свест и зрелост да придонесат во реализација на такви избори. Република Македонија тоа го има и докажано во изминатиот период и не постои ниедна причина да не биде така и на претстојните локални избори, дополни претседателот Иванов. Посочувајќи дека…

повеќе...

Средба на претседателот Иванов со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо ја цени досегашната соработка со Мисијата на ОБСЕ и изрази очекување дека ОДИХР со внимание ќе ги следи локалните избори во март оваа година. Воедно, македонскиот претседател изрази задоволство од неодамнешната средба со Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, на која беа разменети мислења околу случувањата на внатрешно-политички план во Македонија и беше упатена заедничка порака за фокусирање на сите политички фактори…

повеќе...