Обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии

Во согласност со една од приоритетните програмски активности на Министерството за култура за континуирано зајакнување на знаењата и вештините на музејските работници во Македонија, Британскиот совет во соработка со Министерството за култура на Република Македонија организира обука за управување со постојани музејски поставки и збирки и користење на новите технологии, со цел привлекување на публика. Обуката, која утре и задутре (23 и 24 март) ќе се одржува во „Порта Македонија“, е во функција на поддршката на проектите на Министерството за култура, кои се однесуваат на воспоставување постојани поставки и осовременување…

повеќе...

Обука кај познат работодавач можност за 1000 невработени лица

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, одржаа конференција за медиумите на која што информираа за мерката Обука киај познат работодавач. „Целта на денешната прес конференција е да ја информираме јавноста, но пред се невработените лица и приватните компании за новата можност која што е ставена во функција односно за Обука кај познат работодавач, мерката која што ја реализираме како Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување, мерка за која што во текот на утрешниот…

повеќе...

Почна едногодишната обука на кандидатите за идни полициски службеници

Министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска денес, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на почетокот на обуката на четиристотините кандидати за идни полициски службеници коишто во наредните 12 месеци ќе се обучуваат во Центарот за обука. Како што МВР веќе информираше овие кандидати се селектирани по конкурсот за прием на полициски службеници што беше распишан на крајот на октомври минатата година на кој се пријавија вкупно 3.273 кандидати. По ригорозната селекција која се одвиваше во неколку фази…

повеќе...

Доктори од САД пренесуваат вештини и знаења на медицинските тимови за неонатална реанимација

Тим доктори од Соединетите американски држави обучува тимови од Македонија за неонатална реанимација. Обуките се вршат преку теоретски предавања и пренесување практични вештини кои треба да помогнат во справување со одредени проблеми кои се јавуваат кај новороденчињата во првите часови по породувањето. „Ова е многу значајно за нас и за секоја една земја имајќи предвид дека според статистиката која што ја имаме околу 90 проценти од раѓањата поминуваат без проблем, но кај 10 проценти од раѓањата понекогаш е потребна и реанимација која што е многу значајно да биде направена брзо,…

повеќе...

Родовата рамноправност и перспектива – исклучително значајни за Министерството за одбрана и АРМ

Денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за прв пат организираа родова обука за 127 припадници на Командата за обука и доктрини и потчинетите единици, во која беа вклучени и војници на доброволно служење на воениот рок. Фокусот на родовата обука за учесниците беа Меѓународните правни рамки за имплементација на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, 1325 која се однесува на жените, мирот и безбедноста. Воедно учесниците имаа можност да се запознаат и со Националниот акционен план на Република…

повеќе...

Стартува проектот за обука на македонски лекари во реномираната индиска болница Аполо

Владата на Република Македонија и реномираната индиска групација на болници Аполо потпиша меморандум за соработка во областа на медицината. Договорот, кој беше потпишан од македонскиот амбасадор во Индија Тони Атанасовски и финансискиот директор на Аполо болниците Ени Мари Монкури, предвидува македонски доктори да одат на обука во Индија каде што ќе бидат обучувани за најнови методи и техники во одделни медицински области. По потпишувањето на меморандумот финансискиот директор на Аполо болниците, Ени Мари Монкури го истакна задоволството од започнатата соработка. „Аполо болниците се горди што имаат можност да потпишат меморандум…

повеќе...

Догодина 1.000 лекари ќе се обучуваат во најреномирани странски болници

Во текот на наредната година околу 1.000 нови лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе бидат испратени на обука во најреномирани болници во странство. Од нив околу 800 се лекари, а останатите техничари и помал број медицински сестри. „Само за јануари годинава се планира 100 нови лекари и медицински персонал да заминат на обука. Планираме таа динамика да се задржи до крајот на годината за да се реализира програмата. Се трудиме што поголем број од нив да заминат во високо развиените медицински центри. Годинава 29 доктори беа медицинскиот центар…

повеќе...

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ ќе посетуваат стручна обука во Измир

Ученици од ОЕМУЦ“Св.Наум Охридски“ во месец април ќе посетуваат двонеделна стручна настава во партнер училиштата во Измир, Република Туриција. ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ е вклучен во проектот „The future of Mechatronics“, финансиран од страна на програмата Еразмус+ на Европската Унија. Овој проект овозможува стручна обука на ученици во Измир, Р.Турција. Учениците ќе бидат придружувани, менторирани и надгледувани од страна на представници од партнер училиштата. За време на нивниот престој во Измир, тие ќе извршуваат практична настава кај партнер училиштето во Турција кое има сериозно искуство на полето на мехатрониката. Престојот…

повеќе...

Ќе се организира обука за основи на лозарство и енологија во Охрид

Во рамките на Проектот „Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија“ кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO) го имплементира заедно Охридскиот и Тиквешкиот Регион како и Министерството за Економија на РМ, Општина Охрид како партнер во Проектот Ве поканува да се пријавите за: Обука за основи на лозарство и енологија (Обука за сомелиери) во Охрид Цел на обуката е едукација на лицата кои се одговорни за производство на вино, селекција на виното во угостителските објекти, комбинација на виното со храна и протоколот…

повеќе...

Обука за подготовка и аплицирање на европски проекти и запознавање со новите европски програми 2014-2020

Стопанската комора на Македонија организира еднодневна обука за подготовка и аплицирање на Европски проекти. Обуката ќе се одржи на 05.12.2014 год. (петок) во мала сала на општина Охрид. Повеќе информации можат да се добијат на следниот линк: http://www.mchamber.org.mk/(S(a4du5j450hnn333rtpdnhmvk))/default.aspx?mId=56&evId=1583&lId=1

повеќе...