Изминатиов викенд на кејот на Охридското езеро, во организација на Здружението на риболовци Спортски Клуб „Свети Стефан“ од Охрид и концесионерот на Охридското Езеро, „Пастрмка 2012“, се одржа Првиот Отворен Куп на Македонија во спортски риболов со пливка. На натпреварувањето учествуваа 60 спортски риболовци од 16 клубови од целата земја. Екипно најдобри беа охриѓани од ЗРСК „Свети Стефан“, пред „Барбус Фиш“од Битола и „Кркушка“ од Велес. Во поединечна конкуренција, најуспешен беше Блаже Николоски од екипата на „Мамец“ од Прилеп, а на втората и третата позиција се пласираа, Зоран Митевски од…
повеќе...Tag: охридско езеро
Во Струга се одржа второто државно првенство во едрење
Денеска во Струга, на водите на Охридското езеро во организација на ЕК Снегар – Струга и ЕФМ, се одржа второто државно првенство во класата Ласер радиал и критериумска регата во класата Оптимист. На регатата зедоа учество 20 едриличари на возраст од 12 до 19 години и тоа од клубовите ЕК Снегар – Струга, ЕК Пират – Охрид и ЕК Бофор – Охрид. Државен првак во класа Ласер радиал стана Ердал Лушо од Струга, Димитар Поп Стефанија од ЕК Пират го освои второто место додека третото место му припадна на Агим…
повеќе...Ј.П. „Нискоградба“ го санира и уредува Кејот Маршал Тито
Ј.П. „Нискоградба“ започна со санирање и уредување на Кејот Маршал Тито со поставување на бетонска подлога и бекатон коцки. Кејот беше оштетен од невремето кое го зафати нашиот град.
повеќе...Утре во Тирана започнува имплементацијата на Дримскиот Проект поддржан од Глобалниот Еколошки фонд
Утре во Тирана Албанија отпочнува имплементацијата на Дримскиот Проект поддржан од Глобалниот Еколошки фонд со 4,5 милиони долари за три од петте држави кои го делат Басенот меѓу кои Република Македонија. После долгиот процес, активности и лобирање, проектот го доживува својот официјален почеток . Главната цел ќе биде да се воспостави заеднички менаџмент на споделените ресурси во прекуграничниот Дримски Басен. „Стигнавме до моментот на отпочнување на овој проект со поддршка на ГЕФ. Во блиска иднина ќе дознаеме всушност колку е важен овој момент за заштитата на целиот басен и за…
повеќе...Со панорамски телескопи на Самуиловата тврдина: Охрид на дланка!
Сега веќе можете од поблиску да ги доживеете стиховите на Миладинов и дарбите кои „природна сила со с’та раскош ги растурила…“ тука во Охрид и околината каде „поле погледнеш или планина – сегде божева је хубавина!“ Токму такво несекојдневно доживување ќе имате ако се искачите до Самуиловата тврдина и погледнете низ ново поставените телескопи кои ќе ви доловат прекрасна глетка на Охрид, Езерото и на околината… За сите вљубеници во убавото вакво доживување овозможи Владата на Република Македонија која неодамна донира два панорамски телескопи кои Заводот и музеј Охрид ги…
повеќе...Претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка на работна средба во Охрид
Денес во Охрид се одржа работна средба на претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка и претставникот на Билатералниот секретаријат за Охридско Езеро при МЖСПП, Дејан Пановски, на која беше истакнато дека јапонските експерти го изготвија финалниот извештај за состојбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро и се во ситуација да предложат техники за рехабилитација на истиот. За таа цел договорен и утврден и работен состанок со претставниците на Општините Охрид и Струга, претставниците на надлежните јавни претпријатија и преставници на Министерството за животна средина на кој ќе…
повеќе...Контролно мерење на кајак на мирни води
Кајакарската федерација на Република Македонија одржа контролно мерење на кајакарите во дисциплината кајак на мирни води. Контролното мерење се изврши во водите на Охридско Езеро на стаза пред хотел Дрим во Струга во сите категории на 200, 500 и 1000 метри. На мерењето зедоа учество сите кајакарски клубови од Република Македонија. Кајакарите на кајакарскиот клуб „ЕХО“ од Охрид постигнаа забележителни резултати остварувајќи најдобро време во јуниорска и пионерска конкуренција.
повеќе...Се расчистува отпадот кој плива по каналот „Билјанини Извори“
Деновиве екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ интензивно го расчистуваат каналот „Билјанини Извори“ од натрупаниот отпад. Заради специфичноста на теренот отпадот од езерските води се расчистува рачно со помош на чамци при што се ангажирани 4 вработени. Во должина на целиот канал пливаат големи количини трска, пластика, хартија и друг вид отпад, при што се очекува да се подигнат 10 м³ отпад.
повеќе...Каде отплови платформата, има ли вести од дното на Езерото?!
Поминаа 40 дена откако големата истражувачка платформа на чело со германско-американскиот тим навлезе длабоко во Охридското Езеро… Што ли се случува таму некаде на средината на нашето заштитено Охридско Езеро, можеме само да претпоставуваме гледајќи ја оддалеку силуетата на натоварената платформа која имаше за првична цел да го истражи длабински езерото и да ни ја потврди неговата старост и промените кои настанувале под разни внатрешни и надворешни природни влијанија. До каде се истражувањата и што токму сега се случува на дното од езерото е прашање кое го поставуваме до надлежните…
повеќе...Пановски: Се присетуваме на животната средина само на денови на планетата и на екологијата
Денес целиот свет го одбележува Денот на планетата Земја, а целта е да се зајакне свеста и почитувањето на луѓето за животната средина и природата како и да се најде прифатливо решение за здрава и чиста животна средина. По тој повод, претставникот на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски вели дека секојдневно треба да се грижиме за планетата Земја, за здрава и чиста околина, а не само во денови кога тие се одбележуваат. „Се присетуваме на животната средина само на денови на планетата, на екологијата. Сите други…
повеќе...