Во Тирана вчера и денес се одржува работна средба како дел од проектот на Германското друштво за соработка за Заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот басен: Охридското, Преспанското и Скадарското. Претставници на Хидробиолошкиот завод и на Министерствата за животна средина од Македонија Албанија и Црна гора ги презентираа последните наоди од заедничките анализи на флората и фауната во Езерото и донесената новата легислатива која се ускладува со Рамковната директива за води на Европската Унија. Од страна на Билатералниот секретаријат за Охридското езеро се истакнаа предизвиците кои претстојат за одржување…
повеќе...Tag: охридско езеро
Пановски во ОН во Женева го промовираше Охрид и Охридското езеро
Дејан Пановски денеска го промовираше Охрид и Охридското Езеро во Обединетите нации во Женева преку презентација со неколку охридски сувенири и преку споделување на брошура за рибниот фонд во Охридско Езеро. „Искористен е добар момент за промоција на Охрид, но и за подигање на меѓународниот интерес за Охридското Езеро и тоа пред широк аудиториум составен од претставници од сите страни на светот.“ – вели македонскиот претставник од Билатерален секретаријат за сливот на Охридско Езеро, Дејан Пановски. Инаку Пановски во ООН во Женева учествува на работен состанок на избраните водни прекугранични басени каде…
повеќе...Од ОУ „Христо Узунов“ започна проектот „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“
Здружението за заштита и унапредување на животна средина и алтернативен туризам ЈАДРАНСКИ СЛИВ Охрид, од денес, во Основното училиште „Христо Узунов“ Охрид започна со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“. Целта на проектот е едукација на ученици од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилно развивање и потикнување на спортско–рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина.…
повеќе...Концесии за стопански и рекреативен риболов
Владата под концесија ќе ги даде рибите од водите на Преспанското, Тиквешкото и дел од Охридското Езеро како и водите на шест акумулации и повеќе сливови на реки. Постапката е почната. Повикот е објавен пред десетина дена и се однесува на три концесии за стопански риболов и 25 за рекреативен риболов. Концесиите се даваат на рок од шест години, а ќе бидат за првпат распределени по електронски пат. Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на прес-конференција со минситерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски рече дека ова придонесува кон економски развој…
повеќе...Предавања во сите училишта во Охрид и Струга за едукативниот проект „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“
Здружението за заштита и унапредување на животна средина и алтернативен туризам ЈАДРАНСКИ СЛИВ Охрид, ќе започне со реализација на проектот со едукативна содржина наречен „Амбасадори на живиот свет на Охридско Езеро“, чија цел е едукација на ученици од основно и средно образование за видовите на риби од Охридско Езеро и неговиот слив, целокупната флора и фауна на езерото, правилно развивање и потикнување на спортско – рекреативниот дух во спортско рекреативниот риболов и огромното значење на правилниот пристап кон заштитата и унапредување на животната средина. Проектот ќе се одвива преку предавања…
повеќе...Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридското Езеро
Јапонската Агенција одобри неповратни финансиски средства и експертиза за изработка на Физибилити студија за рехабилитација на колекторскиот систем околу Охридско Езеро на македонска страна. Како што вели македонскиот претставник, Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за сливот на Охридско Езеро, работата на Студијата започнува во април/мај оваа година. „Тоа е позитивна вест и огромен чекор за напредок кој произлезе од нашата заедничка работа и од испратената апликација од македонската страна. Јапонската Агенција е подготвена сразмено на своите процедури да оддели средства и за самиот процес на рехабилитација и да учествува во подготовка на…
повеќе...Проекти за заштита на Охридското Езеро од отпадните води
Центарот за развој на Југозападниот плански регион го презентира договорот за финансирање на четири регионални проекти со вкупна вредност од околу 50 илјади евра што го потпиша со Германското техничко друштво за меѓународна соработка. Проектите се однесуваат на третман и одведување отпадните води во речиси целиот југозападен регион, а првите два, како што нагласи директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион Мирјана Лозаноска, ќе го заштитат Охридското Езеро од отпадните води во Трпејца и на потегот од Радожда до Калишта, што всушност ќе значи заокружување на колекторскиот систем…
повеќе...Започна вештачкиот мрест на охридска пастрмка кај Радожда
Владата на РМ оваа година ги зголеми финансиските средства за вештачкиот мрест. Минатата година дадени се 6 и пол милиони денари, додека пак оваа година Владата издвои 13 милиони денари. Денес во Радожда започна овогодишниот вештачки мрест на охридска пастрмка. „Денеска од мрестот се некои 15 до 20 илјади единки икра охридска пастрмка. Мрестилиштето во Шум е подготвено да ја прими икрата од охридската пастрмка, од овогодишниот мрест. Ние сме подготвени да примиме над 2 милиона икри. Се надеваме дека имајќи ги во предвид уловите, заштитата, вложувањата и интересирањата на…
повеќе...Силниот ветер наталожи огромни количини отпад по кејот
Заради неповолните временски услови кои го зафатија охридскиот регион во изминативе денови, проследени со силен ветар и големи бранови, на кејот се наталожени големи количини отпад (трска, муљ, пластика и друг вид отпад). Од тие причини екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ вонредно се ангажирани во секојдневното расчистување на кејот и подигнати се 15м³ отпад.
повеќе...Активностите на Билатералниот секретаријат за заштита на сливот на Охридско Езеро – позитивен пример претставен во најновиот Водич за имплементација на Светската конвенција за прекугранични води
Активностите на Билатералниот секретаријат околу заштита на сливот на Охридско Езеро влегоа како позитивен пример во последното издание на официјалниот Прирачник на Обединетите нации за значајни прекугранични проекти како водич за имплементација на Светската Конвенција за прекугранични води. Во луксузното издание на Прирачникот на ООН на страна 37 покрај текстот за заштитата на Езерото и за воспоставените прекугранични институционални активности и цели, се наоѓа и фотографија на Охрид што е извонредна бесплатна реклама низ светот за градот и неговото природно и културно наследство . Покрај ова Билатералниот Секретаријат, пред тоа…
повеќе...