Претседателот Иванов оствари средба со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ, Р. Турција и претставникот на НАТО во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, шеф на Делегацијата на Европската унија, г-ѓа Мариане Берец, вршител на должноста шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, капетан Румен Радев, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО и амбасадорот на Република Турција, г. Омур Шолендил, како НАТО контакт амбасадор. На средбата македонскиот претседател ги информираше соговорниците за вчерашната седница на Советот за безбедност, при што беа разменети информации и мислења за последните случувања во Куманово и безбедносната…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ги прими г. Џес Бејли, амбасадор на Соединетите Американски Држави, г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, г-a Мариан Берец, Вршител на должноста Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, капетан Румен Радев. На средбата беа разменети мислења и информации околу актуелната политичка состојба во Република Македонија, како и за состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и во НАТО. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо…

повеќе...

Ѓорѓиев: Владата ја споделува загриженоста на ОБСЕ и цени заеднички да се дискутира врз основа на аргументи

Владата од осамостојувањето високо ја цени улогата на ОБСЕ и цени дека ОБСЕ има придонес во развојот на Република Македонија, а за прашањата за кои понекогаш можеби има различни погледи, според портпаролот на Владата на Република Македонија Александар Ѓорѓиев, треба да се дискутира на принципиелни основи и повеќе врз основа на аргументи, а помалку на интуиција, затоа што и Владата и ОБСЕ имаат заеднички цели. „ОБСЕ е партнерска организација на Република Македонија. Ја споделуваме загриженоста и цениме дека треба да се дискутира заеднички на принципиелни основи, врз основа на аргументи…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со претседавачот на ОБСЕ, Ивица Дачиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Ивица Дачиќ, прв потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, кој во улога на претседавач на ОБСЕ престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо ја цени улогата на ОБСЕ и поддршката што ја дава на земјата во повеќе сфери – владеење на правото, изборниот процес и законодавство, поддршка на области како што се полицијата и судството, унапредувањето на меѓуетничките односи и соживот. Претседателот Иванов изрази задоволство…

повеќе...

Средба помеѓу претставници на ОК ВМРО-НП Охрид и ОБСЕ

Претставници на Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија во Охрид, деновиве остварија средба со претставници на ОБСЕ. На средбата беше разговарано за актуелните случувања во градот, активностите на партијата и состојбата во Општина Охрид. „Претставниците на ОБСЕ беа запознаени за се поголемиот притисок врз членовите на ВМРО – Народна партија во Охрид и дејствијата кои Локалната власт ги прави врз нив. Сметаме дека меѓународните организации треба да бидат запознаени за демократските капацитети на власта и како таа се однесува кон опозиционерите и кон сите оние кои имаат различно мислење од…

повеќе...

Претседателот на СДСМ Заев се сретна со амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и членката на И.О на СДСМ и претседателка на Комисијата за правда, Рената Дескоска, денеска имаа средба со амбасадорот на ОБСЕ во Р.Македонија, Ралф Брет и со раководителот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џејмс Де Вит. Актуелната политичка ситуација во Македонија беше главна тема на разговорите. Претседателот Заев, рече дека обврска на СДСМ е, како одговорна опозиција да овозможи реализација на слободната волја на граѓаните на Македонија и дека партијата останува посветена на оваа цел. „Тоа може да се реализира само преку отворање…

повеќе...

Претседателот Иванов се сретна со амбасадорите на САД, ЕУ, ОБСЕ и претставникот на НАТО

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги прими Н.Е. г. Пол Волерс, амбасадор на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г. Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија, Н.Е. Мариан Берц, заменик-шеф на Мисијата на ОБСЕ и претставникот на Канцеларијата за врски на НАТО, потполковник Маријан Ивануша. На средбата беа разменети мислења и информации околу состојбите и очекувањата во врска со членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, добрососедските односи и регионалните прашања, како и за актуелните внатрешно политички случувања во државата. Претседателот Иванов истакна дека Република Македонија високо го…

повеќе...

Заменик претседателката на СДСМ во Виена на конференција на ОБСЕ

Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска и утре учествува на Конференцијата за родова еднаквост во Виена. На покана на организаторите ОБСЕ/ОДИХР и Швајцарското претседателствување со ОБСЕ, Шекеринска ќе ја отвори темата за „Учество на жените во политиката“. Денеска заменик претседателката Шекеринска имаше и средба со Г-дин Јан Кикерт, политичкиот директор на МНР на Австрија, на којашто се разговараше за состојбите во Македонија и предлозите на СДСМ за излез од усложнетата политичка криза во земјава.

повеќе...

Утре ќе се потпише договор за регионално поврзување на НВО од Охрид и Струга и унапредување на соработката со СВР

Утре во хотелот „Дрим“ во Струга, ќе се потпише договор за регионално поврзување на невладините организации од Охрид и Струга и унапредување на соработката со Секторот за внатрешни работи Охрид.  Целта е проширување на соработката со локалната полиција и изразување заедничка заложба за поддршка на СВР Охрид во справувањето со различните безбедносни проблеми што е во интерес на граѓаните во регионот и манифестација на партнерство во зголемување на степенот на безбедност. Оваа активност е во организиција  на МВР-РМ и мисијата на ОБСЕ во РМ.

повеќе...

Премиерот Груевски оствари средба со претставничката на ОБСЕ за медиуми Мијатовиќ

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со претставничката на ОБСЕ за медиуми, Дуња Мијатовиќ. На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања и теми од сферата на медиумите. Премиерот Груевски ја истакна подготвеноста и отворената волја на Владата активно да продолжи да придонесува за подобрување на стандардите во областа на медиумите посочувајќи дека со носењето на решенијата за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е направен значителен чекор напред во тоа поле. Тој истакна дека на тој начин прецизно се…

повеќе...